fbpx

Би ја препорачала Академијата за фронт-енд програмирање на сите што сè уште не нашле нешто што им одговара

Дали некогаш во животот сте се чувствувале како да не сте на вистинското место и не го правите она што 100% ве исполнува? Не знаете што понатаму со животот? Имате доста слободно време што сакате паметно да го искористите? Во таква состојба се нашла токму Марија, нашиот студент на Академијата за фронт-енд програмирање. 12 месеци […]
Студент од Академија за фронт-енд програмирање
09.19.2023

Дали некогаш во животот сте се чувствувале како да не сте на вистинското место и не го правите она што 100% ве исполнува? Не знаете што понатаму со животот? Имате доста слободно време што сакате паметно да го искористите? Во таква состојба се нашла токму Марија, нашиот студент на Академијата за фронт-енд програмирање.

12 месеци до јуниор фронт-енд девелопер!

12 месеци предавања + 1 месец реални проекти + 2 недели курс за вработување + стажирање и гарантирана работа

Какво е досегашното искуство на Марија на Академијата за фронт-енд програмирање прочитај во прилог.

Имав доста слободно време што сакав да го искористам паметно

Creative Hub: Марија, во моментов работите како маркетер. Што е она што Ве поттикна да се запишете на Академија за фронт-енд програмирање?

Марија: Повеќе фактори и причини играа улога, но ќе ја спомнам главната – фактот што имам 27 години и сè уште не сум си го нашла местото под сонцето, односно не знам што би сакала да правам понатаму во животот. И тоа е во ред, уште сум млада и сега е вистинскиот период да се експериментира со кариера и работа. Во одреден период сфатив дека немам некои реални проблеми, животот ми е целосно под контрола и имав доста слободно време што сакав да го искористам паметно. Започнав да разгледувам некои идеи со што би можела да си го надополнам времето и случајно видов една реклама за Aкадемијата, и решив да закажам консултација да видам за што се работи.

Читнав малку на интернет, и видов дека апсолутно ништо не ми е познато, се звучеше непознато за мене и знаев дека тоа е тоа што го барав. Нешто ново, нешто тотално спротивно од тоа што сум го работела до сега и нешто што ќе ми предизвика чувство на постигнување и предизвик.

Така и се запишав, без многу размислувања. Јас верувам во тоа дека колку повеќе размислуваме за одредени работи, толку повеќе се оддалечуваме од нив.

 

Со HTML научивме да ги поставиме темелите и структурата на една веб-страна

Creative Hub: До сега ги имате поминато модулите HTML/CSS и Bootstrap. Што успеавте да научите од нив?

Марија: Ги поминавме модулите HTML/CSS и Bootstrap и научивме многу. Со HTML научивме да ги поставиме темелите и структурата на една веб-страна, како да користиме одредени тагови кои можат да ни го олеснат процесот, научивме за правилна и неправилна употреба на елементи и тагови.

Со CSS, научивме како преку бои, елементи, анимации, позадини и фонтови,  да ја “оживееме” таа веб-страна и да ја пренесеме вистинската порака. Тука научивме многу како да размислуваме како програмер, на што треба да внимаваме, учевме за естетика и изглед, и правилна поделба на страната.

Потоа Bootstrap framework многу ни помогна со тоа што сите ние имавме идеи, но не знаевме точно како да ги оствариме тие идеи. Bootstrap мене лично многу ми помогна со тоа што имаше начин за полесно да се направи респонзивноста на една веб-страна (нешто заради кое сум имала кошмари). 😄

Саше е одличен ментор и секогаш е спремен за сите наши прашања

Creative Hub: Ментор на овие модули е Саше Митковски. Како би ги опишале неговите предавања и дали сте задоволни од Саше како ментор?

Марија: Водење на група млади луѓе од кои што повеќето прв пат се соочуваат со материјалот не е лесна работа. За Саше имам само позитивни коментари, одличен ментор, супер беа организирани предавањата од негова страна. Многу ми се допадна тоа што споделуваше корисни информации и ни ги поврзуваше работите со работи кои ни се познати, споделуваше примери каде би можеле да го сретнеме тоа што го учиме со цел подобро да го разбереме.

Многу голем впечаток ми остави тоа што Саше секогаш беше спремен за сите наши “глупави” прашања, беше полн со трпение кон нас, и секогаш беше достапен за нас.

 

Вежбите беа голем предизвик за нас

Creative Hub: Покрај предавањата што ги имате во текот на неделата имате и дополнителни вежби секоја сабота со асистентот Никола. Колку сметате дека овие вежби се важни за усовршување на она што се учи во текот на неделата?

Марија: Според мене, вежбите во сабота се задолжителни. Само преку континуирано учење и вежбање може да се совлада материјалот во целост и да се разбере.

Саше имаше кажано неколку пати дека секој има свој начин на кодирање, и една обична задача што би била дадена на 10 студенти, би можела да има 10 различни начини на решавање. Секоја сабота вежбите беа голем предизвик за нас и ми се допадна тоа што Никола секогаш вклучуваше некои поодминати лекции со цел да го повториме знаењето и да не ги заборавиме.

Никола работеше на свој начин, ние на наш начин, но секогаш учевме нешто ново и од него.

Предизвикот што го барав го најдов со Академијата

Creative Hub: Кои се вашите планови по завршување на Академијата?

Марија: Уф, јас сум најлошиот човек да се праша за ова прашање. 🙂 Немам конкретни планови за иднината, гледам да не планирам однапред и да дозволам моменталната ситуација и чувства да влијаат на одлуките. Ова можеби звучи несериозно, но според мене, тоа што ќе се работи треба да се сака да се работи и да се прави со ќејф. Моментално сметам дека сум на вистинскиот пат, дека можеби ова е тоа што треба да го правам, но немам доволно искуство за да кажам точно.

Сега за сега, мислам дека тој предизвик што го барав, тоа нешто што ми недостасуваше во животот,  го најдов со Академијата за фронт-енд програмирање.

Академијата ја препорачувам на сите оние кои бараат промена во нивниот живот

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?

Марија: Дефинитивно. Би ја препорачала на оние кои се слични на мене и сè уште се во потрага по тоа што се тие всушност, би ја препорачала на сите што барем еднаш во животот рекле “не знам што да правам, ништо не ми е интересно”, би ја препорачала на сите што смениле десетици работни места до сега и сè уште не нашле нешто што нив им одговара, на сите кои ја бараат промената во нивниот живот, на сите кои сакаат да учат, да бидат мотивирани и да се соочуваат со предизвици секојдневно.

 

 

Дали ти се допадна интервјуто со Марија, но сепак не успеа да одлучиш дали Академија за фронт-енд програмирање е вистинскиот избор за тебе?

Закажи состанок со поранешен студент и прашај сѐ што те интересира.

                      

 

За повеќе информации за програмата Академија + Работа закажи разговор со нашиот програмски координатор Стојанчо.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This