fbpx

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.
akademija za graficki dizajn akademija za marketing
02.24.2021

Паралелно студирање во Creative Hub? Зошто да не. Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент.

Истовремено слушање на две академии беше огромен но клучен чекор за него и неговата иднина. Тој го сподели досегашното искуство и ја потврди тесната поврзаност помеѓу графичкиот дизајн и маркетингот.

Филип одвои време и да ни открие зошто инвестирањето во себе не прави подобри. Исто така тој образложи зошто секој би требало да следи барем една од двете академии.

Creative Hub: Филип, Вие сте еден амбициозен студент кој посетува две Академии истовремено, Академијата за дигитален маркетин и Академијата за графички дизајн. Што ќе им препорачате на оние кои размислуваат дали да инвестираат во себе?

Филип Пецовски: Инвестирањето во себе претставува чекор понапред, односно секој нов ден да бидеме подобри од претходниот. Секогаш ги поддржувам луѓето кои сакаат да инвестираат во себе, сакаат да научат нешто ново и се спремни да ги поместат границите на општеството.
 

Пријави се

Избрав паралелно студирање бидејќи никогаш не е доцна да се инвестира во себе, да се започне нова кариера или да се научи нешто повеќе. Целта се остварува само со голем ентузијазам.

Creative Hub: Дали успевате да бидете дел од сите предавања вклучени во вашето паралелно студирање со оглед на тоа што се занимавате и со музика?

Филип Пецовски: Досега можам да кажам дека немам пропуштено ниту едно предавање, без разлика на тоа што се занимавам и со музика. Секој час е од огромна важност за мене. Потребно е да се има само правилна организација и се е возможно да се постигне доколку постои желба.

Creative Hub: Зошто се одлучивте и за двете Академии, и кој е вашиот feedback во однос на предавачите на двете Академии?

Филип Пецовски: Се одлучив да ги слушам паралелно двете академии, бидејќи имаат важна улога во мојата музичка кариера како и во секој друг бизнис. Се пронаоѓам во овие две области и затоа решив да одам чекор понапред. Сакам да се стекнам со уште поголемо знаење кое во иднина ќе ми биде од голема корист. И професионално, и на личен план. Предавачите се експерти во тоа што го работат и предаваат и имаат огромно знаење. Најважно од се е тоа што знаат одлично да го пренесат на студентите.

Creative Hub: Колку е тешко да се биде дел од две Академии кои бараат доста посветеност и концентрација?

Филип Пецовски: Да се биде дел од двете академии е вистински предизвик кој бара огромна посветеност, редовност и дисциплина. Доколку сакаме успешно да ги завршиме академиите мораме редовно да ги посетуваме предавањата. Исто треба да сме активни на часовите и да ги изработуваме домашните задачи зададени од менторите.
 

Пријави се

Секогаш сакам големи предизвици, бидејќи мислам дека само на тој начин можеме да стигнеме до врвот.

Creative Hub: Зошто сметате дека завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг ќе ви помогне да бидете успешни во музичката кариера?

Филип Пецовски: Дигиталниот маркетинг е неопходен во секој бизнис па така и за мојата музичка кариера. По завршувањето на Академијата за дигитален маркетинг очекувам надоградба и доусовршување на моето знаење, бидејќи на секое предавање разменувам мислења со експерти во оваа област и добивам нови информации кои ќе придонесат за развојот на мојата кариера.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This