fbpx

Вештини кои би придонеле во развој на личната и кариерната патека во HR

Билјана, нашиот студент на Академијата за човечки ресурси веќе речиси две ипол години работи во областа на човечки ресурси како Workplace Experience Partner во Cylindo, но се запишала на Академијата бидејќи имала потреба од подлабоко запознавање со теоријата на човечки ресурси. Сака да ги надогради своите вештини што би придонело во развој на личната и […]
Вештини кои би придонеле во развој на личната и кариерната патека во HR
10.17.2023

Билјана, нашиот студент на Академијата за човечки ресурси веќе речиси две ипол години работи во областа на човечки ресурси како Workplace Experience Partner во Cylindo, но се запишала на Академијата бидејќи имала потреба од подлабоко запознавање со теоријата на човечки ресурси. Сака да ги надогради своите вештини што би придонело во развој на личната и кариерната патека во HR во компанијата во која моментално работи, а за програмата смета дека е соодветна за надоградување на вештините и на личности кои веќе работат во областа на HR.

Структура на програмата: 8 месеци предавања + 1 на 1 менторство + Гарантирана работа

Какво е досегашното искуство на Билјана на Академијата за човечки ресурси прочитај во прилог.

Надоградување на вештини кои би придонеле во развој на личната и кариерната патека во HR

Creative Hub: Билјана, Вие веќе работите во областа на HR, па која беше причината да се запишете на Aкадемијата за човечки ресурси?

Билјана: Причината поради која се запишав на Академијата за човечки ресурси беше потребата од подлабоко запознавање со теоријата на човечки ресурси, надоградување на вештини кои би придонеле во развој на личната и кариерната патека во HR во компанијата во која моментално работам.

 

Програмата е соодветна за надоградување на вештините и на личности кои веќе работат во областа на HR

Creative Hub: Земајќи во предвид дека веќе работите HR дали сметате дека програмата е соодветна и за надоградба на вашите HR вештини и зошто?

Билјана: Програмата е соодветна за надоградување на вештините и на личности кои веќе работат во областа на HR. Низ текот на часовите се сретнавме со различни ситуации во HR, се запознаваме со нови трендови и практики. Непрекинато образование може само да ни помогне да сме во тек со сите промени кои се случуваат.

 

Performance Management и Employee Engagement

Creative Hub: Кој модул сметате дека Ви беше најкорисен?

Билјана: Најкорисни модули ми беа Performance Management и Employee Engagement.

 

5 важни работи што ги научив на Академијата за човечки ресурси

Creative Hub: Доколку треба да издвоите, кои 5 работи би ги издвоиле како најважни, а ги научивте во текот на Академијата за човечки ресурси?

Билјана: Работи кои би ги издвоила како најважни а ги научив во текот на Академијата се:

  • регрутирање и избор на кандидати
  • кои се најефикасни методи за регрутирање, интерјвјуирање и селекција на кандидати
  • управување со перформанси, како да ги мериме перформансите на вработените како и процесите за добивање на регуларен feedback
  • комуникациски вештини; за ефикасна комуникација и решавање на конфликти
  • развивање и задржување на таленти , вклучувајќи и процеси за обука и развој
  • закони и регулативи во HR , права на работниците

 

Флексибилна програма и тим од врвни HR професионалци

Creative Hub: Дали би ја препорачале Академијата за човечки ресурси на некој што сака да ги надогради своите HR вештини?

Билјана: Академијата би ја препорачала на секој кој сака да ги надогради своите HR вештини, да се стекни со нови знаења и да ги следи новите трендови. Академијата е со флексибилна програма и ја во води тим од врвни HR професионалци.

 

Дали ти се допадна интервјуто со Билјана, но сепак не успеа да одлучиш дали Академија за човечки ресурси е вистинскиот избор за тебе?

Закажи состанок со поранешен студент и прашај сѐ што те интересира.

Creative Hub Student               Creative Hub Student

 

За повеќе информации за програмата Забрзана програма + Работа закажи разговор со Тина.

Creative Hub Student

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This