fbpx

Моќта на боите

Боите се оние кои даваат смисла на работите што ги гледаме околу нас. Дали и ти се чувствуваш смирено кога си опкружен со зеленило околу тебе? Дали некогаш си се запрашал што претставува црвената боја и зошто чувствуваш возбуденост или вознемиреност кога ја гледаш? Тоа се само две од многуте влијанија што боите ги имаат […]
Моќта на боите
04.01.2021

Боите се оние кои даваат смисла на работите што ги гледаме околу нас. Дали и ти се чувствуваш смирено кога си опкружен со зеленило околу тебе? Дали некогаш си се запрашал што претставува црвената боја и зошто чувствуваш возбуденост или вознемиреност кога ја гледаш?

Тоа се само две од многуте влијанија што боите ги имаат врз човековата психологија. Боите делуваат врз начинот на кој размислуваме, начинот на кој гледаме на нештата па дури и на одлуките кои ги носиме. Денес, зборуваме накратко за психологијата и моќта на боите и нивната употреба за маркетинг цели.

Накратко за психологијата на боите

Психологијата на боите се фокусира на неколку различни бои кои го одредуваат човековото однесување. Многу често, таа е искористена во маркетинг цели при рекламирање на различни производи или услуги со целл да предизвика емоционални реакции.

Можеби звучи едноставно, но не така лесно. Маркетерите посветуваат многу време и труд за да создадат реклама која навистина ќе делува врз човековата психологија.

Египјаните биле првите луќе кои го проучувале влијанието на боите врз човековото расположение. Тие исто така ја користеле бојата за религиозни цели. Во поново време, како што рековме бојата се користи најмногу за маркетинг цели но и за уметничка терапија.

Како боите во маркетингот влијаат на луѓето?
Боите имаат моќ и влијаат врз однесувањето на луѓето при одлучување. На пример, луѓето прават потсвесни проценки за некоја личност, производ или околина во неколку секунди. Бојата игра главна улога во тие неколку секунди бидејќи активира емоции.

Токму овој факт е искористен од страна на многу брендови кога станува збор за рекламирање на своите производи или услуги. Тие го познаваат влијанието на одредени бои, влијанието на нивните нијанси и каква емоција секоја од нив може да тригираакција од страна на купувачот. Ефектот кој бојата го има на луѓето е суптилен и моќен.

Преку избраната боја за лого, пакување, сигнализација и рекламирање, многу брендови можат да влијаат на потрошувачите. На пример, тие иницираат потреба за купување по имплус.

За момент помисли на твојот омилен бренд и боите со кој твојот бренд се претставува на пазарот. Која боја доминира? Дали нивнотолого е слично на логото на Netflix или пак McDonald’s?

Честопати бојата е единствената причина поради која некој купува нешто. Според една студија во Сан Франциско, 93 проценти од купувачите секогаш се фокусираат на визуелниот изглед. Друга студија пак укажува дека 85 проценти од купувачите изјавиле дека бојата е главната причина зошто тие го купиле производот.

Еве неколку бои кои компаниите насекаде околу светот ги користат за постигнување на своите маркетинг цели.

Психологија на бои низ неколку примери

Сина

Без сомнение, најпопуларната и најкористената боја во светот. Сината боја претставува интелигенција и одговорност. Многу често дава длабочина и моќност и маркетинг професионалците ја користат за да искажат комбинација на професионалност и доверба во своите производи или услуги. Оваа боја многу често се среќава по социјални мрежи, пример, Facebook и Twitter како искажување на доверба и пријатност.

Црвена

Црвената боја искажува возбуденост или пак итност и често го поттикнува апетитот кај луѓето. Тоа е примарната причина зошто бојата може да се види кај неколку ланци за брза храна. Го симулира телото и истовремено ги зголемува отчукувањата на срцето. Поврзана е и со возбуда, страст и притисок.

Бојата има моќ да им влијае на луѓето да дејствуваат и тоа е најголема причина зошто многу копчиња кои повикуваат на акција се баш со црвената боја.

Ланецот за брза храна McDonald’s е еден од најпрепознатливите корисници на црвена боја. Секако, во комбинација со жолта боја McDonald’s го зголемува расположението на луѓето, им ги зголемува апетитите и ги повикува на итност. Како што веќе рековме, црвената боја иницира емоции и страст – двете чувства кои McDonald’s сака неговите потрошувачи да ги чувствуваат.

Зелена

Спокојство, здравје и природа – трите карактеристики на зелената боја. Најчесто таа се користи во маркети, продавници за исхрана и иницијативи за решавање на еколошки проблеми.

Зелената боја стимулира и хармонија која американскиот бренд Whole Foods ја препозна и ја вметна во своето лого. Брендот е поврзан со здравје и природа и се гордее на висококвалитетни, природни и органски производи.

Кафе-брендот Starbucks е уште еден пример кој ја користи зелената боја за заштитен знак. Брендот ја користи бојата за да промовира чувство на релаксираност кое му е потребно на секој што има стресен ден на работа.

Црна

Иако технички не е боја (бидејќи не ја апсорбира светлината) црната е поврзана со авторитет, моќ, доверба и стабилност. Често, црната боја симболизира интелигенција но дава негативен ефект ако е премногу употребувана.

Студии укажуваат дека црната боја не е препорачлива да се употребува за маркетинг цели но некои компании го докажаа баш спротивното. На пример, логото на Nike и модната компанија Chanel.

Логото на Nike, што е комбинација од црно и бело иницира моќ, сила и стабилност во изобилие. Chanel пак, преку црната боја пренесува елеганција, софистицираност и мистерија. Во многу наврати компанијата тврди дека црната боја е нивен заштитен знак бидејќи ја отелотворува Coco Chanel,нејзината елеганција и брендот.

Психологијата на боите и како тие да бидат најдобро употребени за маркетинг цели се изучува по предметот Photoshop на Академијата за дигитален маркетинг. Научи како правилно да ја таргетираш својата публика и подоцна да ја конвертираш уште денес.

 

Аплицирај тука

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This