Вториот час од бесплатниот курс „Мотивација на вработените“ со Славица Тасева, предавач на Академијата за човечки ресурси започна со претставување на новините внесени во оваа Академија. Што е поразлично?
На ЕУ Програмата ќе се изучува следното:
Човечки ресурси: Legal aspects of HR, Financial aspects of HR, Performance Management Process, Employee Engagement, Future of work, People Analytics, Onboarding, HR Strategy, HR Business Partner.
Регрутација: Market Research, Sourcing Process, Screening Candidates, Headhunting, Interviewing, Making job offers and closing candidates, IT Process Recruitment, C-Level Recruitment.
Ти се допаѓа новата програма? Имаме среќна вест за тебе!
За сите оние кои ќе се запишат на ЕУ Програмата најдоцна до 20 април следува попуст од 500 евра.
Аплицирај 📌
Како што најавивме и во претходниот блог, ти споделуваме што друго научивме за мотивација на вработените.
Видови на мотивација
Постојат два вида на мотивација односно внатрешна или интристичка и надворешна или екстристичка мотивација.
Кои се одликите на надворешната мотивација?
- Средство за цел
На пример: Работата како средство за заработување на пари, за имање сигурност и да се добие признание.
- Делува како поттик
На пример: При очекување на предности или како притисок при очекување на недостатоци.
- Може да делува само краткорочно за поттикнување.
Кои се одликите на внатрешната мотивација?
- Внатешната мотивација е самата цел за себе, тоа е убедување
- Таа постои секогаш кога една идеја, задачи или активност се доживуваат како рационални и исплатливи за ангажирање
- Мора да се чувствува одговорност за тоа и да се увидат резултатите и влијанијата
- Следствено, однесувањето резултира со соодветен став
Кои се видовите на награди и мотивации на вработените?
Поделбата е на материјална компензација и стимулација и нематеријална стимулација и компензација.
Материјални награди
Тие се делат на директни материјални награди како што се на пример плата или бонус и индиректни материјални награди како обуки, слободни денови, годишен одмор, храна, стипендии и слично.
Нематеријални награди
Во нематеријални награди спаѓаат:
1. Признавање на успехот
- Признавање на успехот заради добро извршена работа
- Оддавање на јавна благодарност
- Давање на ситни подароци во знак на благодарност
2. Повратна информација или фидбек
- Ја зголемува мотивацијата и самодовербата на вработените
- Овозможува професионален развој
- Овозможува воспоставување и одржување на отворена комуникација
3. Стимулирачка организациска култура
- Се развива поволна работна клима, иновација, преземање на одговорност, оспособување и развој
- Се фаворизира и на адекватен начин се вреднува добро завршената работа
- Се создава чувство на задоволство и гордост заради успешната работа и се шири дух на заедништво
4. Самомотивација
- Поставување на цели и работа на нив
- Годишно поставување на предизвикувачки обврски во врска со учење и усовршување и постојано усвојување на нови вештини
- Самонаградување за постигнати успеси во работата
Tips & Tricks
Индивидуална мотивација
- Честитки, балони, цвеќе за роденден
- Подарок за нова година
- Пакетчиња за деца за нова година
- Колега на месецот/годината
Тимска мотивација
- Термини за аеробик или фитнес
- Happy Friday или Afterwork забави
- Ваучери од соработници, книги, билети за натпревари, концерти, претстави
- Месечен појадок или ручек со тимот
Дали сето ова што го прочита и можеби научи за мотивација на вработените од овој блог ти создаде желба да сакаш во детали да научиш како можеш да бидеш добар мотиватор за вработените и добар лидер, кој ќе ја расте компанијата заедно со вработените?
Те покануваме да закажеш состанок со нашиот координатор каде ќе добиеш подетални информации во врска со Академијата, програмите кои ги нудиме, начинот на кој се одвиваат предавањата и опциите за плаќање.
Информирај се повеќе за програмата 📌