fbpx

Нова сертификација во Creative Hub – SHRM наскоро на Академијата за човечки ресурси

После успехот кој го постигнавме со престижната британска сертификација CDP, направивме чекор напред кон друга, малку поразлична сертификација наменета за Академијата за човечки ресурси. 
Нова сертификација во Creative Hub - SHRM
04.05.2021

После успехот кој го постигнавме со престижната британска сертификација CDP, направивме чекор напред кон друга, малку поразлична сертификација наменета за Академијата за човечки ресурси. 

Со задоволство Ве информираме дека Creative Hub е во процес на добивање на сертификацијата SHRM за Академијата за човечки ресурси.

Што означува SHRM и колку оваа сертификација е важна за Академијата за човечки ресурси

Ние сме посветени на нашите студенти и подготвени сме да направиме се во наша можност за да им помогнеме да напредуваат. Тоа е главната причина за имплементирање на SHRM на нашата Академија.

SHRM сертификацијата е една од најпрестижните сертификации во одделот за човечки ресурси. Дефинитивно важи за сертификација која секој студент од Академијата би сакал да ја поседува. Сигурно се прашуваш зошто?

Таа е знак дека ти поседуваш знаење и си соодветен за работата за која аплицираш. Одделот за човечки ресурси е еден од најплатените во земјава. Не е тајна дека и пазарот на труд за овој сектор се зголемува од ден за ден. Ако поседуваш SHRM сертификација која наскоро ќе биде достапна на нашата Академија, ќе станеш реномиран експерт и лидер во HR одделот.

Сертификацијата истакнува и докажува дека ти си вистинскиот ресурс и професионалец за твојата компанија. Исто така значи и дека имаш можност да ја издвоиш својата компанија по квалитет и да и помогнеш да напредува. Укажува дека ти си подобар од твојата конкуренција и поседуваш високо знаење и вештини во HR областа.

Како може SHRM да ти помогне?

Сертификациите се доказ дека ти знаеш многу повеќе од минимумот потребен за вработување. SHRM достапна наскоро кај нас, ќе ја покаже твојата професионалност во најдобро светло и ќе ти помогне да ја подобриш и унапредиш својата кариера. 

Низ времето, благодарение на сертификацијата и нејзината влијателност, приближно 115 милиони луѓе имале добивка и биле светски признаени во HR секторите насекаде околу светот.

Да, околу светот не само на нашите простори. Сертификацијата е глобално признаена и ти ќе имаш шанса да го продолжиш своето образование. Секако и да ја промениш својата кариера многу лесно и едноставно. Со поседување на сертификацијата ќе имаш можност да работиш во различни индустрии, надвор од нашите географски граници и на повисоки нивоа на твојата кариера.

Како до сертификацијата?

Како што веќе напоменавме, Creative Hub е во процес на добивање на сертификацијата. Се што треба да направиш е да станеш дел од Академијата за човечки ресурси кај нас и да добиеш шанса за глобална препознатливост и неспоредливи вештини. Аплицирај тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This