Зошто треба да изберете учење на дигитален маркетинг на Академија наместо учење преку YouTube?

На 24 април 2005 година е поставен првиот видео запис на YouTube платформата. Од еден скромен почеток, YouTube го промени светот создавајќи нова генерација на видео креатори. Денеска YouTube е втора најпосетена страница после Google, со 2 милијарда активни корисници месечно. Секоја минута на овој сервис се прикачуваат околу 500 часови видео материјал. Дневно има […]
Студент на CreativeHub
11.11.2021

На 24 април 2005 година е поставен првиот видео запис на YouTube платформата. Од еден скромен почеток, YouTube го промени светот создавајќи нова генерација на видео креатори.

Денеска YouTube е втора најпосетена страница после Google, со 2 милијарда активни корисници месечно. Секоја минута на овој сервис се прикачуваат околу 500 часови видео материјал. Дневно има преку 5 милијарди прегледи, од кои 72% прегледи се од мобилни телефони и таблети. Најголем дел од корисниците се од 18-34 години. YouTube е достапен на повеќе од 80 јазици во 91 земја, а само 33% од популарните видеа се на англиски.

Податоци на Google покажуваат дека 86% од испитаниците во САД често го користат YouTube за да научат нови работи. Дури 7 од 10 корисници го користат YouTube за помош доколку имаат проблем со работата, студирањето или хобито кое го имаат.

Сите овие информации не водат до заклучокот дека живееме во време на технолошки развој и дигитализација. Брзината на информациите е неверојатна, а нивната достапност е поголема од кога и да било. Паметните телефони, таблети и компјутери се неизоставен дел од нашето секојдневие.

Новото време носи многу предности, меѓутоа неправилното користење на информации може да биде штетно.

  • Дали тие информации се од сигурни извори?
  • Дали тоа што го читаме е поткрепено со докази?
  • Колку информациите се точни?
  • Дали тоа се извори на кои можеме да веруваме или се само сајтови и канали кои очекуваат заработка од нашата љубопитност?

Сите овие прашања не тераат да размислиме од каде ги добиваме информациите кои секојдневно ги консумираме.Кога јас размислував да го изучувам дигиталниот маркетинг немав дилема дали тоа ќе биде преку упис на сертифицирана академија или со помош на YouTube. Иако користењето на YouTube e поекономично, јас како економист знаев дека учењето од најдобрите нема цена.Ова се седумте причини поради кои ја избрав Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub наместо учење преку YouTube:

1.  Структурен процес на учење

Кога нешто сакаме да научиме треба да знаеме од каде да започнеме. За разлика од YouTube што може да не доведе до конфузија, особено ако сме почетници во дадената област, Creative Hub нуди процес и структура на учење. Точно се знае што треба да биде опфатено и колку треба да траат предавањата од одредена област.

Академија од калибарот на Creative Hub го следи напредокот на студентите, истражува и прави измени доколку има потреба од зголемување на бројот на часови од некој предмет.

Кога станува збор за учење преку YouTube, препуштени сте на самите себе, да одлучите што сакате да следите и колкава содржина треба да совладате за да ја сфатите материјата.

2.  Интеракција (менторство) еден на еден

За разлика од YouTube каде што сме само слушатели без можност за интеракција и дополнителни прашања, на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub интеракцијата е клучна. Сите предавачи ги поттикнуваат студентите да влезат во дискусија, да постават прашања и да разменат мислење со останатите студенти.

На тој начин се буди љубопитноста за подобро разбирање на предметот и продлабочување на знаењето. Исто така се нудат менторски сесии еден на еден, што е особено важно за сите кои сакаат да се остварат во дадената област.

3.  Учење од експерти

Академијата има одлични предавачи кои се експерти во својата област и имаат неверојатно искуство. За мене беше привилегија да учам од професионалци кои несебично го споделија своето знаење, имаа одговор на сите прашања и ни ги разјаснија дилемите кои ни се јавуваа. Учевме низ примери, се забавувавме и дружевме и со нетрпение го очекувавме секој нареден час.

За разлика од тоа, на YouTube секој може да објави видео содржина, без разлика дали е експерт или не. На тој начин, не можете да бидете сигурни во веродостојноста на тие содржини.

4.  Бесплатен пристап до настани организирани од Creative Hub

Она што не можете да го добиете на YouTube, а ќе го добиете на Акдемијата за дигитален маркетинг е пристап до настани и самити кои ги организира Creative Hub и кои се бесплатни за студентите. Слушањето на предавања од областа која ве интересира од експерти ви помага да бидете во чекор со последните трендови и да го продлабочите своето знаење.

5.  Можност за практична работа и вработување

Со цел да научите нешто ново, не е доволно само теоретско знаење, потребна е практична работа. Академијата за дигитален маркетинг им овозможува на студентите практична работа преку менторски сесии и работа на реални проекти на компании. Преку поврзување на студентите со овие компании, понатаму се отвара можност за вработување.

Creative Hub има многубројни примери за соработка со компании и успешни проекти помеѓу кои и Idea Lab Marketing Agency, Food Guru, International Marketing Agency, PowerAd, One Can-youth и George Carpenaros.

Можноста за практична работа и потенцијално вработување во областа во која се надградувате е уште една голема предност од посетување на Академија за дигитален маркетинг, наместо учење преку YouTube.

6.  Предноста на тимската игра (градење на мрежа)

Ништо не може да го замени одличното чувство на дружење со луѓе со слични интереси, разменување на идеи, стекнување нови пријателства и градење на мрежа која може да не поврзе со компании и да ни овозможи вработување.

Иако е време на пандемија и часовите се онлајн, ние имавме чувство дека се запознавме исто како да сме ги одржувале часовите во училница. Имавме групи, соработувавме, и градевме пријателства. Не се доживувавме како конкуренција туку се радувавме на успесите и си помагавме едни на други.

7.  Глобални сертификати

Следењето на курсеви за дигитален маркетинг преку YouTube нема да ви донесе диплома. Меѓутоа ако изберете академија можете да добиете Creative Hub сертификат, CPD диплома (Британски сертификат) или Европска диплома со ЕКТС кредити зависно од вашите можности и амбиции.

Веродостојноста на институцијата која ви го издава сертификатот е важен фактор при вработување. Рејтингот на една институција од која сте добиле диплома може да ви даде предност пред конкуренцијата.

„Најмногу се исплати инвестицијата во знаењето.“ – Бенџамин Френклин

Најдобар начин да изградите сигурен пат кон подобра иднина е да инвестирате во вашето образование. Creative Hub нуди одлични можности за сите идни студенти кои се заинтересирани да си го прошираат знаењето во полето на дигиталниот маркетинг. Дознај повеќе.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This