fbpx

Методи кои ги користам за да ги надминам предизвиците…” –Интервју со Оливера Страторска

 Во рамките на овој настан, денес разговараме со Оливера Страторска, QA Engineer во SiaSoft. Чест и задоволство ни е што токму таа ќе биде еден од тројцата панелисти на престојната панел дискусија која ќе се одржи на (14.05.2024 ) во Netaville во 19:00h, каде темата за која таа и останатите панелисти ќе зборуваат е „Како до […]
05.11.2024

 Во рамките на овој настан, денес разговараме со Оливера Страторска, QA Engineer во SiaSoft. Чест и задоволство ни е што токму таа ќе биде еден од тројцата панелисти на престојната панел дискусија која ќе се одржи на (14.05.2024 ) во Netaville во 19:00h, каде темата за која таа и останатите панелисти ќе зборуваат е Како до успешна кариера во софтвер тестинг?.

 

 

CH:  Кажете ни малку повеќе за вас? Која е Оливера?

Оливера: Оливера е софтверски тестер која се истакнува во својата професија со голема страст кон деталите и квалитетот. Се одликувам со организираност, аналитичност и постојана желба за усовршување, како во својата професија, така и во приватниот живот. Верувам дека секојдневното учење и прилагодување на новите трендови во технологијата се клучни за успехот во денешното брзо менувачко општество.

 

CH: Што ве поттикна да одберете кариера во областа на софтверското тестирање?

Оливера: Сакав да придонесам кон развојот на квалитетни продукти. Тестирањето ми овозможува да ги истражувам и разбирам комплексните системи и да допринесам кон нивното усовршување. Тоа е како да се биде детектив во светот на технологијата, секогаш во потрага по клучни показатели што ќе го подобрат искуството на корисникот.

 

CH: Кои се вашите најголеми предизвици и најголеми успеси како софтверски тестер?

Оливера: – Најголеми предизвици:

  • Борбата со рокови знае да биде доста исцрпувачка, истовремено трудејќи се да обезбедиме најдобар можен софтвер.
  • Наоѓање на повремени (интермитентни) багови кои се тешко репродуцибилни може да биде особено фрустрирачки и време-потрошно.
  • Секогаш е предизвик да се остане во чекор со брзиот развој на технологиите.

– Најголеми успеси:

  • Не би знаела како да измерам успех за работите кои ги правам, па затоа не би можела да издвојам нешто како најголем успех, бидејќи се што ќе биде навремено откриено и подобрено го сметам за голем успех само по себе.

 

CH: Кои се вашите омилени алатки или техники за тестирање на софтвер?

Оливера: Кога почнувам со тестирање на нов систем, моја прва и омилена техника е Exploratory Testing, која се базира на спонтаноста и истражувањето, наместо да се следат строго дефинирани тест планови. Оваа техника е особено корисна кога се среќавате со нов софтвер или со комплексни функционалности каде што не е целосно јасно какви можни проблеми може да се појават.

Откако ќе детектираме дека софтверот е постабилен од претходно, преминуваме на TestRail, алатка која служи за управување со тест плановите и тест случаите. Им овозможува на тимовите за тестирање ефикасно да ги организираат, управуваат и следат тест случаите како и генерирање на детални извештаи за статусот на тестирањето.

И на крај мора да ја спомнам JIRA која ја користам за управување со баговите и задачите. Оваа алатка ми овозможува добра организација и следење на баговите од откривање до решавање, што е клучно за ефективно тестирање.

 

CH:  Кој е вашиот омилен дел од работата како софтверски тестер?

Оливера: Мојот омилен дел од работата како софтверски тестер е процесот на откривање на проблеми. Ми дава огромно задоволство кога ќе идентификувам баг или неправилност во софтверот, што може сериозно да влијае на крајните корисници, и потоа гледам како моите наоди придонесуваат кон создавањето на постабилен и функционален продукт.

Ова не само што го подобрува крајниот продукт, туку и носи чувство на постигнување и признание за мојата улога во процесот на развој на софтверот. Воедно, уживам во предизвикот да научам и да тестирам различни технологии и апликации, што ми овозможува постојан личен и професионален развој.

 

CH: Кои се најважните карактеристики или вештини кои ги имате како софтверски тестер и воедно кои карактеристики треба да ги поседува еден софтвер тестер?

Оливера: Како најважни лични карактеристики би ги издвоила аналитичкото размислување, вниманието кон детали и комуникативноста. Овде би ги спомнала и стрпливост и упорност како и способноста за тимска работа. Од технички аспект многу е важна способноста за адаптација, како и креативноста.

 

 CH: Кои се вашите цели или амбиции во областа на софтверското тестирање?

Оливера: Моја амбиција за во иднина е да преземам водечка улога во тим за тестирање. Целам да развијам вештини за управување и лидерство, со што би можела да водам проекти за тестирање од почеток до крај, да управувам со ресурсите, и да ја координирам работата на тестерите за да се осигура ефикасност и висок квалитет на тестирањето. Како лидер, сакам да имам активна улога во менторството на помладите членови на тимот.

 

CH:  Како изгледа еден ден во животот на софтвер тестер?

Оливера: Еден ден во животот на софтвер тестер е динамичен и полн со различни активности кои бараат прецизност и добра организација. Денот обично започнува со планирање и приоритизација на задачите. Следи извршување на тестови, каде тестерите внимателно ги следат дефинираните сценарија за тестирање, набљудувајќи ги одговорите на системот за секакви неправилности или грешки.

Секој баг што ќе се открие треба да се документира со максимални детали, вклучувајќи чекори за негова репродукција, очекувани и добиени резултати, што овозможува подобро разбирање и побрзо решавање на проблемот. Комуникацијата е исто така клучен дел од работниот ден на тестерот. Учествувањето во средби со развојни тимови за дискусија на откриените проблеми помагаат за осигурување на ефикасен тек на работата и за зајакнување на соработката помеѓу тимот.

Покрај активното тестирање и комуникација, тестерите често посветуваат време и на ажурирање на тест документацијата за да се одразат промените во софтверските спецификации или процесите. Тие исто така трошат време на учење нови технологии и алатки кои можат да ги подобрат нивните вештини и да ја зголемат ефективноста на тестирањето.

 

CH: На 14-ти април ќе ни бидете и панелист на претстојниот настан организиран од Академијата за Софтвер Тестинг. Што ќе можат даслушнат гостите од вас?

Оливера: На панел-дискусијата, гостите ќе можат да слушнат од мене моите искуства и знаења стекнати низ мојата кариера како софтвер тестер. Објаснувањето на предизвиците со кои се соочувам во секојдневната работа, како и методите што ги користам за нивно надминување, ќе им овозможи на учесниците подлабок увид во реалностите на професијата.

Придружини се и биди дел од настанот кој ќе се одржи на 14.05 (Вторник) во Netaville со почеток од 19:00 часот.
➡️ Регистрирај се тука !

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This