fbpx

Саше е многу посветен ментор и сите нејаснотии ни ги објаснуваше преку примери

Во овој блог ви го пренесуваме искуството на Леон Бајрамов, студент на Академијата за фронт-енд програмирање. Новата група на Академијата за фронт-енд програмирање започнува во февруари. Super Early Bird цената важи до 30 ноември! Какво е досегашното искуство на Леон на Академијата за фронт-енд програмирање прочитај во прилог. Истражување, истражување, истражување Creative Hub: Зошто се одлучивте […]
11.08.2023

Во овој блог ви го пренесуваме искуството на Леон Бајрамов, студент на Академијата за фронт-енд програмирање.

Новата група на Академијата за фронт-енд програмирање започнува во февруари.

Super Early Bird цената важи до 30 ноември!

Какво е досегашното искуство на Леон на Академијата за фронт-енд програмирање прочитај во прилог.

Истражување, истражување, истражување

Creative Hub: Зошто се одлучивте да се запишете на Академијата за фронт-енд програмирање?

Леон: Па, пред да се запишам на Академијата, многу истражував за кодирањето, се сретнав со front-end, back-end, full-stack итн. Но, со некое подлабоко истражување сфатив дека треба да се почне од основните работи како што се HTML и CSS.

 

Научивме да искодираме статички и респонзивни веб страни

Creative Hub: До сега ги имате поминато модулите HTML/CSS и Bootstrap. Што успеавте да научите од нив?

Леон: Со HTML и CSS научивме да искодираме статички и респонзивни веб страни, да им додаваме интересни позадини, слики, копчиња, картички и ред други работи. Со Bootstrap научивме за веќе генерирани класи, како што се nav menu, buttons, carousels, forms и уште многу други корисни работи.

 

Презадоволен сум од предавањата на Саше

Creative Hub: Ментор на овие модули е Саше Митковски. Како би ги опишале неговите предавања и дали сте задоволни од Саше како ментор?

Леон: Па да… Со Саше поминавме многу материјал, реално сум презадоволен од неговите предавања затоа што беше многу посветен на истите, имаше одговор на сите прашања со подлабоко објаснување и неколку примери се додека не ни беше доволно јасно.

 

Вежбите се многу важни за усовршување на целиот материјал

Creative Hub: Покрај предавањата што ги имате во текот на неделата имате и дополнителни вежби секоја сабота со асистентот Никола. Колку сметате дека овие вежби се важни за усовршување на она што се учи во текот на неделата?

Леон: Дефинитивно вежбите што ги имаме во сабота со Никола се многу важни за усовршување на целиот материјал што претходно се изучува во текот на неделата. Вежбите на Никола се добри, опфаќаат од се по нешто што имаме учено не само во последната недела.

 

Академија соодветна за секој почетник

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?

Леон: За секој почетник кој би сакал да се сретне со основите на Front-End програмирање дефинитнивно би ја препорачал Академијата.

Повеќе за искуството на Академијата за фронт-енд програмирање слушни и од други студенти:

Интервју – Ангела Краљевска

Интервју – Марија Трајковска

Интервју – Катерина Трифуновска

Интервју – Јована Додевска

На Академијата за фронт-енд програмирање за 12 месеци ќе стекнеш вештини и ќе можеш да започнеш кариера како јуниор фронт-енд девелопер. Ќе научиш HTMLCSSBootstrapGitJavaScriptTypeScript и React js.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This