fbpx

Новата група на Академијата за дигитален маркетинг започна со Обука за личен брендинг

Сите Академии во Creative Hub започнуваат со Обука за личен Брендинг, а завршуваат со Обука за вработување.  Овој пат групите започнаа со поинаква програма односно Академијата ја започнаа со четири часа Обука за личен брендинг. Како што можеби веќе знаете официјално во понеделникот започна новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг.  18 студенти ја […]
обука за личен брендинг
03.15.2023

Сите Академии во Creative Hub започнуваат со Обука за личен Брендинг, а завршуваат со Обука за вработување. 

Овој пат групите започнаа со поинаква програма односно Академијата ја започнаа со четири часа Обука за личен брендинг.

Како што можеби веќе знаете официјално во понеделникот започна новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг. 

18 студенти ја започнаа нивната нова кариера! Честитки! 

Како би изгледал кариерниот пат на студентите на Академија за дигитален маркетинг?

  • Обука за личен бренд
  • 90 часа предавања, односно 150 часа за студентите пријавени на Забрзана програма
  • 7 реални проекти ( #1 блог сторија, #2 копи за реклами, #3 проект со стартап компанија, #4 проект со маркетинг агенција, #5,6,7 проект со in-house маркетинг тим на Creative Hub) 
  • Обука за вработување 

Но Академијата не завршува со обуката за вработување, напротив студентите ќе работат со нашиот кариерен специјалист 2 пати месечно се додека не се вработат.  

Обуката за личен бренд ја држи нашиот основач Аријана Коскарова. Оваа обука имаше 3 цели:

  • Да им помогне на студентите да разберат како функционира Линкедин алгоритамот
  • Како да го оптимизираат својот Линкедин профил 
  • Како да се изградат како професионалци во областа на дигитален маркетинг 

Задача

Сите студенти добија задача до нареден час да ги оптимизираат своите LinkedIn профили според она што го научија и слушнаа на часот. На денешниот час, втор од обуката за личен бренд секој од студентите ќе добие фидбек за сработеното, и обуката ќе продолжи со градењето на личен бренд на Линкедин. 

Доколку ти се допаѓа новиот концепт на Академијата каде внесуваме soft skills + hard skills во една програма те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо тука

Но, ако сакаш да ја видиш целосната програма на Академијата за дигитален маркетинг кликни на линкот тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This