fbpx

Networking event: Панел дискусија на тема “Како до успешна кариера во Фронт Енд програмирање”

На 3 Април се одржа панел дискусијата “Како до успешна кариера во Фронт Енд програмирање”, каде имавме одлична дружба со нашите панелисти и со присутните. Настанот се одржа во Property One Co-work, а беше организиран од страна на нашите практиканти Марија и Невена. Разговорот со модераторот Бојан Коскаров и панелистите се одвиваше во тек од […]
kako do uspesna kariera vo front end programiranje
04.13.2024

На 3 Април се одржа панел дискусијата “Како до успешна кариера во Фронт Енд програмирање”,
каде имавме одлична дружба со нашите панелисти и со присутните.
Настанот се одржа во Property One Co-work, а беше организиран од страна на нашите практиканти
Марија и Невена.

Разговорот со модераторот Бојан Коскаров и панелистите се одвиваше во тек од
нивните почетоци па се до тоа како стигнале до нивото на кариера на кое се денес, а и ги споделија
нивните мислења околу новите трендови во технологијата, начинот на работа, како прават баланс
помеѓу work life и normal life и многу други теми кои дефинитивно ќе го заинтересираат секој фронт
енд програмер.

 

 

Фриленсерство или full time работа во компанија?

 

Примамливиот момент беше тоа што моментално тројцата работат на различни типови на работа
така што имавме можност и да направиме споредба за тоа како е да си фронт енд програмер
фриленсер и full time во компанија. На оваа тема имавме поделени мислења бидејќи секој си ја бира
својата форма на работење во зависност од тоа што си преферира. Иако фриленсерството како
предност ја дава целосната слобода за тоа кога ќе работите и на кој проект, и full time работењето
има свои предности како работење во тим и добивање помош од колеги.

 

 

Кариерни почетоци на нашите панелисти

 

Панелистите ги искажаа и своите начини за тоа како стигнале до нивниот успех денес, иако сите на
свој начин, сепак дојдоа до заеднички заклучок дека за да станеш успешен фронт енд програмер
потреба е желба за работата.

 

👉🏻Никола Димитров, кој денес работи како фриленсер, можеше да направи интересна споредба за тоа како е да се работи како фронт енд фриленсер и работење во компанија. Додека работел full time во компанија, сфатил дека неговата пасија е работење на проекти за startup компании со цел да им помогне во нивниот успех и се насочил кон фриленсерство.

 

👉🏻Ана Петреска имаше многу интересен пат до успех со оглед на тоа што интерес кон фронт енд програмирање добила уште од рани години. Нејзиниот прв проект го добила на 15 години, а додека студирала започнала со пракса во компанија. Ана сподели со нас дека уште од мала била опкружена со луѓе кои работеле програмирање, па уште од рани години знаела дека тоа е тоа што сака да го работи.

 

👉🏻Виктор Здравковски, кој моментално е Senior Software Engineer во Netcetera, својот пат го започнал како практикант во компании додека сеуште бил на студии каде стекнал искуство, а веќе 6 години е дел од тимот на Netcetera. Виктор денес е и ментор на Академијата за фронт енд програмирање каде им го пренесува своето знаење на студентите на React модулот.

 

 

Дискусија за пензионирање и како ги гледаат своите пенизонерски денови

 

Интересен момент од дискусијата беше разговорот за пензија и дали се гледаат како фронт енд програмери се до пензионирање. Иако панелистите се согласија со тоа дека сеуште не размислуваат за пензионирање, но се гледаат како фронт енд програмери сигурно до средните години од својот живот, а пензионерските денови би сакале да ги поминат без технологии во природа. Ова прашање од присутните беше одлична причина да подразмислат и за понатамошниот кариерен живот.

 

 

Заклучок, што е потребно за успех?

 

Дискусијата ја завршивме со прашања од присутните на настанот и заемно споделување на прочуени qutoes за мотивација за работа, бидејќи главен начин за успех заклучивме дека е желба, посветеност и мотивација.

 

 

💡Ваквиот тип на дискусии се од голема важност за сите заинтересирани во фронт енд програмирање бидејќи целта е да размениме различни искуства и различни начини на работа и размислување, а од особена важност се за оние кои се на својот почеток на кариера за да имаат појасна слика за тоа како да стигнат до својот прв проект.

 

 

👉🏻Сакаме повторно да им се заблагодариме на Виктор, Ана и Никола кои овоија време да присуствуваат на нашиот настан и да ги споделат своите искуства!

Исто така голема благодарност и до присутните кои одвоија време да присуствуваат и да покажат интерес кон она што се дискутираше!

 

 

Не пропуштајте да бидете дел од следниот настан!!
Дојдете и споделете го и вашето искуство!!

 


📢Доколку си во потрага по нов предизвик во твојата кариера, погледни ја програмата на Академијата за Фронт Енд каде имаш опција да се стекнеш со ЕУ Сертифицирана или Американска диплома. Регистрирај се сега и искористи ја стипендијата од 500 Евра!

 

Кликни тука за регистрација

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This