fbpx

„Со нетрпение ја очекувам втората Мини HR Академија“ – Милена

Денеска запознајте се со Милена Дојчинова, студент на Мини HR Академијата. Во продолжение прочитајте зошто го избра Creative Hub, за нејзината мотивација и искуството со Мини HR Академијата. Нешто за себе… Психолог сум по вокација и постојано се стремам да се развивам и стекнувам нови вештини. Сметам дека е важно да сме свесни за своите […]
Милена студент на Мини HR Академија
07.19.2022

Денеска запознајте се со Милена Дојчинова, студент на Мини HR Академијата. Во продолжение прочитајте зошто го избра Creative Hub, за нејзината мотивација и искуството со Мини HR Академијата.

Нешто за себе…

Психолог сум по вокација и постојано се стремам да се развивам и стекнувам нови вештини. Сметам дека е важно да сме свесни за своите потенцијали и да се стремиме да ги развиваме и реализираме истите. 

Мини HR Академија

Пријави се!

Мотивација…

Она што најмногу ме привлече во прв момент беше изборот на програма што во оваа Мини HR Академија беше предвидено да се обработи. Фокусот беше ставен на најважните HR процеси, а во процесот на учење беа вклучени најсовремените светски практики. Отсекогаш сум била љубопитна за HR процесите. Мини HR Академија се чинеше добра прилика за брзо и ефективно стекнување на нови вештини.

Задоволство…

Веројатно фактот дека веќе со нетрпение ја очекувам втората Мини HR Академија, кажува многу за моето задоволство како од предавањата така и од менторот на Aкадемијата. Предавањата се исклучително интерактивни со силен фокус на стекнување и вежбање на новите вештини. Mенторот несебично го пренесува своето знаење и искуство од својата инспиративна кариера и нѝ дава целосна поддршка во текот на целиот процес.

Дали истражувавте други опции и Академии…

Да, ги истражував и другите опции и програми на HR Академии кои активно работат на нашиот пазар. Mеѓутоа се одлучив за Creative Hub бидејќи тие се единствена Академија чија програма има европска и американска акредитација. Воедно тие се и пионери во ваквиот концепт на Мини HR Академија која е насочена кон интензивно, фокусирано и ефективно стекнување на вештини.

Мини HR Академија

Пријави се!

Дали би нѐ препорачале…

Да треба повторно да бирам, повторно би го избрала Creative Hub. Затоа искрено би го препорачала на секој кој има амбиција да започне нова кариера, да се развива и професионално да расте.

Доколку Ве заинтересира процесот на Performance Management тогаш втората Мини HR Академијата е идеална опција за Вас. 

Дополнително погледнете го и видеото со нашиот ментор на следниов линк.

Сите заинтересирани можат да се пријават за Мини HR Академијата преку contact@creativehub.mk или да не исконтактирате на 071 214 849. 

Подетални информации за втората Мини HR Академија може да прочитате на линкот подолу.

https://creativehubacademy.co/hr-mini-academy

 

 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This