fbpx

Од личен развој до нови вештини за дигитален маркетинг

Областа во дигитален маркетинг, не е само вештина туку и искажување на твојата креативност.
дигитален маркетинг
01.22.2021

Денес продолжуваме со серијалот ”Задоволни студенти и нивните успешни приказни”. Тимот за дигитален маркетинг во Creative Hub денес разговара со Марија Даневска која е една од најдобрите студенти на нашата Академија за дигитален маркетинг. Таа досега работеше на неколку проекти во текот на Академијата. Иако сеуште ја нема завршено Академијата и предавањата, сепак денес го пренесува искуството досега и препораката за Академијата.

Прочитајте за искуството на Марија Даневска од почетокот на Академијата, до сега.

нови вештини преку академии во Creative HubCreative Hub: Марија, Вие немавте претходно искуство во областа на дигитален маркетинг. На Академијата веќе сте неколку месеци и завршивте со предметите Facebook Ads, Instagram Ads, Email Marketing, SEO. Дали до сега научивте доволно за да работите правилно со алатките за дигитален маркетинг?

Марија: Aкадемијата ми пружи шанса да се запознаам со областа во дигитален маркетинг, со дефинитивно најдобрите професори кои се трудат на секој можен начин да ни помогнат во секој момент. Мислам дека многу е важно да се учи од добри и успешни примери, а Академијата ми го овозможи тоа.

Creative Hub: Какви проекти изработивте на предметите на Академијата за дигитален маркетинг и дали сте задоволни од истите?

Марија: Работевме два проекти за предметот Facebook Ads со таргетирање на различни профили на луѓе и користење на аналитика преку Pixel. Работевме на неколку кампањи за MailChimp Емаил маркетинг софтверот и  за Klaviyo. Работевме на градење на хостинг, домаин, сетирање на блог на WordPress. Потоа пишувавме оптимизиран content и практично пробавме да оптимизираме блог на веб страна со техниките кои ги научивме на предметот Search Engine Optimization. Работевме на 5 кампањи за LinkedIn, а во моментов го слушам предметот B2B Lead Generation каде учиме да работиме Lead кампањи и да користиме CRM.

 

Creative Hub: Која оценка би си ја дале себеси знаејќи го вашиот напредок од почетокот на Академијата, до сега? И дали би ја препорачале Академијата на секој кој се размислува дали да биде дел од неа?

Марија: Оценката за мене оставам да ја кажат предавачите. Нормално дека Aкадемијата ќе ја препорачам на секој затоа што самата е задоволство.

Во текот на Академиите сите студенти се додадени на платформа за домашни задачи и проекти, кои се оценети со соодветен фидбек од самите предавачи на Академиите. Исто така, на платформата се прикачени материјали и книги потребни за часовите. Сите предавања се снимени со цел студентите да можат повторно да ги следат во било кое време. Доколку сте пропуштиле предавање по завршувањето на секое ќе добиете снимен материјал. Ова им помага на студентите на кои им е потребно да го преслушаат повеќе пати да го направат тоа.

Уписите за Академијата и пријавувањето се во тек. Контактирај не на +38971214849 или на contact@creativehub.mk

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This