fbpx

Работа на реални кампањи преку графички дизајн

Преку реални кампањи до одлично портфолио! Денес можете да прочитате за искуството на студентката Фросина Трајаноска, која има најголема пасија да стане графички дизајнер. Сите сме и повеќе од свесни за големата потреба од графички дизајнери во денешницата. Затоа е потребно да имаме поставена цел, и се додека се стремиме да ја постигнеме, самиот успех […]
rabota na realni kampanji preku graficki dizajn
01.22.2021

Преку реални кампањи до одлично портфолио!

Денес можете да прочитате за искуството на студентката Фросина Трајаноска, која има најголема пасија да стане графички дизајнер. Сите сме и повеќе од свесни за големата потреба од графички дизајнери во денешницата. Затоа е потребно да имаме поставена цел, и се додека се стремиме да ја постигнеме, самиот успех ќе си дојде на виделина. Доколку и Вие сакате да ја развиете креативноста во себе, Академијата за графички дизајн е најдобриот избор за Вас!

На Академијата за графички дизајн ќе ги изучите сите потребни аспекти на графичкиот дизајн. Оваа Академија е во партнерство со најдоброто школо за дизајн во светот Miami Ad School. Една од нашите студентки, Тамара Ќуриќ, го продолжи своето школување таму и денес работи и живее во Берлин. Академијата се состои од: курс за Фотографија, Adobe Photoshop, Illustrator & InDesign, Advertising, UX UI Design, брендинг, типографија, припрема на печат и social media.

1. Фросина, Вие сте една од успешните студенти на нашата Академија за графички дизајн. Академијата за графички дизајн е програма базирана на реални кампањи по секој предмет. Зошто се одлучивте токму за Creative Hub Macedonia?

Фросина: Се одлучив за оваа Академија бидејќи подолго време ја следам работата и услугите на Creative Hub Macedonia. Вооочив дека тоа е местото каде што ќе можам да се надоградам себеси. Можам да кажам дека го направив правилниот избор со оглед на тоа што досега ја изучив половина од Академијата.

Фросина Трајановска е сестра на Теодора Трајановска која беше дел од Академијата за дигитален макретинг. Теодора најпрво ја посетуваше програмата на платена пракса, а потоа и се вработи во Creative Hub на позицијата на дигитален маркетинг специјалист.

2.  Вие бевте дел од студентите кои работеа и организираа реална Кампања “Против насилство на жената”. Како е да се биде дел од една ваква кампања, и да се работи за истата? Кое е вашето лично искуство?

Фросина:Работењето на оваа кампања беше тешко бидејќи како жена сочувствувам со оние кои поминале или сеуште поминуваат тоа насилствто. Но, во секој случај мило ми е што на некој начин можам да придонесам кон кампања која ја подига свеста за една тема која не е доволно разговарана во нашата држава. Многу ми значи што Creative Hub ми даде можност да работам на реална кампања и мојата фотографија/работа да биде објавена на билборд.

realna kampanja akademija za graficki dizajn realna kampanja protiv nasilstvo na zeni realna kampanja protiv nasilstvo na zeni realni kampanji protiv nasilstvo na zena

3.  Дали освен на оваа кампања, работите и на други проекти организирани од Академијата за графички дизајн?

Фросина:Да, се работи за многу интересен проект во соработа со “Intermezzo Bar” и Средното уметничко училиште. Наскоро ќе дознаете и подетално за тоа. 🙂

По завршувањето на предметот Фотографија, со предавачот Мартин Трајановски студентите беа поканети во студиото на Creative Hub. Во склоп на Академијата за графички дизајн, Creative Hub располага со целосно опремено студио кое можат да го користат студентите. Тука на различни позадини можат да вежбаат да фотографираат “head shots” или пак ре-дизајн на производи. Студиото студентите можат да го користат и за свои цели доколку имаат потреба. Јована Томовска е дипломиран студент на Академијата за графички дизајн и во моментов е на пракса по графички дизајн во Creative Hub. Сите фотографии од студентите се направени од неа во студиото на Creative Hub.

4.  Дали сте задоволни од искусните предавачи на Академијата за графички дизајн и интеракцијата за време на предавањата? Колку истите Ви помагаат во реални кампањи?

Фросина: Многу сум задоволна од предавачите на Графички дизајн. Со секој поминат час јас се повеќе и повеќе се надоградувам со знаење и сето тоа благодарение на нив го правам со поголема мотивација и инспирација. Една од најбитните работи е што, без разлика на тоа што наставата е онлајн, сепак знаењето од предавачите ни е успепно пренесено на нас-студентите.

Во моментов студентите работат на лого за сајтот за испорака на храна isporaka.mk . За таа задача добија бриф според кој треба да изработат брендинг. Ова е исто така реален проект и едно лого ќе биде избрано како победничко. Она што е значајно е дека покрај проектите студентите добиваат и голем број домашни во текот на предметите. Сите предавачи им даваат домашни задачи кои треба да ги сработат и да бидат подготвени за следниот час.

5.  Дали би ја препорачале оваа Академија на секој кој има пасија да стане графички дизајнер, а потоа и да најде работа. Секако доколку земеме во предвид бројот на реални кампањи и знаењето кое ќе го стекне во текот на Академијата?

Фросина:Секако, на секој кој има желба и пасија да стане Графички дизајнер со задоволство им ја препорачувам Академија што ја нудат Creative Hub Macedonia. Не само што ќе добиете реално искуство, туку и ќе добиете интернационално признаен сертификат.

За сите Академии Creative Hub доделува интернационално призната диплома со ЕКТС кредити. Оваа диплома го следи моделот на Европската комисија за неформално образование. Студентите на Академијата за графички дизајн истиот можат да го искористат при упис во странство. Зошто е значајно да имате сертификат со ЕКТС кредити? Доколку аплицирате за постдипломски студии во странство, а немате додипломски во областа на дизајн шансите да бидете примени се мали. Тука би земале во предвид дека на истиот ќе аплицираат и студенти кои имаат додипломски студии во дизајн. Но ако приложите диплома на неформално образование, акко сертификатот од Академија за графички дизајн на Creative Hub тогаш ќе докажете дека имате познавање не само од програмите туку од една целокупна програма. Кога ќе ги додате ЕКТС кредитите тоа ќе Ви овозможи подобар ранг на листата на апликанти.

Уписите за новата група се во тек. Погледнете ја програмата тука .

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This