На Академијата за фронт-енд програмирање студентите имаат 3 начини да стекнат реално искуство и да го претстават во своите Гит проекти.
- Преку трите индивидуални проекти
- Преку онлајн хакатон со компанија од САД
- Преку In-house проектна недела со ИТ компанија од Скопје
Во месец јуни заедо со партнерите од нашите канцеларии во САД организиравме online хакатон со TechFlo – ИТ компанија од Флорида.
TechFlo е ИТ компанија од Флорида задолжена за организирање на ИТ настани во Флорида.
Студентите од UX UI го изработија дизајнот, а студентите од фронт-енд добија задача да го искодираат.
Имаа 1 месец да го завршат проектот, а ги користеа знаењата стекнати на предметите HTML, CSS и Bootstrap.
Дел од дизајнот на Homepage
Студентот кој успеа да го заврши во рекорден период и чиј проект беше одбран од TechFlo е Бојан Михајловски.
Бојан е по потекло од Куманово, ја следи Академијата онлајн, а се запишал на Академијата за да промени професија.
По завршувањето на проектот, имаше фидбек сесии со Никола, асистент на Академијата пред да го испрати на тимот од TechFlo.
Дел од дизајнот на страната
На следниот линк погледнете го целосниот код на сајтот.
Во прилог прочитајте го фидбекот од Ник Џексон по завршувањето на Хакатонот со нашите студенти од Фронт-енд и UX UI Академија.
За сите студенти кои го завршија проектот компанијата обезбеди сертификати како и Линкедин препораки.
Препораките на Линкедин од странски компании се особено значајни бидејќи играат огромна улога кога нашите студенти по завршувањето на Академијата ќе аплицираат за работа.
Уписите на Академија за фронт-енд програмирање се во тек.
За да стекнеш применливи вештини и вистинско реално искуство искористи ја Last Call понудата на Академија за фронт-енд програмирање.
Јави се на 071 214 849 и информирај се денес.