fbpx

Подемот на remote вработување – Запознај се со третиот панелист на HR Meetup-от Ивана Фрост Гашева

Чест и задоволство ни е да ве запознаеме и со третиот а воедно и последен панелист на панел дискусијата „Подемот на remote вработување “  Ивана Фрост Гашева. Ивана е личност која повеќе од 11 години од својот живот ги поминала работејќи во областа на човечки ресурси. Влезот на настанот е бесплатен, но останати се уште […]
Ивана Фрост Гашева панелист на панел дискусијата „Подемот на remote вработување “
09.29.2023

Чест и задоволство ни е да ве запознаеме и со третиот а воедно и последен панелист на панел дискусијата „Подемот на remote вработување “  Ивана Фрост Гашева. Ивана е личност која повеќе од 11 години од својот живот ги поминала работејќи во областа на човечки ресурси.

Влезот на настанот е бесплатен, но останати се уште само 4 карти затоа доколку сакаш да присуствуваш регистрирај се овде.

Повеќе за тоа која е Ивана, предизвиците со кои се соочила и лекциите кои ги научила, како и за моменталните трендови во индустријата – прочитај во прилог.

Background и експертиза

Creative Hub: Можете ли да споделите краток преглед на вашиот background и експертиза во темата што ќе ја дискутираме на настанот? Кои искуства или квалификации ве доведоа до вашата моментална кариера?

Ивана: Работам како ИТ Регрутер повеќе од 11 години и постојано беше трка со времето и пазарот на кој бев. Започнав на US пазар, па потоа Европа и на крај пред 6 години најголемото искуство за мене беше на UK пазар. Практично ни ние не знаевме каде припаѓаме, од една страна дел од голема компанија ориентирана кон производи, која иницијално имаше замисла да бидеме дел од in house процесот, но со финансии одделени како start-up. Малку чудно зарем не   Бидејки бевме само двајца во „компанијата„ решивме да се поделиме кој што ќе работи така што еден зема обврска да работи Business Development Side а другиот Recruitment 360 и почнавме да аплицираме секаде, додека не добивме шанса да го имаме првото вработување за Deloitte IT Department и потоа можноста да бидеме едни од првите 5 direct suppliers за Deloitte hubs. 

Сето тоа траеше до јуни 2020 кога короната го зема најголемиот замав и моравме да ја прекинеме соработката поради lock down. Во меѓувреме контактите кои се градеа толку долку време почнаа да имаат свој допринос и да наоѓаме соодветни начини како да не запре работата  

Искрено отвореноста, искреноста, многу пати и деноноќното работење, како и вербата во тоа што се работи се резултат на сето ова денес. 

Инаку кога сме кај стручната спрема, имам завршено фактутет за Маркетинг Менаџмент и МБА Human Resource со малку специфична тема.

 

Значајни достигнувања

Creative Hub: Дали би можеле да истакнете едно или две значајни достигнувања или проекти на кои сте работеле поврзани со нашата тема за дискусија? Што научивте од тие искуства?

Ивана: Едно од поголемите ако не и најголемото искуство беше развивање на самиот Department Remote Sourcing во Right People Group. Зошто? Скандинавија во целост сака и почитува многу да работи со домашен пазар. Нашата задача беше да им доловиме на клиентите дека и со remote workers ќе може да го добијат истиот квалитет на сработеното, агилноста, тимско работење…. Сето тоа бараше многу ангажмани, односно организирање на meet ups и постепено будење на свеста на пазарите кои се малку затворени на тој повик. Е сега веќе се стекна доверба, беа одработени неколку успешни “тест” проекти и дури успеавме да дојдеме до точка каде и во јавни установи и на јавни тендери може да се аплицира со remote consultants.

 

HR Meetup на 30 септември

Регистрирај се за настанот овде!

 

Предизвици и лекции

Creative Hub: Во вашето кариерно патување, дали наидовте на некои особено предизвикувачки ситуации или неуспеси поврзани со темата на дискусија? Како ги надминавте и какви поуки извлековте од тие искуства?

Ивана: Предизвици секогаш имало и ќе има. Секој ден е приказна за себе на овој или оној начин. Требаше скоро две години да некако се прифати начинот дека луѓето ќе седат дома удобно и ќе куцкаат цел ден. Уште има такви кои не прифаќаат, но и компании кои ја даваат слободата ама не знаат како да се однесуваат со неа во целост.

Нема откажување во ниту еден сегмент.

Тековни сознанија и трендови

Creative Hub: Кои се некои неодамнешни случувања или нови трендови во вашето поле што ги сметате за особено возбудливи или вредни за внимание? Како гледате дека овие трендови ја обликуваат иднината на remote вработувањето?

Ивана: Mожам да истакнам некои трендови кои се појавуваат во регрутирање и далечинско вработување:

  • Посвојување работа на далечина: Можностите за работа на далечина се сè почести, пандемијата COVID-19 го забрза овој тренд. Претпријатијата усвоија флексибилни работни аранжмани, кои имаат значително влијание врз стратегиите за регрутирање.
  • Виртуелно регрутирање и onboarding: Многу организации започнаа да спроведуваат интервјуа, проценки и onboarding процеси практично. Ова им овозможува да ги намалат географските ограничувања.
  • АI и Automation: Алатките управувани со AI се користат за продолжување на скринингот, chatbots за првични интеракции со кандидати и анализа на податоци за подобрување на одлуките за вработување. Овие технологии го рационализираа процесот на регрутирање.
  • Разновидност и вклучување: Се зголеми акцентот на различноста и вклучувањето во регрутирањето. Претпријатијата активно работат на елиминирање на пристрасноста во нивните процеси на вработување за да создадат поразновидни и рамномерни работни места.
  • Gig Economy & Freelancing: Гиг економијата се проширува, а претпријатијата се поотворени за вработување на фриленсери и договорни работници за одредени проекти. Платформите за поврзување на фриленсери со работодавачите се во пораст.
  • Вештини засновани на вработување: Работодавците го префрлија својот фокус од традиционалните акредитиви на вештини базирани на вработување. Тие се повеќе заинтересирани за способностите и искуствата на кандидатите, а не само за нивното формално образование.
  • Искуство на вработените: Претпријатијата го приоритизираа искуството на вработените за да го привлечат и задржат врвниот талент. Ова вклучува понуда на флексибилни распореди, опции за далечинска работа и други бенефиции надвор од традиционалниот надоместок.

 

Уписите на Академијата за човечки ресурси се во тек, доколку сакаш да се приклучиш јави се на 071 214 849 или регистрирај се на нашата веб-страница и ќе те контактира нашиот координатор.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This