fbpx

Најголемо очекување од Академијата ми е да направам проект на кој ќе бидам горда

Анѓела, студент на Академијата за UX/UI дизајн е личност која во текот на своето студирање на факултетот за безбедност, одбрана и мир сфатила дека повеќе се пронаоѓа во нешто креативно. За себе вели дека е емотивна личност и затоа она што највеќе ѝ се допаѓа во UX/UI дизајн е тоа што е потребна силна емпатија […]
09.13.2023

Анѓела, студент на Академијата за UX/UI дизајн е личност која во текот на своето студирање на факултетот за безбедност, одбрана и мир сфатила дека повеќе се пронаоѓа во нешто креативно. За себе вели дека е емотивна личност и затоа она што највеќе ѝ се допаѓа во UX/UI дизајн е тоа што е потребна силна емпатија и разбирање на луѓето, но и тоа што може многу да се помогне за решавање на секојдневните проблеми. Од Академијата очекува да излезе со проект на кој ќе биде горда и знаење кое може да го преточи во нешто свое.

Структура на програмата: 8 месеци предавања + Стажирање + Гарантирана работа

Во прилог прочитајте зошто Анѓела одбрала Академија за UX/UI дизајн, што ѝ се допаѓа кај оваа професија, по што се издвојува програмата на Академијата за UX/UI дизајн на Creative Hub и кои се нејзините очекувања.

Ми беше потребно нешто во коешто ќе можам да се изразам и со срцето и со умот

Creative Hub: Анѓела, Вие сте студент во завршна фаза на факултетот за безбедност, одбрана и мир. Што е она што Ве привлече во областа на UX/UI дизајн?

Aнѓела: Како што поминуваа овие четири години додека студирав, сѐ повеќе ја пронаоѓав и се поврзував со мојата креативна страна. Јас сум многу емотивна личност и ми беше потребно нешто во коешто ќе можам да се изразам и со срцето и со умот. Мислам дека UX/UI ми го дозволува токму тоа.

 

Секоја нова задача е различен предизвик

Creative Hub: Што најмногу Ви се допаѓа кај оваа професија?

Анѓела: Тоа што е потребна силна емпатија и разбирање на луѓето. Ми се допаѓа што може многу да се помогне преку решавање на секојдневни проблеми и тоа што секоја нова задача е различен предизвик.

 

Академијата за UX/UI дизајн се издвојува по тоа што се работи на многу реални проекти

Creative Hub: По што сметате дека се издвојува програмата на Академијата за UX/UI дизајн од програмите на останатите UX/UI академии на пазарот?

Анѓела: По посветеноста на целиот тим и по тоа што се работи на многу реални проекти. Исто така, конкретно на мојата програма се добиваат многу поволности што кај другите академии ги нема.

 

Направив сопствено истражување

Creative Hub: Како дознавте за Creative Hub?

Анѓела: Дознав по сопствено истражување.

 

Сакам знаењето да го преточам во нешто свое

Creative Hub: Кои се вашите очекувања од Академијата и кои се вашите планови по завршувањето?

Анѓела: Најголемо очекување ми е да направам проект на кој ќе бидам горда. Сакам знаењето да го преточам во нешто свое. Да запознаам луѓе кои ја делат истата пасија и еден ден да ги наречам колеги.

 

Студентите на Академијата за UX/UI дизајн работата на 5 реални проекти. Кои се тие?

За студентите на Само Академија, ЕУ Сертифицирана програма и Академија + Работа

  1. Практичен проект 1 – Твој продукт/лендинг страна:На почекотот на Академијата ќе избереш еден проект на кој ќе работиш во текот на целата Академија. Овој проект е твој избор!
  2. Практичен проект 2 – Лендинг страна: Во текот на Академијата ќе работиш на лендинг страна постоечка или целосно нова на добиен бриф од клиент.
  3. Практичен проект 3 – Стратегија: Работа со маркетер на постоечка лендинг страна, каде студентите треба да додадат нови 7 елементи и визуелно да ја подобрат.
  4. Практичен проект 4 – Дизајн: Студенитите работат на бриф добиен од реален клиент за да изградат лендинг страна, на која соработуваат со студенти од Фронт-енд.
  5. Практичен проект 5 – Продукт: Студенитите работат на бриф добиен од реален клиент се со цел да изградат веб апликација која потоа ќе биде искодирана од студентите на Фронт-енд Академија.

 

Дали ти се допадна интервјуто со Анѓела, но сепак не успеа да одлучиш дали Академија за UX/UI дизајн е вистинскиот избор за тебе?

Закажи состанок со поранешен студент и прашај сѐ што те интересира.

Creative Hub Student              Creative Hub Student

За повеќе информации за програмата Академија + Работа закажи разговор со Марија.

Creative Hub Student

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This