fbpx

Работам во маркетинг и учам графички дизајн

Стани и ти дел од најпосетуваната Академија за графички дизајн. Биди дел од приказната на Creative Hub. Покажи ја креативноста, умешноста и трудот во сите реални проекти на кои ќе добиеш прилика да работиш.
дизајн

Во денешното интервју ја имаме честа да разговараме со нашата студентка Веронија Анѓелковска. Таа е дел од Академија за графички дизајн на Creative Hub. Отсекогаш се интересирала за предметите, па оттука и желбата да се запише на Академијата и да се стекне со знаење и искуство за графички дизајн. Веронија следи онлајн предавања, двапати неделно, преку платформата на Google . Досега била активно вклучена во „Кампањата против насилство за жени“ и тоа за неа претставува незаборавно искуство. Веронија се занимава со social media и дигитален маркетинг, па затоа надградувањето во овој сегмент би ѝ помогнал понатаму во кариерата.

Досега на Академијата ги има слушано предметите: Фотографија со Мартин Трајановски и Adobe Photoshop & Adobe Illustrator со Маја Цветковска, Adobe Certified Instructor & Expert. 

„Ја донесов вистинската одлука да се запишам на Академија за графички дизајн

Creative Hub: Веронија, за почеток, кажете нѝ нешто повеќе за Вас. Како се одлучите да се запишете на Академијата за графички дизајн на Creative Hub?

Веронија Анѓелковска: Искрено веќе подолго време се двоумев околу запишување на Академија за графички дизајн. Можам да кажам дека ме интересираа предметите кои се изучуваат но немав претходно знаење и искуство. Сега после неколку месеци поминати на Академијата со сигурност можам да кажам дека ја донесов вистинската одлука. За мене е многу значајно тоа што како некој што немал никакво искуство полека навлегувам во сфаќање и изучување на предметите. Искрено сум многу среќна и задоволна од самата себе.

Нешто што би кажала за мене е дека имам дваесет и една година. Професионално се занимавам со social media промоции и дигитален маркетинг. Избрав графички дизајн бидејќи е тесно поврзан со ова што го изучувам моментално.

Дигиталниот маркетинг и графчкиот дизајн неможат да се одделат. Секој што работи во маркетинг агенција знае дека за да може да комуницира креативно потребно е да има и основни познавања од графички дизајн. Голем број студенти по завршувањето на Академијата за дигитален заедно со уште еден колега од графички формираат boutique агенции. Ова им овозможува да го спојат знаењето и да работат заедно. Преку вештините на двете Академии се надополнуваат.

Пофални зборови за предавачите

Creative Hub: Кој е вашиот feedback во врска со предавачите на Академијата за графички дизајн?

Веронија Анѓелковска: Сите сме свесни за моменталната ситуација со Ковид-19 и тоа што наставата се одвива оналјн. Од моето искуство искрено имам само пофални зборови за предавачите и нивниот начин на предавање и труд.

Нашите предавачи се експерти во тоа што го работат, но истовремено се и добри педагози. Знаат на кој начин да ја доближат материјата поблиску до студентите и се трудат да бидат достапни и секогаш од помош. Нивните различни искуства фрлаат различно светло врз студентите. Не се учи само графички дизајн, се стекнуваат и животни вештини и предавања.

Многу е значајно предавачите да бидат и добри преносители на знаењето бидејќи има голем број експерти но имаат проблем да го пренесат знаењето на друг. Соработката со предавачите не застанува само на часовите или на фидбекот од менторските сесии. Напротив по завршувањето на програмата неретко организираме и испраќаме понуди за кампањи кои секогаш вклучуваат можност на студентите да изберат ментор. Дел од студентите бараат и дополнителни часови со Маја или Мартин кога имаат специфична задача на која треба да работат. Секогаш им излегуваме во пресрет. Во моментов во Creative Hub работи Јована Томовска, која оваа година заврши на Академијата за графички дизајн. Бидејќи дел од обврските вклучуваат работа со Фотографија, на Јована и овозможивме уште 5 дополнителни часови со Мартин за да го доусоврши фотографирањето на лица. Сите фотографии на новата серија интервјуа се токму изработени од Јована.

Искуство за паметење – кампања со важна порака

Creative Hub: Вие бевте дел од кампањата против насилство на жената, кажете ни какво е вашето искуство со работа на ваква кампања?

Веронија Анѓелковска: Да, бевме задолжени да направиме фотографии поврзани со темата со тоа што дававме наши идеи и ставови за да излезе пореална фотографија. Атмосферата беше опуштена благодарение на Мартин и моделот. Многу убаво искуство кое би сакала да се повтори.

Истата кампања беше објавена и пред билборд кај музичкиот бар Интермецо.

bilbord od akademija za graficki dizajn

Треба да се вежба и да се вложи труд

Creative Hub: Дали би ја препорачале оваа Академија на секој кој има пасија да стане графички дизајнер?

Веронија Анѓелковска: Би ја препорачала дефинитивно, може многу да се научи. Секако за успех треба да биде обострано тоа бидејќи и ние самите треба покрај предавањата да вложуваме труд и да вежбаме и дома.

Графичкиот дизајн доколку не се практикува се заборава. Adobe алатките се софтвери, но доколку не се користат континуирано после некое време ќе се памтат само основите. Затоа на сите студенти после  секое предавање им задаваме домашни задачи за да имаат време да го извежбаат тоа што го научиле. Тука можете да погледнете и видео од нашите предавачи и да се запознаете со нив.  Ќе слушнете и што ќе изработите на Академијата за графички дизајн и зошто Ви е тоа потребно.

Да заклучиме…

Академија за графички дизајн – дали и зошто да?

Преку развогорот со Веронија можеме да извлечеме неколку поенти.  Од нејзиното искуство дознаваме дека наставата и проектите се поврзани со реални теми од општеството. Со ова студентите го создаваат своето портфолио и работат на збогатување на истото. Ова е поттик и мотивација за напредок во кариерата како графички дизајнери, бидејќи покажува успешност и инволвираност. Како главен елемент се спомнува креативноста и тоа да се биде “активен на час” . “Од особена важност е да се работи напорно и да се вложува труд”, во интрвјуто зборува Веронија. Академијата за графички дизајн е порталот кон универзумот на иднината. Работењете од дома, на проекти за кои претходно само сте читале, никогаш не било полесно за достигнување. Првиот чекор е да се стане дел од една успешна приказна како оваа Академија.

Уписите за новата група се во тек, доколку сакате да ја погледнете програмата на Академија за графички дизајн кликнете тука.

Поврзани постови

Како до повисок Е-mail Open Rate?

Како до повисок Е-mail Open Rate?

E-mail маркетингот, кој е неверојатно популарен кај големите но и мали бизниси, е дел од листата најдобри маркетинг стратегии. Зошто е толку популарен?

          Pin It on Pinterest

          Share This