Кога зборуваме и учиме за мотивација на вработени да го започнеме овој блог со една мотивирачка порака.
Ако можеш нешто да сонуваш, можеш и да го оствариш – Волт Дизни
А сега да споделиме со тебе што научивме на првиот час од бесплатниот курс „Мотивација на вработени“ со Славица Тасева, предавач на Академијата за човечки ресурси.
Што е мотивација?
Се она што доведува до активност, ја насочува и го определува нејзиниот интензитет и времетраење се нарекува мотивација. Мотивацијата е како жар, оган, што треба да го разгори секој проект што сакаме да го завршиме.
Гледано во рамки на научните дисциплини, мотивацијата е плод на соработка на две дисциплини и тоа на менаџментот и психологијата. Со менаџментот се навлегува во суштината на водењето на организацијата, а со психологијата во тајната и однесувањето на луѓето.
Мотивацијата може да се дефинира како интеракција на индивидуата со одредена ситуација и е процес на стимулирање да се преземе некоја акција и да се постигне одредена цел да се заврши некоја работа.
Мотивацијата е волја да се вложи поголем напор за остварување на цели условено со напорите и можностите за задоволување на индивидуалните потреби.
Која е важноста на мотивацијата на вработените?
Мотивацијата на вработените е конкретен став на вработените кон нивната работа и една од главните причини за постигнување на високи перформанси во работата. Кога една компанија ги поседува вистинските фактори за мотивирање на работната сила ги привлекува и најспособните работници и нивниот потенцијал и тален може да се искористат за успехот на компанијата.
Што треба да знаеме за важноста на мотивацијата на вработените?
- Како функционираат луѓето
- Зошто работат
- Кои се нивните потреби
- Што сакаат во животот
- Кои се нивните цели
- Што ги поттикнува
- Како да бидат попродуктивни, иновативни и инвентивни
- Како да ги поттикнеме да го дадат својот максимум
- Како да ги наградуваме
- Како да бидат најдобриот ресурс на организацијата
Кои фактори ги мотивираат вработените?
Најчесто вработените ги наведуваат следните фактори:
- Работни услови и работна околина
- Социјална интеракција
- Употреба на способности, вештини и интелектуални капацитети
- Одобрување, пофалба и признание
- Доверба, почит и високи очекувања
- Лојалност и чувство на припадност
- Вклученост во донесување на одлуки, одговорност, унапредување и развој
- Водство и лидерство
- Збогатување на работата
- Јасна, отворена и конструктивна комуникација
Создавање и одржување на работната средина во која вработените се мотивирани придонесува за целокупната работна изведба.
Кои се трите есенцијални компоненти на стимулирачка работна средина?
- Фер третман
- Сигурна работа
- Вклученост
Треба да се има предвид која е јачината на нивните потреби и дека перцепцијата за преземање на одредени активности ќе придонесе кон задоволување на тие потреби.
Мотивацијата е клуч за подобрување на перформансите и зголемување на продуктивноста која дополнително придонесува за зголемување на профитот на самата компанија и нејзиниот финансиски успех.
Улогата на човечките ресурси не е само да ги мотивира вработените, туку и оние коишто се во повисоките скали на хиерархијата како лидерите, менаџерите и раководителите на тимовите да ги научат како да ги мотивираат вработените за да ги подобрат резултатите во работата, да бидат лојални и посветени на организацијата и на работното место.
Хиерархија на потребите според Маслов
На пирамидата на Маслов потребите се поделени на 5 нивоа:
1. На првото скалило се наоѓа потребата за задоволување на основните потреби
Една личност додека не ги задоволи своите основни потреби неможе да размислува на други потреби. А во основни потреби спаѓаат: вода, храна, сон и друго.
2. На второто скалило е потребата за безбедност
Безбедносните и сигурносните потреби се базираат на создавање на стабилно опкружување, релативно ослободено од стравови.
3. На третото скалило на оваа пирамида се наоѓа потребата за задоволување на чувството на припадност
Потребите се базирани на односите со другите и вклучуваат прифаќање, пријателство, добри работни односи, колегијалност итн.
4. На четвртото скалило е потребата за почитување
Овие потреби вклучуваат одговорност, достигнување, титула, доверба, репутација и промоција.
5. На врвот на оваа пирамида и крајна потреба е потребата за самореализација
Оваа група на потреби се однесува на индивидуални способности за сопствен развој и креативност.
Основни психолошки потреби – индивидуални vs организациски
Пример за индивидуални потреби се: глад, финасиска стабилност, пријателство, статус и самоисполнување, додека пак на организациско ниво се: основната плата, пензиски план, односите со колегите, работната титула и достигнувањето на целите.
Со што ги дополнивме знаењата на вториот час од бесплатниот курс „Мотивација на вработени“?
Очекувај да дознаеш во следниот блог. Но, доколку имаш прашања поврзани со Академијата за човечки ресурси те покануваме да закажеш состанок со нашиот координатор.
Информирај се повеќе за програмата 📌