Покрај воведните предавања по модулот Google Ads, нашите студенти од Академијата за Дигитален Маркетинг оваа среда на 26.04.2023 во прoсториите на “Creative Hub” имаа Masterclass и визитинг предавање со еден од нивните најомилени ментори, Миле Давчевски.
Најпрвин сакаме да ве запознаеме, што е всушност Google Ads и зoшто му е потребен на секој дигитален маркетер?
Накратко, Google Ads е моќна платформа за рекламирање која им овозможува на бизнисите да достигнат поголема видливост, да целат кон конкретни групи на луѓе, да ги менџираат своите рекламни кампањи и да ги мерат своите резултати. Тоа може да биде ефективен начин за генерирање на потенцијални клиенти и зголемување на продажбите на самите бизниси.
Овој Masterclass започна со разгледување на финалните задачи по модулот Google Ads кои студентите ги имаа на крајот од овој модул. Нивната финална задача беше да направат: search кампања, display кампања и video кампања, со цел да го валидираат своето знаење, но и да ги увидат своите грешки кои се нормални во самиот процес на една ваква исклучително комплицирана маркетинг платформа.
Кои беа темите на овој Masterclass и визитинг предавање?
Целта на нашата Академија за Дигитален Маркетинг е нашите студенти да се стекнат со одлично познавање на сите модули. Фокус на ова визитинг предавање беше стекнување на по “advanced” методи како што би кажал нашиот ментор Миле.
Првата темата на која нашиот ментор предаваше беше динамичкото вметнување на клучни зборови на landing страници, односно Dynamic Keyword Insertion (DKI).
Dynamic Keyword Insertion (DKI) е функција на Google Ads која им овозможува на дигиталните маркетери динамички да заменат дел од текстот на нивната реклама со клучниот збор за пребарување кој го внесува корисникот во Google.
Динамичкото внесување на клучнитe зборови може да се користи и во landing страниците, со цел да се создаде поперсонализирано искуство за корисникот. Користејќи скрипти на landing страницата, дигиталните маркетери можат динамично да заменат одредени елементи на страницата со терминот или клучниот збор за пребарување кој корисникот го впишал.
За да се имплементира динамичното вметнување на клучни зборови на landing страниците, дигиталните маркетери можат да користат JavaScript за да ги идентификуваат деловите на landing страницата каде што сакаат да вметнат динамички клучни зборови, како на пример: насловот на страницата или текстот на страницата.
Втората тема на која нашиот ментор Миле обрна посебно внимание, беше користење на скрипти во Google Ads.
Што се Google Ads скрипти и за што ни служат?
Скриптите се делови од код што може да се користат за автоматизирање и прилагодување на различни аспекти од вашите рекламни кампањи. Самите скрипти можат да се користат за извршување на широк спектар на задачи, управување на самите понуди, ажурирање на реклами, клучни зборови и генерирање на извештаи.
Една од употребите на скриптите во Google Ads е да се создадат “Heat” мапитe кои се визуелни прикази на тоа какви акции презема еден корисник на веб-страницата. Самата скрипта со ова може да ви помогне да ги идентификувате областите кои привлекуваат најголемо внимание или предизвикуваат најголема збунетост.
Со користење на скриптите за генерирање на “Heat” мапите за вашите landing страници, можете да добиете вредни сознанија за тоа како корисниците комуницираат со вашата веб-страница и да направите основани одлуки за подобрување на вашите рекламни кампањи.
Извор: https://directclicks.com.au/blog/advanced-heat-mapping-for-google-ads-performance-with-time-segments/
Со помош на овие скрипти дознаваме во кој ден и кој час нашата реклама најдобро перформира, а кога перформира спортивно од нашите замисли и барања.
За на крај го оставаме и советот од Миле.
“Никогаш не се откажувајте од тоа што го сакате. Доколку секојдневно се трудите и не отстапувате од вашите соништа, целиот ваш труд со сигурност ќе се исплати”
Уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек.
Можеш да се стекнеш со два типа на диплома:
ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.
CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со CPD диплома.
Закажи состанок со нашиот координатор Стојанчо и информирај се повеќе околку програмата на Академијата за дигитален маркетинг!