fbpx

People Analytics е област преку која ќе ги утврдат познавањата од сите области во менаџментот на човечките ресурси-Ана

Денес разговараме со Ана Јанкулоска, предавач по модулот People Analytics на Академијата за човечки ресурси, регуртација и лидерство во Creative Hub. Имавме чест со неа да поразговараме околу тоа каков бил нејзиниот пат до успехот, кои вештини ќе ги стекнат студентите од модулот People Analytics, како е организирана програмата за да вклучува практични задачи како […]
People Analytics
05.11.2023

Денес разговараме со Ана Јанкулоска, предавач по модулот People Analytics на Академијата за човечки ресурси, регуртација и лидерство во Creative Hub. Имавме чест со неа да поразговараме околу тоа каков бил нејзиниот пат до успехот, кои вештини ќе ги стекнат студентите од модулот People Analytics, како е организирана програмата за да вклучува практични задачи како и да слушнеме што таа би ги посоветувала сите оние кои размислуваат да започнат кариера во областа на човечките ресурси.

Нејзината пасија за пренесување на знаење односно предавање и помагање на студентите да успеат се гледа во начинот на кој таа предава. Ако размислуваш за кариера во областа на човечките ресурси ти предлагаме да го прочиташ ова интервју кое можеби ќе те инспирира да го направиш првиот чекор.

Creative Hub: Ана, пред се да Ви посакаме добредојде во предавачкиот тим на Creative Hub. Во моментов работите како Talent Management & Employee Engagement Manager во една од водечките food retail компании односно ланец на супермаркети во Европа. Како изгледа еден ваш работен ден како Talent Management & Employee Engagement Manager?

Ана: Благодарам на укажаната доверба и со нетрпение ги очекувам идните ученици на Академијата за човечки ресурси во Creative Hub. Работата во оваа област, впрочем, како и во било која област на
човечките ресурси секогаш е многу динамична и со многу предизвици и не може да се каже дека има типичен ден, во тоа е и убавината на работата. Да се работи во овој домен значи да се размислува како да се согледа потенцијалниот талент уште од раната фаза на вработувањето, но и да се унапреди талентот кај вработените преку воспоставување разни развојни програми, обуки, следење и мерење на задоволството и сл. Притоа, постојано се обезбедува поддршка и советување на менаџерите со цел да се постигне балансиран пристап во очекувањата, наспрема очекуваната ангажираност на вработените.

Creative Hub: Може ли да ни кажете нешто за почетоците за вашата кариера? Вие најпрво имате работено како професор за англиски и шпански јазик, а потоа и како Office Manager. А веќе во 2015 година сте започнале со работа како HR асистент. Како се одвиваше вашата кариерна трансформација и како стигнавте до тоа што сте денес?

Ана: Работите кои ги извршував на почетокот вклучуваа многу комуникација со луѓе, беше потребно брзо да се учат нови работи и да се има начин на справување со различните ситуации кои произлегуваа од тие комуникации и на некој начин дел од основните активности во областа на човечките ресурси беа вградени во истите, оттаму сфатив дека менаџмент на човечки ресурси е нешто каде што ќе можам да се пронајдам и усовршам, па затоа решив да вложам дополнително време и труд во едукација преку магистратура, но и преку дополнителни академии како што се CIPD, AIHR.

Трудот се исплатеше бидејќи во период од 5 години од промена на професијата успеав да ги научам и работам сите активности во различните области на менаџмент на човечки ресурси, а потоа и на раководни позиции.

Creative Hub: Кое достигнување во вашата кариера Ве прави најмногу горди?

Ана: Имав прилика да работам во различни компании, мали, големи, локални, но и странски корпорации при што секое искуство ми донесе нови вештини. Пример од помалите компании научив да се справувам со помалку ресуси, а да се постигнат резултати, од странските како да се работи структурирано и прецизно, па така денес имам самодоверба и можам да го воспоставам било кој работен процес од почеток и да го развивам, притоа да не ги запоставам членовите на мојот тим кои ми се најважни.

Creative Hub: На Академијата за човечки ресурси, регрутација и лидерство Вие ќе го предавате модулот People Analytics. Што беше пресудно да се одлучите да ја прифатите понудата и да бидете предавач токму во Creative Hub?

Ана: Едукацијата секогаш ме привлекувала, а и во текот на работењето имам помогнато на многу да се обучат, сметам дека лесно можам да пренесам знаење, а Creative Hub имаат флексибилен пристап во работењето и учењето и сметам дека Академијата ќе им донесе соодветни вештини на учениците брзо да се вклопат во работниот процес.

Creative Hub: Може ли малку да ни дадете информации околу програмата? Како ја структуриравте програмата за секој час да вклучува практични задачи?

Ана: Програмата вклучува теоретско запознавање со проблематиката, дискусија на конкретна тема, проверка на разбирањето на темите преку квизови и изработка на практични задачи, односно на секој од часовите се застапени сите начини на учење. Дополнително, секој ученик добива фидбек за сработените практични задачи со цел понатаму кога ќе наиде на слични проблематики во реалните работни
процеси да знае како да се справи со истите.

Creative Hub: На огласите за вработување се повеќе се бара апликантите да поседуваат практични вештини. Кои вештини ќе ги стекнат студентите на Вашиот предмет?

Ана: People Analytics е област преку која ќе ги утврдат познавањата од сите области во менаџментот на човечките ресурси, но од поинаква перспектива, односно ќе научат како да размислуваат аналитички и како треба сите предлози, одлуки и активности во доменот на работењето на оваа професија да бидат засновани на факти, а не на претпоставки со цел правилно да се советува бизнисот во носење на одлуките за вработените.

Creative Hub: Кој совет би им го дале на оние кои сакаат или размислуваат да започнат кариера во oбласта на човечки ресурси?

Ана: Оваа професија е за оние кои сакаат динамична работа, исполнета со постојана комуникација со луѓе, за што е потребно многу трпение, упорност, истрајност и подготвеност да се нема одговор на сите прашања и потреби на вработените и бизнисот, а постојано да се надградува и стекнува нови вештини.

⚠️ Потсетување : Новата група студенти на Академијата за човечки ресурси, регрутација и лидерство започнуваат на 23 мај ⚠️

Аплицирај најдоцна до 22 мај и искористи 500 ЕУР попуст при упис на ЕУ Сертифицирана програма.

     Информирај се повеќе за програмата 📌

состанок

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This