fbpx

Која е разликата помеѓу manual testing и automation testing?

Во овој блог пост ќе објасниме која е разликата помеѓу manual testing и automation testing, кои алатки се користат и како се тестира автоматски, а како мануелно. Ако те интересира, продолжи да читаш. Потсетување:  Преостануваат уште само 4 слободни места во групата која ќе започне во октомври.  Аплицирај овде. Manual testing Што е manual testing? […]
manual testing vs automation testing
09.11.2023

Во овој блог пост ќе објасниме која е разликата помеѓу manual testing и automation testing, кои алатки се користат и како се тестира автоматски, а како мануелно.

Ако те интересира, продолжи да читаш.

Потсетување:  Преостануваат уште само 4 слободни места во групата која ќе започне во октомври. 

Аплицирај овде.

Manual testing

Што е manual testing?

Manual testing e тип на софтверско тестирање во кое тест сценаријата се егзекутираат мануелно од страна на тестер без користење на било какви автоматизирани алатки. Целта на manual testing е да идентификува багови, проблеми и дефекти во софтверска апликација.

Овој тип на тестирање се смета за најпримитивна техника од сите типови на тестирање. Иако голем дел од работите се автоматизираат сепак се користи и мануелното тестирање бидејќи има одредени делови во системите до коишто не може да се пристапи со автоматски тестови односно не може да се истестираат автоматски.

Најкористени алатки за manual testing

Една од најкористените алатки за manual testing e Postman. Postman е алатка со која се тестираат back-end сервиси.

Тестерот има одредена документација за сервисот и како тој треба да се однесува. Има повеќе типови на методи но најкористени се GET, POST, PUT и DELETE.

  • Со GET методата се зема датата што е во дата базата
  • Со POST методата тестерот му кажува на системот што да постира
  • Со PUT методата се ажурира примерок од ресурс со замена на постоечкиот ресурс со ресурсот обезбеден во телото на барањето
Како се тестира мануелно?

Back-end мануелното тестирање се прави со помош на алатката Postman. Во front-end што е user experience тип на тестирање треба да се види што системот прикажува. Во front-end се тестира функционалност и изглед на страна такашто би имале два типа на сценарио односно сценарио за функционалност и сценарио за изглед на страна или естетика.

Automation testing

Што е automation testing?

Automation testing e тип на софтверско тестирање во кое се користат софтверски алатки и скрипти за да се автоматизира егзекуцијата на тестови. Се креираат скрипти и тест сценарија со помош на дадени програмски јазици. Тестерите користат различни библиотеки за тестирање, а девелоперите користат различни библиотеки за девелопирање, но кодот е ист.

Целта е да се зголеми ефективноста и ефикасноста на тестирањето со намалување на човечките грешки, времето и да се подобри на покривноста на тестот.

Алтки за automation testing
  • Било кој програмски јазик (Java, C#, JavaCript, Python etc)
  • Rest assured – е библиотека готова во Java што ви овозможува да правите rest повици
  • Selenium – е алатка за тестирање на front-end и со неа може да се тестира со Java, C# и други, но најчесто се користи со Java
  • Testing – е готова библиотека која овозможува споредување на две полиња
  • Unit – е исто така готова библиотека која овозможува споредување на две полиња
Како се тестира автоматски?

Со front-end автоматски тест се тестира дали одредени елементи на страната и функционалноста се во ред додека со back-end автоматскиот тест се тестира серверот и базата на податоци на апликацијата или софтверот.

 

Потребни ти се повеќе информации за Академијата за софтвер тестинг?

Закажи разговор со нашиот ментор Стефан и дознај сѐ што те интересира.

Ментор на Академијата за софтвер тестинг

 

 

Ако сакаш да се приклучиш на групата која започнува во октомври аплицирај овде или јави се на 071 214 849.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This