Денес разговараме со Мартин Трајковски студент на Академијата за Front-End е дипломиран правник којшто сака да го збогати своето знаење во областа на Front-End програмирањето.
“Како минува времето сфатив дека Интернетот станува сѐ поактуелен и мојот интерес да научам повеќе како веб-страниците функционираат и како тие страници се изградени се зголеми.“ – вели тој, изразувајки ја неговата мотивација поради која се одлучил да се запише на Академијата за Front-End.
⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Front-End започнуваат на 23.05.2023 ⚠️
Кликни подолу и аплицирај за попуст од 300€
Во прилог прочитајте го целосно интервјуто со Мартин.
Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!
Мартин: Јас сум Мартин Трајковски дипломиран правник на Европски Универзитет-Скопје, плус специјалист по национална безбедност на истиот универзитет. Моментално вработен во Министерство за внатрешни работи, како помлад советник во одделение за управни работи.
Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за Front-End?
Мартин: Како минува времето сфатив дека Интернетот станува сѐ поактуелен и мојот интерес да научам повеќе како веб-страниците функционираат и како тие страници се изградени се зголеми.
Creative Hub: Што за Вас ја издвојува Front-End професријата за разлика од другите?
Мартин: Функционирањето на web страните и флексибилноста на работата.
Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?
Мартин: Направив истражување на повеќе академии и истото не траеше повеќе од неколку дена.
Creative Hub: После истражувањето, што го издвои Creative Hub од останатите и што Ве предизвика да го направите изборот за да се запишете кај нас?
Мартин: Откако ги гледав воведните часови сфатив дека вашата академија најмногу ми одговара, а воедно имав и доста препораки од блиски пријатели.
Creative Hub: Веќе сте 5 месеци дел од академијата, што успеавте да научите до сега?
Мартин: За тие 5 месеци научив повеќе отколку што очекував и сфатив дека можам да го надоградувам моето знаење и тоа да биде мојата идна професија.
Creative Hub: Дали можете да ни објасните како се одвиваат предавањата со Вашиот прв ментор Саше Митковски?
Мартин: Предавањата беа беспрекорни, во секое време можевме да го прекинеме и да прашаме што не ни е јасно и никогаш не учевме ништо ново додека добро не го совладаме стариот материјал и со тоа не мотивираше да учиме и да се трудиме повеќе.
Creative Hub: Секоја сабота хибридно имате по 3 часа вежби во нашите простории со асистентот Никола Ризовски. Дали може да ни кажете какво Ви е искуството до сега? Дали е добро да се работи и со асистент? Колку тоа помага во совладување на материјата?
Мартин: Сработеното во текот на неделата го вежбавме во саботите и се тоа допринесуваше да учиме од нашите грешки, а исто и асистентот ни укажуваше на грешките, па сметам дека тоа дополнително ни помагаше во подобрување на нашите знаења.
Creative Hub: Вашиот предавач Сашо, Ве рангираше како студент на месецот, какво чувство буди тоа кај Вас?
Мартин: Пријатно изненаден и дополнително мотивиран.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?
Мартин: Да, веќе го правам тоа.
Доколку интервјуто со Мартин те инспирираше и поттикна да сакаш да дознаеш нешто повеќе за програмата на Академијата за Front-End програмирање те покануваме да закажеш состанок со нашиот координатор овде или јави се на 071 214 849.
На понуда имаме 2 програми:
САМО АКАДЕМИЈА каде можеш да се стекнеш со Creative Hub сертификат.
ЕУ СЕРТИФИЦИРАНА АКАДЕМИЈА каде покрај Creative Hub сертификатот се стекнуваш и со Eвропска диплома со ЕКТС кредити.
Закажи Online Состанок