fbpx

Презадоволна сум од Академија за графички дизајн на Creative Hub

Дали вреди да се запишеш на Академија за графички дизајн ?
академија за графички дизајн

Која е Маријана Цветковска?

Денес разговараме со најмладиот учесник на Академија за графички дизајн, Маријана Цветковска. Маријана живее на релација Скопје – Гевгелија поради тоа што учи во средното училиште “Јахја Кемал” во Скопје. Маријана е млада и амбициозна девојка, која што паралелно посетува и Академија за графички дизајн. Причината зошто се запишала на Академијата е токму за да ја развие креативноста и еден ден да има свое дизајн студио. Предавањата ги следи онлајн, два пати неделно преку онлајн платформата на Creative Hub. Досега има работено на неколку кампањи, меѓу кои и “Кампања против насилство на жени” и лого дизајн за новиот сајт за достава на храна isporaka.mk . Во престојниот период Маријана ќе биде дел и од Брендинг Хакатонот во организација на дизајн Академијата. Во текот на Академијата ќе биде дел и од Хакатонот за “ Ре-брендирање” како и ќе работи на маркетинг симулации. 

Досега има слушано три предмети односно Фотографија со Мартин Трајановски и Adobe Photoshop & Adobe Illustrator со Маја Цветковска, Adobe Certified Instructor & Expert. 

Не учиме само како да станеш дизајнер, туку и претриемач

Creative Hub: Маријана, најпрво би сакале ни кажете нешто повеќе за Вас и зошто Вие ја избравте токму нашата Академија за графички дизајн?

Марија Цветковска:  Моето име е Маријана Цветковска,имам 18 години и сум ученичка во средно училште “Јахја Кемал Колеџ”. Јас ја избрав токму оваа Академија за графички дизајн бидејќи сметам дека нуди можности. Една од тие можности е самата предност дека можеме да извадиме поука од тоа како е да се биде претприемач. Понатаму учиме како можеме да направиме вистинска разлика и можеме да оставиме трага на целиот свет со тоа што можеме да ја истакнеме нашата креативна работа.

Академијата за графички дизајн не е само програма која вклучува техничка спрема на студентите. Во вториот семестар се работи на  “think-outside-of-the-box” концепт на смислување на адвертајзинг кампањи. Студентите анализираат победнички адвертајзинг решенија кои освоиле Кански Лав ( https://www.canneslions.com ) , награда која се стремат да ја освојат сите маркетинг агенции во светот. 

Предавачите на Академија за дизајн не мотивирааат континуирано

Creative Hub: Колку сте задоволни од досегашните предмети на Академијата и што можете да ни кажете за предавачите на истата?

Маријана Цветковска:  Презадоволна сум! Нашите предавачи се пред се и наши мотиватори, а воедно и пријатели и не потикнуваат да го дадеме најдоброто од себе.

Постојат многу експерти и професионалци, но не се сите еднакво добри во пренесување на знаењето. За да бидеш добар предавач, потребно е да бидеш и педагог. Со сите наши предавачи пред да бидат ангажирани на Академијата работиме на делот на начинот на пренесување на знаењето на студентите и на развивањето техники за истото. Предавачите доаѓаат од различни животни искуства и тоа е дополнителен бенефит на студентите бидејќи можат да учат дизајн, но и да стекнат круг на колеги. 

Мартин Трајановски е познат fashion фотограф и инфлуенсер, личен фотограф на Тамара Тодевска и голем број музички ѕвезди. Маја Цветковска има над 20 години искуство во печатници, маркетинг куќи, но и како предавач и сертифициран Adobe expert. Владимир Лазороски работи во креативниот дел на најголемата светска маркетинг куќа Saatchi & Saatchi. Радмила Павловска долги години беше маркетинг директор во Гемак, и менаџираше позиционирање на брендови како Johnie Walker, Smirnoff, J&B, Ballantines… Мирослав Славковски е Фејсбук експерт по таргетирање и раководење реклами на социјални медиуми. 

Работиме на реални кампањи значајни за општеството

Creative Hub: Вие учевствувавте на Кампањата “Против насилство на жената” организирана од нашата Академија за графички дизајн. Кои се вашите лични впечатоци од работењето на една ваква кампања за време на Академијата?

Маријана Цветковска: Да, учествував и моето мислење на таа кампања е дека истакнува многу силна порака до светот.  Преку кампањата ќе се истакне правото на жената, а воедно и да се даде до знаење дека жената не е сама. Насилството не е начин на еден здрав живот за една индивидуа. Секој од нас треба да знае дека има можност за нормален живот. 

Кампањата “Против насилство на жената” беше првата кампања на која работеа нашите студенти. Под маски, еден на еден и во услови на целосна дезинфекција ги сликаа моделите во нашето студио. Потоа ја видеа својата слика објавена на социјалните медиуми, билборд, портали итн. Ова е значајно за да ја добијат “големата слика” на тоа од една фотографија што може да произлезе. Овие кампањи во своето портфолио ќе им послужат утре кога ќе аплицираат за вработување или пак за работа како фриленсери.

akademija za graficki dizajn
Финалниот дизајн од Кампањата против Насилство врз жени на која работеа студентите на Академијата за графички дизајн

Живеам на релација Гевгелија-Скопје и одлично ги следам онлјан предавањата

Creative Hub: И за крај, како успевате да ги следите предавањата на Академијата, со оглед на тоа што сте по потекло од Гевгелија, a предавањата се онлајн?

Маријана Цветковска: Моментално се наоѓам во Скопје и немам проблем со следење на онлајн часови. Но без разлика дали сум во Гевгелија или Скопје секогаш имам простор и време да ги следам сите часови. Сите видеа по предавањата ни се достапни, па можам да ги прегледам и по завршувањето на часот. 

По завршувањето на часовите, администраторите ги испраќаат сите снимени материјали на студентите на сите Академии. Ова е од особен бенефит бидејќи студентите имаат можност да ги прегледаат по неколку пати. Покрај онлајн предавањата, Creative Hub користи и Classroom платформа за домашни задачи. Тука и предавачите ги оценуваат проектите, даваат фидбек и оставаат дополнителни материјали. 

Да сумираме…

Дали вреди да се запишеш на Академија за графички дизајн ?

Од интервјуто со нашиот студент Маријана Цветковска на Академијата за графички дизајн можеме да ги пренесеме следните искуства. Следењето на онлајн предавања не претставува проблем, напротив бенефит за оние кои постојано патуваат. Независно дали си 18 или 38 години оваа Академија може да ја следи секој. Она што најмногу им се допаѓа на студентите на Академијата за дизајн е работењето на реални проекти. Преку ова тие стекнуваат искуства и го зголемуваат своето портфолио. Предавачите се значаен аспект од работата со студенти односно тие се тука да ги мотивираат студентите. И за крај, континуирано мерење на задоволството на клиентите преку овие искуства кои ги пренесуваме е доволен доказ за квалитетот на Академијата за графички дизајн. Академијата за графички дизајн на студентите им овозможува да стекнат компетенции и да работат од дома на “freelance” платформите. 

Поврзани постови

Како до повисок Е-mail Open Rate?

Како до повисок Е-mail Open Rate?

E-mail маркетингот, кој е неверојатно популарен кај големите но и мали бизниси, е дел од листата најдобри маркетинг стратегии. Зошто е толку популарен?

          Pin It on Pinterest

          Share This