fbpx

Поврзување на студентите со маркетинг агенции: Првиот “Копирајтинг Натпревар за вработување” со McCann Skopje

Во инспиративна соработка која ги надмина разликите помеѓу Академијата и професионалниот свет, ние Creative Hub заедно со McCann Skopje, водечка маркетинг агенција во регионот, неодамна го предводевме првиот “Копирајтинг Натпревар за вработување”.   Овој Натпревар за вработување претставуваше значаен момент, не само за Creative Hub, туку и за студентите од Академијата за Дигитален Маркетинг кои […]
akademija za digitalen marketing natprevar za vrabotuvanje
04.07.2024

Во инспиративна соработка која ги надмина разликите помеѓу Академијата и професионалниот свет, ние Creative Hub заедно со McCann Skopje, водечка маркетинг агенција во регионот, неодамна го предводевме првиот “Копирајтинг Натпревар за вработување”.

 

Овој Натпревар за вработување претставуваше значаен момент, не само за Creative Hub, туку и за студентите од Академијата за Дигитален Маркетинг кои го прифатија овој предизвик и се потрудија на истиот да одговорат со ентузијазам и креативност.

 

Натпреварот не беше само предизвик, тој беше вистинска можност студентите да добијат шанса да го покажат на дело она што го научиле на Академијата.

 

Ние, Creative Hub ја користиме оваа можност да ја изразиме нашата најискрена благодарност до Бојан Додевски, Креативниот Директор на McCann Skopje, кој љубезно ја прифати нашата покана и посвети дел од своето време за да го реализира овој натпревар со нашите студенти. Неговото вклучување во овој заеднички проект само ја потврди посветеноста на агенцијата за негување на следната генерација на маркетинг професионалци.

 

Учесниците од Бојан добија задача со јасен бриф, чие решение мораа да го достават во рок од 5 дена. Влогот беше голем бидејќи победникот на натпреварот ќе напредува во следната фаза на процесот, а тоа е интервјуто, што е чекор поблиску до освојување на оваа кариерна можност во McCann Skopje.

 

„Со натреварите за вработување им овозможуваме на студентите да ги покажат вештините и да си обезбедат место директно во втора фаза во процесот на интервју за работа.“ – изјави Аријана Коскарова, ко-основач на Creative Hub, Forbes Under 30

 

Завршувањето на Академијата за Дигитален Маркетинг е големо достигнување, но шансата да се започне кариера во McCann Skopje е исполнување на нечиј сон. Ова им нуди на студентите уникатна можност да работат и учат од колеги кои се во преден план на маркетинг индустријата, локално и глобално.

 

“Копирајтинг натпреварот за вработување” со McCann Skopje постави пример за тоа како академијата и маркетинг индустријата можат да соработуваат за да создадат нови можности за таленти кои надоаѓаат.

 

Ова е четврти натпреавар за вработување по организирање на оној со Идеа Лаб; Максистем и Fledgeworks.

 


📢 Creative Hub лансираше нова Американски верификувана програма на Академијата за Дигитален Маркетинг
🚨 Погледни ја програмата и аплицирај за упис во мајскиот рок на линкот во прилог ⬇️

 

Кликни тука

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This