fbpx

Oд нула до големо знаење за Front-End програмер

Петар студент на Академијата за Front-End е дипломиран инженер по информатички науки и комуникацискo инженерство кој има желба да биде Full-Stack или Front-End програмер. Tој смета дека стекнувањето на знаење во полето на front-end е одличен почеток за некој кој има страст за Full-Stack програмирање, да се надогради со потребните програмски јазици. Причината поради која го […]
Front-End програмер
04.06.2023

Петар студент на Академијата за Front-End е дипломиран инженер по информатички науки и комуникацискo инженерство кој има желба да биде Full-Stack или Front-End програмер. Tој смета дека стекнувањето на знаење во полето на front-end е одличен почеток за некој кој има страст за Full-Stack програмирање, да се надогради со потребните програмски јазици.

Причината поради која го одбрал Creative Hub и Академијата за Front-End е ефикасната програма, а за само 5 месеци на Академијата научил HTML, CSS и Bootstrap за што смета дека е големо знаење за еден почетник.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Front-End започнуваат на 23.05.2023 ⚠️

Аплицирај за 300€ попуст овде

Попуст

Продолжи да читаш доколку сакаш да ја слушенеш приказната на Петар и да дознаеш какво е неговото досегашно искуство на Front-End Академијата.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Петар: Јас сум Петар од Охрид, дипломиран инженер по информатички науки и комуникацискo инженерство на ФИКТ Битола, немам претходно работно искуство со ИТ технологијата. Имам желба да бидам Full-Stack или Front-End програмер.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за Front-End?
Петар: За оваа Front-End Академија во Creative Hub се одлучив затоа што има најдобра и најефикасна понуда во овој смер, за разлика од другите академии коишто нудат помал број на часови за Front-End програмирање.
Creative Hub: Што за Вас ја издвојува Front-End професијата за разлика од другите?
Петар: Front-End професијата за мене лично се издвојува од другите професии поради тоа што е одличен почеток за некој кој има страст за Full-Stack програмирање, да се надогради со потребните програмски јазици. Пред се’ JavaScript кој што е многу универзален програмски јазик и е доста потребен во оваа професија за понатамошно развивање во овој сектор на програмирање за започнување на Front-End кариера.
Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Петар: Да, направив истражувања и за други академии, но дефинитивно и најтопло оваа Aкадемија во Creative Hub ја препорачувам на секој кој што сака да започне со програмирање. Досегашните резултати со почеток од нула па до сега се одлични со стекнато големо знаење. Самиот процес траеше околу 2 дена, но за крај го избрав Front-End во Creative Hub затоа што има најдобра понуда која се спроведува исто како што е понудено.
Creative Hub: После истражувањето, што го издвои Creative Hub од останатите и што Ве предизвика да го направите изборот за да се запишете кај нас?
Петар: Уникатноста на Creative Hub е тоа што има поголем избор од другите академии, буквално во секој сектор како што е Front-End во случајов.
Creative Hub: Веќе сте 5 месеци дел од Aкадемијата, што успеавте да научите до сега?
Петар: За 5 месеци научив HTML, CSS и Bootstrap, со кои стекнав многу знаење како почетник, да се пишува педантно уреден код во HTML код едиторот, со CSS научив исто така многу важни работи како што е Flex и многу други, а со Bootstrap научив да правам 100% респонзивни страни со grid достапни на секој уред (мобилен, таблет и десктоп).
Creative Hub: Дали можете да ни објасните како се одвиваат предавањата со Вашиот прв ментор Саше Митковски?
Петар: Одлично, секој вторник и четврток работиме паралелно со Саше и многу научивме од него така што до последен момент го користам неговиот метод на решавање. Саше е уникатен, толерантен, трпелив ментор со многу искуство кој за многу брзо време не научи да програмираме беспрекорно. Вреди да се слуша секој збор од него.
Creative Hub: Секоја сабота хибридно имате по 3 часа вежби во нашите простории со асистентот Никола Ризовски. Дали може да ни кажете какво Ви е искуството до сега? Дали е добро да се работи и со асистент? Колку тоа помага во совладување на материјата?
Петар: Никола е многу успешен и брз во својата работа и за секој проблем до сега ни помагал да го решиме на наједноставен начин кој што е многу корисен. Хибридната настава е многу од корист, работиме заедно со колегите пронаоѓајќи заеднички решенија. А совладувањето помага многу брзо во решавање на материјата и е доста добар начин со хибридната настава.
Creative Hub: Вашиот предавач Сашо Ве рангираше како студент на месецот, какво чувство буди тоа кај Вас? 
Петар: Чувството е прекрасно кога ќе добиете вакво достигнување од својот ментор, но сепак може и многу подобро и секако тоа е мотив плус за поголема самодоверба за решавање на посложените проблеми.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?
Петар: Дефинитивно јас сум лично многу задоволен, така да без размислување за идните програмери ова е Академија од соништата за сигурен пат кон успехот. Ја препорачувам на секој студент кој верува во себе и има свои цели, затоа што без нив успехот е невозможен.

Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите? 
Петар: Ја избрав поради целокупниот пакет што ги има сите понуди, па одлучив да биде со ЕУ сертификат. Во иднина не се гледам во странство, се гледам тука во Република Македонија, затоа што најдобро е кога еден човек твори и создава во својата земја со цел да се развие што повеќе ИТ секторот, бидејќи добро е да има повеќе развиени кадри во ИТ секторот во Македонија поради големиот недостаток на ИТ кадри што го има кај нас.
Доколку интервјуто со Петар те инспирираше и поттикна да сакаш да дознаеш нешто повеќе за програмата на Академијата за Front-End програмирање те покануваме да закажеш состанок со нашиот координатор.

     Информирај се повеќе за програмата 📌
состанок

На понуда имаме 2 програми:

САМО АКАДЕМИЈА каде можеш да се стекнеш со Creative Hub сертификат.

ЕУ СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА каде покрај Creative Hub сертификатот се стекнуваш и со Eвропска диплома со ЕКТС кредити.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This