fbpx

Навистина ми е мило што моето лого беше одбрано како официјално лого на ЖФК Борец – Бојан

Денес разговараме со Бојан Пеевски, студент на Академијата за графички дизајн чие лого беше избрано како најдобро и веќе е и официјално лого на ЖФК Борец Велес. Зошто Бојан се одлучил за графички дизајн, како се одвиваат часовите со менторот Маја и како изгледал целиот процес на креирање на логото прочитај во прилог.   Привлечност […]
Логото на нашиот студент Бојан избрано и за официјално лого на ЖФК Борец Велес
12.01.2023

Денес разговараме со Бојан Пеевски, студент на Академијата за графички дизајн чие лого беше избрано како најдобро и веќе е и официјално лого на ЖФК Борец Велес. Зошто Бојан се одлучил за графички дизајн, како се одвиваат часовите со менторот Маја и како изгледал целиот процес на креирање на логото прочитај во прилог.

 

Привлечност кон естетика

Creative Hub: Бојан, зошто баш графички дизајн? Што Ви се допаѓа највеќе кај оваа професија?

Бојан: Отсекогаш ме привлекувала естетиката, а особено кај слики и фотографии, па така се одлучив за графички дизајн како средство да ги инкорпорирам естетскиот израз и креативноста на начин кој ми овозможува слобода во мојот креативен стил.  Исто така, како љубител на сликарство, без талент за сликање, графичкиот дизајн за мене е начин да сликам со маус, наместо со четка. 

Како професија, ме привлекува и големата флексибилност која ја нуди, како и постојаниот професионален раст и развој кои се неминовни за еден графички дизајнер.

 

Creative Hub беше мојот прв избор

Creative Hub: Пред да го одберете Creative Hub дали направивте истражување и на понуди од други академии? Што беше пресудно да ја одберете Академијата за графички дизајн на Creative Hub?

Бојан: Да бидам искрен, Creative Hub беше мојот прв избор и не ми требаше долго за да одлучам да се запишам на Aкадемијата. Воедно, мојот другар Благоја Ристески, кој е дипломиран студент од смерот на Creative Hub за UI/UX дизајн, ме упати во начинот на работа на Aкадемијата, па така и неговата препорака дополнително ме охрабри да се запишам овде.

 

Наученото го гледам како целина

Creative Hub: До сега ги имате поминато модулите Adobe Illustrator и Adobe InDesign, дали би можеле да издвоите 5 важни работи кои ги научивте на овие два модули? Со кои вештини се стекнавте?

Бојан: Не можам да издвојам пет најважни работи, бидејќи наученото го гледам како целина. Секоја алка од синџирот е еднакво важна и служи за понатамошна надградба на материјалот. Во секој случај стекнав многу корисни вештини од двете програми во однос на начинот на нивното функционирање, употреба и применливост.

 

Маја ги поврзува темите кои ги работиме со практични примери

Creative Hub: Ќе можете ли накратко да ни опишете како изгледаат вашите часови со Маја и каков ментор е таа?

Бојан: Маја е одличен ментор и педагог. Јас имам прекрасно искуство со неа. Трпелива е, темелна во своите објаснувања и секогаш е достапна за совет и консултација. Она што мене особено ми се допаѓа е тоа што таа ги поврзува темите кои ги работиме со практични примери и успева да објасни посложени концепти преку пластични ситуации, лесно разбирливи за студентите.

 

Моето лого ќе ги претставува клубот и нашата земја

Creative Hub: Иако сте речиси на почеток на Академијата веќе изработивте реален проект кој беше избран од страна на клиентот како најдобар. Логото кое Вие го креаиравте за ЖФК Борец Велес е веќе и нивно официјално лого, честитки! Какво е чувството вашето лого да биде избрано како официјално лого на македонски фудбалски клуб?

Бојан: Мене ми е навистина мило што моето лого беше одбрано како официјално лого на ЖФК Борец, пред се бидејќи сум љубител на фудбал, а исто така бидејќи тоа лого ќе ги претставува клубот и нашата земја при учества на меѓународни турнири. Како графички дизајнер во изградба, за мене ова е уште една потврда дека сум на вистинскиот пат.

 

Најголем предизвик ми беше да најдам соодветен кириличен фонт

Creative Hub: Како изгледаше целиот процес на изработка на логото за ЖФК Борец Велес? Дали наидовте на некакви предизвици и кои вештини стекнати на Академијата ги применивте?

Бојан: Првата фаза секако беше истражување на логоата во светот на женскиот фудбал, по што инспирацијата спонтано дојде и започна креативниот процес. Изработив неколку различни верзии на логото за кои Маја ми посочи што да задржам, што да исфрлам и што да променам, а како најголем предизвик би ја издвоил потрагата по соодветен кириличен фонт што ќе одговара за фудбалски клуб.

 

Препорака

Creative Hub: Земајќи го предвид досегашното искуство на Академијата за графички дизајн дали би ја препорачале Академијата на некој друг?

Бојан: Дефинитивно би ја препорачал.

 

 

Уписите за новата група за графички дизајн која започнува во февруари се во тек! Доколку одлучи да се запишеш или пак имаш потреба од дополнителни информации секогаш можеш да нѐ контактираш на 071 214 849 или да закажеш состанок со нашиот координатор.

 

Закажи состанок со координаторот овде!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This