Денес разговараме со Билјана, студент на Академијата за жени лидери. Во текот на своето работење често се соочувала со препреки кои се обидувала самата да ги реши, на двочасовниот курс со Аријана сфатила дека многу работи и се познати, но несистематизирани. Таа смета дека треба да има што повеќе вакви академии и верува дека Академијата за жени лидери ќе и помогне да ја унапреди својата кариера.
Аплицирај за стипендија од 500ЕУР овде.
Сметам дека преку Aкадемијата ќе имам ментор за да можам да го надградам и систематизирам моето знаење
Creative Hub: Билјана, имате работено како програмер, а во моментов работите како проектен лидер. Што е она што Ве поттикна да се запишете на Академијата за жени лидери?
Билјана: Да, по професија сум Дипломиран инженер по Информатика на ПМФ – Скопје. Првото работно искуство ми беше како Девелопер во компјутерски фирми, за потоа да се преземе поголема одговорност околу работата и да добијам унапредување во Project Leader / Senior Developer. Во текот на моето работни искуство, постојано се соочував со препреки, за кои се обидував преку читање и учење на интернет, да наоѓам или делумно да ги решавам моменталните ситуации. Секако дека се консултирав со моите колеги и менаџери, но сакав некако јас што побрзо да дојдам до решение на настанатата ситуација. Главниот поттик да се запишам на Aкадемијата беше следењето на двочасовниот курс на Creative Hub и прекрасната презентација на Аријана. Во тие два часа увидов дека многу работи ми се познати, но некако несистематизирани и хаосни. Затоа сметам дека преку Aкадемијата ќе имам водич/ментор за да можам да го надградам и систематизирам моето знаење и да го применам соодветно во пракса.
Сметам дека треба да има што повеќе вакви Академии
Creative Hub: Оваа Академија е прва и во моментов единствена Академија на пазарот за развој на жени лидери. Кое е вашето мислење за Академијата и дали сметате дека програмата е доволно добра да ги поддржи жените во нивниот развој како лидери?
Билјана: Секоја програма поврзана со развојот на жени лидери е плус поддршка во развојот на пазарот. Сметам дека е во ред Aкадемијата и дека треба да има и понатаму што повеќе и повеќе вакви Академии. Секако дека преку знаење и стекнување на вештини и нивна примена во пракса, најбрз би бил развојот на жените како лидери.
Двочасовниот курс со Аријана ми помогна во донесувањето на конечната одлука
Creative Hub: Го посетивте и двочасовниот курс со Аријана Коскарова. Како Ви се допадна курсот и начинот на кој Аријана предава? Дали истиот Ви беше од помош за да донесете одлука?
Билјана: Да, како што спомнав погоре, го посетив двочасовниот курс за Жени лидери со Аријана Коскарова. Задоволна сум од нејзиното излагање и пренесување на знаење и можам да кажам дека многу ми помогна во донесувањето на конечната одлука за упис на Академијата за жени лидери.
Подолго време го следам успешното работење на Creative Hub
Creative Hub: Како дознавте за Creative Hub?
Билјана: Creative Hub веќе подолго време ги следам на социјалните мрежи како и нивната долгогодишна активност и успешно работење.
Академијата за жени лидери ќе ми помогне во кариерно унапредување
Creative Hub: Кои се вашите очекувања од Академијата и кои се вашите планови по завршување?
Билјана: Се надевам дека успешно ќе ја завршам Академијата за жени лидери и покрај многубројните обврски, што секако ги имаме сите во ова брзо време на живеење и ќе се стекнам со знаење и вештини многу повеќе, прво за себе и околината, а потоа и за лидерството. Тоа би ми помогнало понатаму во мојата работа и кариера во моменталното работење и секако унапредување или промена на кариера не е исклучено како опција.
Потребни ти се повеќе информации за Академијата за жени лидери?
Закажи разговор со нашиот координатор Стојанчо или пак со менторот на програмата Аријана.