Овој понеделник нова група студенти на Академијата за UX/UI дизајн започнаа со градење на својата кариера со Creative Hub.
Часот најпрво започна со претставување на студентите и споделување на нивната мотивација и причините поради кои тие се одлучиле токму за UX/UI дизајн.
Потоа студентите од оваа група се запознаа со проектите кои ќе ги изработуваат во текот на Академијата, а им се клучни за да го достигнат предвидениот успех по завршување на Академијата.
Кои се проектите на кои работат студентите на Академијата за UX/UI дизајн?
Во текот на Академијата студентите работат на следните 4 реални и практични проекти:
- Визитинг предавање: Figma Работилница
- Визитинг предавање: Како да изградиш профил на Upwork и да започнеш со аплицирање
- Реален проект: Хакатон со студентите од Фронт-енд Академија
- Реален проект: Landing Page Хакатон со дигитална маркетинг агенција .
Која е целта на обуката за личен брендинг?
Оваа обука има за цел да ги научи студентите 3 работи:
- Како се врши процесот на регрутација на LinkedIn
- Како да го оптимизираат својот LinkedIn профил
- Како да станат инфелунсери во индустријата во која работат
Со споделувањето на контент вие градите перцепција кај луѓето што ве следат дека знаете, но со тоа и станувате инфлуенсери во вашата индустрија.
Кои титули може да ги има еден студент на Академија за UX/UI дизајн?
- UX UI Designer
- Junior Product Designer
- Graphic Designer
Задача
Сите студенти добија задача до следниот час, а тоа е четврток да ги оптимизираат своите LinkedIn профили според она што го научија и слушнаа на оваа обука за личен брендинг. Во четврток секој студент одделно ќе добие фидбек за профилот на LinkedIn од менторот на оваа обука, но воедно и основач на Creative Hub, Аријана Коскарова.
Мотивација
Ти можеш да бидеш она што сакаш да бидеш ако работиш на тоа.
Ти се допаѓа новиот концепт?
Доколку ти се допаѓа новиот концепт на Академијата каде внесуваме soft skills + hard skills во една програма, те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо тука.
Но, ако сакаш да ја видиш целосната програма на Академијата за UX/UI дизајн кликни на линкот тука.