Промена на кариера и запишување на Академијата за дигитален маркетинг е чекорот кој Слободанка го направи без двоумење. Денес, таа гордо зборуваше за сите можности на дигиталниот маркетинг со нас и го сподели своето досегашно искуство. Исто така, даде неколку совети за успешна трансформација и олеснување на процесот.
Creative Hub: Слободанка, за почеток кажете ни нешто повеќе за Вас?
Слободанка Костовска: Здраво, јас сум Слободанка Костовска имам 23 години и сум студент (апсолвент) на Филозофскиот факултет на студиската програма по психологија.
Creative Hub: Зошто Вие се одлучивте да се запишете на Академијата за дигитален маркетинг?
Слободанка Костовска: Досега сум немала искуство со дигитални професии и немам големо познавање од истите. Ново настанатата ситуација со корона вирусот ме мотивираше да почнам да размислувам на таков чекор. Исто така, мислам дека клучно е тоа што постојано сакам да учам нови работи и да излегувам надвор од мојата комфорт зона. Дигиталниот маркетинг ме привлече бидејќи е поле каде што може да се биде креативен и целосно свој, а сметам дека и познавањето од психологија многу ме поврзува со ваквиот вид на професија.
Го издвојувам предметот E-mail marketing бидејќи највеќе се пронајдов во тој начин на работа и е шанса за успешна промена на кариера.
Creative Hub: Зошто мислите дека е потребен дигиталниот маркетинг во денешницата?
Слободанка Костовска: Моето лично мислење е дека маркетингот од секогаш бил клучната алатка за промоција а потоа и продажба на било кој производ. Во моментов, поради новата ера на дигиталниот свет или дигитализацијата, се се случува преку интернет. Според мене, дигиталниот маркетинг е одлична замена за класичниот маркетинг.
Creative Hub: Какви проекти изработивте додека бевте дел од Академијата за дигитален маркетинг?
Слободанка Костовска: Изработивме најразновидни проекти во зависност од ислушаните предмети. Сме работеле на: facebook ads, instagram ads, email marketing, HTML & CSS, WORDPRESS, и SEO. Во главно се е практична работа. Тоа докажува дека Академиајта за дигитален маркетинг навистина нуди реални проекти и истите се инајдобар и најбрз начин за учење.
Creative Hub: Колку сте задоволни од предавачите на Академијата?
Слободанка Костовска: Јас сум презадоволна не само од предавачите туку и целата организација на Creative Hub. Кога станува збор за предавачите, се е убаво и детално објаснето. Највеќе сум воодушевена од тоа што се учи преку пракса а на тој начин и преку искуство. Исто така и професорите беа фантастични се трудеа се да ни објаснат и да ни помогнат за било каков проблем. Тие беа вистински професионалци секогаш тука за нас и спремни да ни помогнат и насочат во било што.
Creative Hub: Дали успевате успешно да ги следите сите предавања кои се онлајн?
Слободанка Костовска: Како што реков погоре, организацијата на Creative Hub во време на пандемија е извондредна. Јас успеав да ги следам сите часови онлјан без никаков проблем.
Creative Hub: Кој ви е омилен предмет од Академијата за дигитален маркетинг и зошто?
Слободанка Костовска: Тешко ми е да одредам омилен предмет, бидејќи сите предмети беа интересни и на свој начин посебни. Меѓутоа, кога би морала да се одлучам тоа дефинитивно би бил предметот Email marketing. Го издвојувам бидејќи највеќе се пронајдов во тој начин на работа и е шанса за успешна промена на кариера. Исто така во мојата нова кариера како Агент за дигитален маркетинг мислам дека највеќе би го практикувала тој начин на реклама.