fbpx

Научив дигитален маркетинг и отворив своја маркетинг агенција

Продолжуваме со серијалот интервјуа со нашите алумни членови од Академијата за дигитален маркетинг. Денес разговараме со Данаил Ристовски . Данаил ја оформува својата маркетинг агенција Gigatt Co во септември 2018. Преку неа работат со македонски и странски клиенти, а главен фокус им е автоматизација на процеси од реклама до продажба или поточно Automation from ad to […]
маркетинг агенција

Продолжуваме со серијалот интервјуа со нашите алумни членови од Академијата за дигитален маркетинг.

Денес разговараме со Данаил Ристовски . Данаил ја оформува својата маркетинг агенција Gigatt Co во септември 2018. Преку неа работат со македонски и странски клиенти, а главен фокус им е автоматизација на процеси од реклама до продажба или поточно Automation from ad to sale. Ви прилог прочитајте што Ви препорача овој амбициозен студент кој заврши на нашата Академија за дигитален маркетинг и ПР.

Creative Hub: Данаил отвори своја маркетинг агенција, а паралелно започна и со Академија за дигитален маркетинг. Како успеа да направиш добар менаџмент со своето време?

Данаил: Уф, беше прилично комплициран период од мојот живот. Уште еден интересен факт за тој период е што, напоредно работев во друга компанија во првите два месеци од оформувањето на Gigatt Co. Станува збор за истиот период кога ја почнав и академијата.  Работев/учев по минимум 16 часа (некогаш и повеќе) на ден многу долго време. Верувам дека тоа е дел од жртвата на еден претприемач или човек со динамична (achiever) природа во себе.

Данаил: Вашата академија дефинитивно ми отвори нови насоки во последниве 2 години. Со Аријана и другите од тимот кои не смееме да ги исклучиме, завршивме одлична работа на финалниот проект од академијата и имавме супер однос во целиот период.

Creative Hub: Би сакале да те прашаме, што би им препорачал на сите што мислат дали да се запишат на Академија во Creative Hub?

Данаил: Дечки, ако се мислите или двоумите, само направете го тоа и не размислувајте дали е правилна одлука или не. Ве уверувам дека нема да ве разочараат во ниеден момент. Успеав да ги запознаам Бојан и Аријана во тој период, и нивната посветеност во Creative Hub како бренд. И особено во Академијата за дигитален маркетинг, ветува многу. Можам да гарантирам дека нема да се покаете ако ја завршите Академијата, бидејќи на крај ќе добиете и сертификат кој е интернационално признаен заедно со ЕКТС кредити.

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This