fbpx

Продавач со желба за кариера како Front-End developer

Виолета Ристова студент на Академијата за Front-End е упорна и борбена мајка која што иако израснала без можност за високо образование, константо се труди да стекне нови знаења и вештини. Нејзината желба за учење и уживањето во работа со броеви и податоци ја навеле да се запише на Front-End Академијата и да сака во иднина […]
Од продавач до Front-End Developer
03.22.2023

Виолета Ристова студент на Академијата за Front-End е упорна и борбена мајка која што иако израснала без можност за високо образование, константо се труди да стекне нови знаења и вештини. Нејзината желба за учење и уживањето во работа со броеви и податоци ја навеле да се запише на Front-End Академијата и да сака во иднина да работи на позиција како Front-End developer.

Причината поради која Виолета го одбрала Creative Hub и Академијата за Front-End е бидејќи смета дека нудиме најдобра програма, имаме професионални предавачи и многу битно нудиме помош при вработување односно имаме програма за вработување, можност за плаќање на рати како и многу други поволности.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Front-End започнуваат на 23.05.2023 ⚠️

Аплицирај за 300€ попуст овде

Попуст

Продолжи да читаш доколку сакаш да ја слушенеш приказната на Виолета и да дознаеш какво е нејзиното досегашно искуство на Front-End Академијата.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Јас сум Виолета Ристова од Виница. Мажена, мајка на две деца. Потекнувам од семејство во кое немав можност за високо образование. Но со завршувањето на средното училиште не заврши и моето образование.  Постојано посетував курсеви, и секојдневно учев нови работи. Започнав со бесплатен курс за компјутери во здружението ,,ИНИ” од Виница. Додека одев на училиште го учев францускиот јазик, а голема желба имам да го знам англискиот јазик. Затоа подоцна посетував курс по англиски, стасав до 6-ти степен.

Броеви, работа со податаци ми се омилени. Завршив курс за сметководство во институт Практикум. Потоа посетував курс за напреден excel, завршив курс за програмскиот јазик С++ и сега моментално ја следам академијата за Front-End.

Досега работев како продавач во продавница за бела техника, плочки и санитарија. Сега моментално работам сезонски во Италија, и знам со сигурност дека наредната година ќе работам како Front-End developer.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за Front-End?

Виолета Ристова: Повеќе сакав да се запишам на Data Science, но во тој период ја немаше таа академија, а јас едноставно сакав да учам нешто, и така испадна да се запишам на Front-End. Но морам да признам, интересно ми е и мислам дека тоа ќе ми биде како основа за учење на нови нешта.

Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?

Виолета Ристова: Пред да се запишам на Front-End академијата на Creative Hub, подолго време следев и разгледувам многу компании кои нудеа курсеви и академии.

Creative Hub: После истражувањето, што го издвои Creative Hub од останатите и што Ве предизвика да го направите изборот за да се запишете кај нас?

Виолета Ристова: Се одлучив за Creative Hub, бидејки имаат најдобра програма, професионални предавачи, нудат помош при вработување после завршувањето на академијата, имаат можност за плаќање на рати и многу други поволности.

Creative Hub: Веќе сте 5 месеци дел од академијата, што успеавте да научите до сега?

Виолета Ристова: Досега ги изучивме HTML, CSS, Bootstrap. Секако, тоа не се програмски јазици, но тоа е сепак доволно да направиме едноставна веб страна.

Creative Hub: Дали можете да ни објасните како се одвиваат предавањата со Вашиот прв ментор Саше Митковски?

Виолета Ристова: Предавањата ни се двапати неделно. Како што спомнав и предходно, нашиот ментор Саше е прекрасен предавач. Успева на наједноставен начин да ни ја објасни материјата за да можеме да ја разбереме. Има големо трпение кон нас, тивко и разбирливо ни одговара на прашања  што ги има веќе кажано. Покрај материјалот што го учиме, ни кажува на што треба да внимаваме во иднина, поточно, како идни програмери, да ги поседуваме карактеристиките и вештините  на добри програмери, и нашите кодови секогаш да бидат лесно разбирливи како за нас така и за нашите идни колеги.

Creative Hub: Секоја Сабота хибридно имате по 3 часа вежби во нашите простории со асистентот Никола Ризовски. Дали може да ни кажете какво Ви е искуството до сега? Дали е добро да се работи и со асистент? Колку тоа помага во совладување на материјата?
Виолета Ристова: Да, секоја сабота имаме час со вежби со Никола. Пофални зборови имам и за Никола, несебично го споделува своето знаење со нас, секогаш ни помага кога заглавиме некаде во кодот. Со задачите што ни ги дава, се труди да опфати повеќе работи од учениот материјал во една задача. На нас, понекогаш ни изгледа тешка вежбата, ни треба повеќе време да ја завршиме, но откако ќе ја завршиме, се ни е појасно а и чувството дека сме успеале е прекрасно. Работењето со асистент е од  огромно значење, бидејки ако нешто имаме пропуштено или недоволно сватено  на предавањата, на самите вежби преку задачи, односно пишување код, успеваме да го совладаме материјалот.
Creative Hub: Вашиот предавач Сашо Ве рангираше како студент на месецот, какво чувство буди тоа кај Вас?
Виолета Ристова: Прекрасно чувство. Неочекувано.
Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за Front-End програмирање?
Виолета Ристова: Front-End академија, како и сите други академии што ги нуди Creative Hub ги препорачувам на сите што сакат да влезат во IT- секторот.  Со програмите што ги има, за краток временски период од неколку месеци се учи материјал, со кој ние сме обучени и подготвени за работа. Јас лично кога започнав, немав никакво предзнаење, но не наидов на проблеми, бидејки  програмата е  едноставна и лесно разбирлива. Верувам дека предавањата кога би биле со физичко присуство би биле поинтересни. Но со on-line предавања, олеснето ни е на сите ние што не сме од Скопје.
Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?
Виолета Ристова: Одбрав ЕУ Академија без некоја посебна причина. Секогаш се трудам  да гледам пошироко. Со ЕУ сертификат, секако имаме поголеми можности за напредок, иако и во Македонија имаме многу компании во кои можеме да се вработиме.
Ако и твојата цел е да започнеш кариера како front-end developеr, но сè уште не знаеш од каде да почнеш те покануваме да закажеш разговор со нашиот координатор Стојанчо овде.

Што вклучува програмата на Академијата за Front-End програмирање:

  • HTML
  • CSS
  • Bootstrap
  • Git
  • JavaScript
  • jQuery
  • React Beginner
  • React Advanced

Закажи Online Состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This