Сите Академии во Creative Hub започнуваат со Обука за личен Брендинг, а завршуваат со Обука за вработување.
Овој пат групите започнаа со поинаква програма односно Академијата ја започнаа со четири часа Обука за личен брендинг.
Како што можеби веќе знаете официјално во понеделникот започна новата група студенти на Академијата за фронт-енд програмирање.
18 студенти ја започнаа нивната нова кариера! Честитки!
Како би изгледал кариерниот пат на студентите на Фронт-енд Академија?
- Обука за личен бренд
- 250 часа предавања ( 2 пати неделно со инструктор и секоја сабота 3 часа вежби со асистент)
- 3 реални проекти ( статична веб страна по завршување на модулот HTML, CSS, динамичка веб страна по завршувањето на модулите Bootstrap и JavaScript и веб апликација во Реакт – слична веб страна како Nike.com
- Обука за вработување
Но Академијата не завршува со обуката за вработување, напротив студентите ќе работат со нашиот кариерен специјалист 2 пати месечно се додека не се вработат.
Обуката за личен бренд ја држи нашиот основач Аријана Коскарова. Оваа обука имаше 3 цели:
- Да им помогне на студентите да разберат како функционира Линкедин алгоритамот
- Како да го оптимизираат својот Линкедин профил
- Како да се изградат како професионалци во областа на фронт-енд
Задача
Сите студенти добија задача до нареден час да ги оптимизираат своите LinkedIn профили според она што го научија и слушнаа на часот. На денешниот час, втор од обуката за личен бренд секој од студентите ќе добие фидбек за сработеното, и обуката ќе продолжи со градењето на личен бренд на Линкедин.
Доколку ти се допаѓа новиот концепт на Академијата каде внесуваме soft skills + hard skills во една програма те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо тука.
Но, ако сакаш да ја видиш целосната програма на Академијата за фронт-енд програмирање кликни на линкот тука.