7 Причини зошто не е доцна за нова професија

Дали некогаш сте размислувале за промена на кариера, но се плашите дека е доцна за таков чекор? Кога станува збор за исполнување на соништата, не постои такво нешто како погрешна возраст да се смени работа, професија или да се отпочне нова кариера во сосема друга област. Не сте сигурни во тоа? Еве 7 причини зошто […]
11.11.2021

Дали некогаш сте размислувале за промена на кариера, но се плашите дека е доцна за таков чекор? Кога станува збор за исполнување на соништата, не постои такво нешто како погрешна возраст да се смени работа, професија или да се отпочне нова кариера во сосема друга област.

Не сте сигурни во тоа? Еве 7 причини зошто никогаш не е доцна за нова професија.

1. Ако има нешто за што отсекогаш сте имале страст, но никогаш не сте го постигнале, време е да го преиспитате тој повик.

Или можеби има некое интригантно ново поле што воопшто не постоело кога сте започнале да работите. Ова се само неколку професии што ги немало пред  10 години: менаџер на социјални медиуми, SEO специјалист, зумба инструктор, развивач на апликации – листата е долга.

Градењето кариера во област за која имате вистински интерес  може да го промени вашиот живот.

2. Промената на кариера ќе го одржува вашиот мозок активен со што ќе ви претстави нови предизвици.

„Лудо е да се прави иста работа постојано и да се очекуваат различни резултати“, кажа Алберт Ајнштајн. Кое е значењето на оваа изрека? Обидете се да направите нешто ново и ќе видите како работите ќе се одвиваат поинаку. Започнете да дејствувате за да излезете од зоната на комфор, постепено стекнувајќи и зајакнувајќи ја енергијата за повторно да се движите напред кон она што го сакате.

3. Вие заслужувате работна средина којашто не ви предизвикува стрес.

Опкружете се со луѓе кои ве поттикнуваат да остварите нови цели и служат како примери за успех, активна животна позиција и хармоничен развој на вашата личност.

4. Можеби вашите вредности и приоритети се сменија откако ја започнавте кариерата.

Дали чувствувате дека има стагнација во вашиот работен однос, во вашата кариера? Размислете и утврдете што е можно попрецизно каде, во која област точно сте заглавени и што се случува сега во оваа област. Одредете ја позицијата каде што сакате да бидете. Одговорот на едноставното прашање: „Што сакам наместо тоа“ ќе ви даде дополнителна сила да започнете да се движите и да ги насочите мислите кон тој пат.

5. Време е да преземете акција и кажете ДА за можностите

Доколку тешко сте се одлучувале за прифаќање на нови предизвици, можеби сега е вистинскиот момент. Соочувањето со нови предизвици е најдобриот и најбрзиот начин да научите дали нешто ви се допаѓа. Не се плашете од грешки. Тие се дел од процесот на учење и достигнување на следно ниво.

6. Не можете да се замислите на сегашната работна позиција до крајот на животот.

Дали сакате да бидете заробени во сегашните работни услови? Ако не сте задоволни со работата што ја имате, тогаш си должите сами на себе да ја пронајдете кариерата која ќе ве направи посреќни и поуспешни до денот на вашето пензионирање.

7. Подгответе се за иднината

Сведоци сме дека во светот се случуваат многу непредвидливи работи. Вашата способност и вештина за прилагодување на ситуацијата за време на криза е клучна за успех во кариерата. Оние кои најбрзо ќе се адаптираат, оние кои ќе ја погледнат кризата од агол на можност за стекнување со нова вештина, знаење, отворање на нов сектор во бизнисот или пак нов пазар, ќе излезат како победници и во тешките услови за работа.

Не сте сигурни како да го започнете патот кон нова кариера? Погледнете ги можностите кои ви ги нуди Академијата за Дигитален Маркетинг на Creative Hub.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This