Добрите ментори се клучот за креирање на добри кадри, а менторите на Creative Hub на Академијата за човечки ресурси се оценети со највисока оцена од страна на студентите. Тоа ни го потврдува и нашиот студент Марија во ова интервју.
Новата група на Академијата за човечки ресурси започнува во февруари.
Super Early Bird цената важи до 30 ноември!
Повеќе за тоа зошто Марија се одлучила токму за човечки ресурси и Академијата на Creative Hub, за нејзиниот омилен и најпредизвикувачки модул, нејзиното мислење за менторите и нејзиниот совет до сите вас идни студенти прочитај во прилог.
Човечките ресурси играат важна улога во стратешкото планирање на современите и модерни организации
Creative Hub: Марија, во моментов работите како Customer Relations Specialist, а имате завршено факултет за професор по италијански јазик. Од каде желбата за изучување на човечки ресурси?
Марија: Мојата љубов за изучување на италијанскиот јазик и книжевност беше главна мотивација која успеав да ја пренесам и на моите ученици. Покрај моето искуство и вештини како професор по италијански јазик во приватно училиште, имам искуство како Customer Relations Specialist и ја познавам потребата од обезбедување исклучителна услуга за клиентите како и градење на цврста комуникација со нив. Сметам дека комуникацијата е најдобар и најефективен начин за успехот на една организација а оттаму дојдов до идеја да истражувам повеќе во областа на човечки ресурси бидејќи оваа индустрија игра важна улога во стратешкото планирање на современите и модерни организации.
Позитивните искуства на студентите пресудија да го одберам Creative Hub
Creative Hub: Пред да се одлучите за Академијата за човечки ресурси на Creative Hub дали направивте истражување за програмите на останатите академии? Што беше пресудно да го одберете токму Creative Hub?
Марија: Навистина истражував повеќе околу начинот на предавања и искуството на менторите и можам да кажам дека бев доста одлучна кога станува збор за Creative Hub. Дополнително беше пресудно и искуството од студенти кои веќе ја имаа завршено Академијата и споделија со мене позитивни мислења.
HR одделот е од суштинско значење за една компанија
Creative Hub: Од тоа што го научивте до сега кои 5 работи би ги издвоиле како најважни?
Марија: Според мене HR одделот е од суштинско значење за една компанија бидејќи управува со најважната работа а тоа се – луѓето. Обезбедува вистинските луѓе да се наоѓаат на вистинските работни позиции, помага во развојот и мотивацијата на самите вработени, оддржува позитивна работна средина која сметам дека е многу клучна во ова време на огромна конкуренција и најважното е дека човечките ресурси придонесуваат за севкупниот стратешки успех на една организација.
People Analytics како најпредизвикувачки модул
Creative Hub: Кој модул Ви беше омилен, а кој најпредизвикувачки?
Марија: Како омилен модул ќе го издвојам Performance management додека најпредизвикувачки модулот People Analytics каде воочив дека може и во човечки ресурси да се сретнеме со навистина многу “бројки и анализи’’ 🙂
Менторите на Академијата за човечки ресурси имаат навистина богато искуство
Creative Hub: Кој ментор Ви остави најголем впечаток и зошто?
Марија: Морам да споделам дека менторите на Академијата за човечки ресурси имаат навистина богато искуство и за време на предавањата навистина се отвараа различни дискусии каде директно ни пренесуваа знаење и вештини кои и тие ги применуваат во секојдневната работа. Како омилени ментори ќе ги издвојам Аријана која не воведе темелно во областа на човечки ресурси, како и имплементирањето на процесот Performance management. Секако и Биљана Санев по модулот Employee training and development каде преку отворени дискусии доаѓавме до различни решенија и одлични размислувања.
Мораме да бидеме во тек со најновите трендови и стратегии на HR
Creative Hub: Каков совет би им дале на идните студенти?
Марија: Мојот совет до идните студенти би бил дека покрај рапидниот равој на Chat GPT а воедно и на целата технологија која напредува брзо, мораме да бидеме во тек со најновите трендови и стратегии на HR и да се трудиме да ги заддржиме нашите вработени, бидејќи сега повеќе од било кога станува поочигледна потребата од ‘’human touch and interaction’’која е незаменлива.
Човечки ресурси е професија во подем
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за човечки ресурси на некој друг?
Марија: Секако дека би ја препорачала Академијата на сите млади кои сакаат да се стекнат со дополнително знаење, вештини и искуство. Супер предизвик е, во време кога оваа професија е во подем.