Обука за личен брендинг е првото предавање со кое овој понеделник започна новата група студенти на Академијата за човечки ресурси. Нова група започна со градење на својата кариера со Creative Hub.
Часот најпрво започна со претставување на студентите и споделување на нивната мотивација и причините поради кои тие се одлучиле токму за човечки ресурси.
Потоа студентите се запознаа со проектите кои ќе ги изработуваат во текот на Академијата, а им се клучни за да го достигнат предвидениот успех по завршување на Академијата.
Кои се проектите на кои работат студентите на Академијата за човечки ресурси?
Во текот на Академијата студентите работат на 5 практични проекти:
- Креирање на стратегија за регрутација согласно потребите на дадена компанија
- Изработка на презентација за процесот на Перформанс Менаџмент
- Изработка на People Analytics стратегија и тим
- Deck за мерење на задоволството на вработените
- HR стратегија за дадена компанија
Која е целта на обуката за личен брендинг?
Оваа обука има за цел да ги научи студентите 3 работи:
- Како се врши процесот на регрутација на LinkedIn
- Како да го оптимизираат својот LinkedIn профил
- Како да станат инфелунсери во индустријата во која работат
Со споделувањето на контент вие градите перцепција кај луѓето што ве следат дека знаете, но со тоа и станувате инфлуенсери во вашата индустрија.
Кои титули може да ги има еден студент на Академија за човечки ресурси?
- HR Specialist
- Recruiter
- HR Generalist
Задача
Сите студенти добија задача до следниот час, а тоа е четврток да ги оптимизираат своите LinkedIn профили според она што го научија и слушнаа на оваа обука за личен брендинг. Во четврток секој студент одделно ќе добие фидбек за профилот на LinkedIn од менторот на оваа обука, но воедно и основач на Creative Hub, Аријана Коскарова.
Мотивација
Ти можеш да бидеш она што сакаш да бидеш ако работиш на тоа.
Ти се допаѓа новиот концепт?
Доколку ти се допаѓа новиот концепт на Академијата каде внесуваме soft skills + hard skills во една програма, те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо тука.
Но, ако сакаш да ја видиш целосната програма на Академијата за човечки ресурси кликни на линкот тука.
Дополнително те покануваме на бесплатен воведен курс на тема мотивација на вработените со Славица Тасева, предавач на Академијата за човечки ресурси.
Курсот ќе се одвива онлајн на 10 и 11 април од 18 до 19 часот.
За курсот регистрирај се овде 👇