fbpx

Првиот студент на Забрзаната програма на Академија за човечки ресурси

Денес со вас сакаме да го споделиме патешествието на нашиот алумни Елена Илиевска која беше и првиот запишан студент на забрзаната програма на Академијата за човечки ресурси. Нејзината посветеност и напорната работа и овозможија да по само 2 месеци на Академијата започне со работа на позиција како Human Resources Associate овде во Creative Hub. Ние […]
програма
02.24.2023

Денес со вас сакаме да го споделиме патешествието на нашиот алумни Елена Илиевска која беше и првиот запишан студент на забрзаната програма на Академијата за човечки ресурси. Нејзината посветеност и напорната работа и овозможија да по само 2 месеци на Академијата започне со работа на позиција како Human Resources Associate овде во Creative Hub. Ние сме компанија која го вреднува трудот на студентие и нивниот талент.

По 7 месеци работа во Creative Hub Елена започнува да работи како HR intern во компанија која е гигант во телекомуникациската индустрија. Но нејзиното патешествие не завршува овде. По завршената пракса таа започнува со работа на позиција како Recruitment Consultant во светски познатата компанија Accenture, а каде е таа денес и како изгледа еден нејзин работен ден прочитај во прилог.

Creative Hub: Елена, ти си еден од нашите најуспешни алумни со кого се гордееме. Пред точно една година ја заврши Академијата за човечки ресурси – Забрзана програма, всушност ти беше и првиот студент кој се запиша на Забрзаната програма. Денес сакаме со нас да го споделиш твоето искуство како регрутер. Кога би ја опишала твојата професија во една реченица како би изгледало тоа?

Елена: Пронаоѓање и поврзување на луѓето со нивните идеални работни позиции.

Creative Hub: Да те навратиме малце назад, која беше Елена, пред една ипол година, пред да се запише на Академија за човечки ресурси? Кажи ни нешто повеќе за твојот бекграунд пред Академијата и пред работното искуство на регрутер. 

Елена: Пред точно година ипол ги привршував моите студии на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје и се подготвував за одбрана на дипломскиот труд. Паралелно со тоа бев учесник во Младинската организација Ајсек во Македонија и истовремено работев. Беше доста интересен, динамичен период полн со учење и дружби, кој ми помогна да се стекнам со одлични навики и лекции кои денеска многу ми користат во секојдневниот живот. 

Creative Hub: Во Македонија има голем број на компании кои работат само регрутација. Кажи ни нешто повеќе за еден твој работен ден. Како изгледа?

Елена: Денот ми започнува со планирање и организирање на различните обврски. Тука се вклучени состаноци со активните клиенти, пронаоѓање односно сорсање на кандидати за активните позиции, конектирање и пишување персонализирани пораки и исто така вршење на интервјуа на кои се запознавам подобро со потенцијалните кандидати. Секако неизбежна е дружбата и по некое кафе со колегите 😊 

Creative Hub: Дали имаш работено регрутација за ИТ компании? Како изгледа твојот процес?

Елена: Воедно мојот прв клиент беше еден од најголемите гиганти во ИТ индустријата па оттаму и потекнуваат моите почетоци и подеталната конекција со ИТ индустријата. Што се однесува конкретно до процесот, може да биде различен зависно од самиот клиент. Поради тоа секогаш е потребна да се има одлична соработка и конекција со истиот за да може процесот да се одвива со одлична брзина и да биде успешен. 

Creative Hub: Ако треба да издвоиш еден сегмент од твојата работа што најмногу ти се допаѓа, кој би бил тој?

Елена: Како најомилен сегмент би го издвоила делот што помагам на некој да го промени својот живот на подобро со тоа што ќе ја пронајде својата работа од соништата. 

Creative Hub: Ако треба да издвоиш еден сегмент кој ти претставува најголем предизвик во твојата работа, што би издвоила? 

Елена: Понекогаш самиот предизвик е комплексноста на активната позиција која ја имате во моментот. Меѓутоа со одличен и детален research секој предизвик се завршува со успех. 

Creative Hub: На Академијата често се зборуваше за значењето на компаниска култура, но и тоа дека HR-от е тој што ја спроведува компаниската култура. Во каква компаниска култура сметаш дека е најпродуктивно да се работи, според твоето искуство ? 

Елена: Компаниска култура која е комбинација од фокус и вложување во развојот на своите вработени, отворена комуникација со истите и конструктивен фидбек кој сметам дека е еден од најважните елементи за остварување на големи успеси на една компанија. 

Creative Hub: Меѓу регрутерите често се споменуваат термини како headhunting, и executive search. Како се разликуваат овие од регрутација?

Елена: Иако главаната задача на овие термини е иста, а тоа е пронаоѓање на најдобриот кадар за активните позиции, сепак тие имаат и одредени разлики. Headhunters имаат за цел да пополнат high-level или executive позиции за нивните клиенти, додека регрутерите може да бидат одговорни за пополнувањето на различни нивоа на позиции. Понатаму, headhunters обично им приоѓаат на луѓето кои се веќе вработени, додека регрутерите често им пристапуваат на луѓето кои се отворени за нови вработувања. 

Creative Hub: Во Македонија, па и во светот најголем број кои користат специјализирани компании за регрутација се чини дека се ИТ компаниите. Какво е твоето мислење? Дали доминира ИТ секторот со побарувачка на вработени?

Елена: Можам да потврдам дека еден од најдоминантните сектори на пазарот е ИТ индустријата. Големиот број фактори, меѓу кои е постојаниот и забрзан развој како и еволуцијата на технологиите со кои се соочуваме денеска ја предизивкува зголемената побарувачка на кадар од овој сектор. 

Creative Hub: За крај, колку се променија работите во твојот живот после Академијата за човечки ресурси? Дали сметаш дека го направи правилниот избор што ја избра оваа професија и зошто?

Елена: Можам да кажам дека запишувањето на Fast-Track Академијата за човечки ресурси беше една од најдобрите одлуки донесени во мојот живот. Благодарение на квалитетната и одлична програма пропратена со голем број на практични задачи и проекти, мојата кариера во секторот за човечки ресурси започна по 2 месеци од отпочнувањето на Академијата за да на крајот бидам подготвена за мојот официјален прв предизвик како регрутерски консултант. 

 

програма

Аплицирај!

Creative Hub: Совет за сите оние кои се размислуваат дали да започнат кариера во човечки ресурси?

Елена: Доколку сакате динамична работна атмосфера, пропратена со интересни предизвици тогаш оваа кариера е за вас. А Creative Hub е дефинитивно местото кое благодарение на својот одличен кадар и програма ќе ви помогне да станете професионалец во овој сектор. 

Дали и ти како и Елена сакаш да градиш кариера во човечки ресурси?

Наредната група на Академијата за човечки ресурси започнува на 15.03.2023.

Можеш да се стекнеш со три типа на диплома:

Национална диплома – Академијата е официјално акредитирана од Центарот за образование за возрасни и МОН. Оваа диплома се добива со програмата Само Академија.

ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити. Сертификат кој што се добива на програмата ЕУ Сертифицирана Академија.

SHRM диплома – акредитирана и светски признаена диплома од The Society for Human Resource Management (SHRM). Диплома која се добива само на Fast-Track програмата каде добивате 1 на 1 индивидуални часови со ментор.

Закажи состанок со нашиот координатор Стојанчо и информирај се повеќе околку програмата на Академијата за Човечки Ресурси!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This