fbpx

Успеав да креирам целосна маркетинг стратегија за постоечки бизнис и да спремам презентација за имплементирање на истата

Работејќи на својот омилен проект креирање на целосна маркетинг стратегија за постоечки бизнис и спремање презентација за имплементирање на истата Дејан се стекнал со искуство во истражување и креирање на кампања со долгорочна стратегија како за реален клиент. За Академијата ќе каже дека има програма која е прилагодена на потребите на студентите и овозможува стекнување […]
Успеав да креирам целосна маркетинг стратегија за постоечки бизнис и да спремам презентација за имплементирање на истата - Дејан Џерков
10.19.2023

Работејќи на својот омилен проект креирање на целосна маркетинг стратегија за постоечки бизнис и спремање презентација за имплементирање на истата Дејан се стекнал со искуство во истражување и креирање на кампања со долгорочна стратегија како за реален клиент. За Академијата ќе каже дека има програма која е прилагодена на потребите на студентите и овозможува стекнување на вештини преку работа на реални проекти. Како модул кој е најпредизвикувачки, но и доста корисен би го издвоил SEO.

Структура на програмата: 8 месеци предавања + Стажирање + Гарантирана работа

Денес ти го пренесуваме искуството на нашиот career changer Дејан Џерков од Академијата за дигитален маркетинг. Доколку сакаш да знаеш какво е неговото искуство продолжи да читаш! 😊

Дигиталниот маркетинг е област што се развива постојано

Creative Hub: Дејан во моментов работите како асистент менаџер на продавница, зошто баш дигитален маркетинг? Што Ви се допаѓа највеќе кај оваа професија?

Дејан:  По неколку години работа во продажба размислував како можам да го надоградам моето знаење и како можам да стекнам професионален раст, а бидејќи дигиталниот маркетинг е област што се развива постојано, значи дека секогаш има нови нешта да се научат и истражат. Дигиталниот маркетинг дава можност за креативно изразување. Ова вклучува креирање на содржина, дизајн на реклами, разработка на стратегии и употреба на различни онлајн канали за рекламирање.

 

Се стекнав со практично искуство со ПР, Google Ads и SEO

Creative Hub: Бидејќи сте веќе на крај со Академијата би сакале да Ве прашаме кои практични вештини ги стекнавте во текот на изминатите месеци како дел од Академијата за дигитален маркетинг?

Дејан: Во текот на Академијата за дигитален маркетинг, развивав значајни практични вештини поврзани со областа. Креирање и имплементација на рекламни кампањи на социјални медиуми, анализа и подобрување на резултатите на кампањите и како да применам стратегии и корекции за подобрување на ефикасноста на маркетинг кампањите. Се научив како да креирам висококвалитетна онлајн содржина. Се стекнав со практично искуство со ПР, Google Ads и SEO. Работев на реални проекти и стекнав искуство за како да се постигне најдобриот резултат за истите.

 

Програма дизајнирана да одговара на потребите на студентите

Creative Hub: Како би ја опишале програмата на Академијата за дигитален маркетинг во Creative Hub? Што е она што ја издвојува од останатите академии?

Дејан:  Програмата е дизајнирана да одговара на потребите на студентите, вклучувајќи флексибилно време на обука и опции за онлајн учење. Програмата ги покрива најновите техники и тенденции во дигиталниот маркетинг. Истата е дизајнирана за да ги развие практичните вештини не само преку теоретски концепти, туку искуство во реални ситуации преку работа на реални проекти.

 

ЅЕО – предизвикувачки и интересен модул

Creative Hub: Дали би можеле да издвоите омилен модул и модул кој Ви беше најпредизвикувачки?

Дејан: Како омилен модул можам да го издвојам social media marketing и content marketing, исто така доста интересен беше и ЅЕО иако беше доста предизвикувачки се стекнав со доста важно знаење кое е потребно за областа.

 

Маркетинг стратегија за постоечки бизнис

Creative Hub: Mожете ли да издвоите омилен проект на кој сте работеле на Академијата и што научивте од него?

Дејан: Омилен проект ми беше проектот за маркетинг менаџмент каде успеав да креирам целосна маркетинг стратегија за постоечки бизнис и да спремам презентација за имплементирање на истата. Преку овој проект добив искуство во истражување и креирање на кампања со долгорочна стратегија како за реален клиент.

 

Многу сум задоволен од знаењето со кое се стекнав

Creative Hub: Дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub на некој што сака да направи кариерна преквалификација?

Дејан: Со задоволство би ја препорачал Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub, моето искуство со Академијата до сега е одлично и сум многу задоволен од знаењето со кое се стекнав во изминатите месеци.

 

👩‍🎓 Новата група на Академијата за дигитален маркетинг почнува за 3 дена, па доколку сакаш да се приклучиш контактирај не на 071 214 849 и обезбеди си место! 👨‍🎓

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This