За да им овозможиме на студентите покрај реални проекти и реална работа, направивме тимови со студенти од Академија за UX/UI дизајн и фронт-енд Академија. Марија и Елена работea на дизајн и кодирање на страната на новата Академија за software testing.
Во интервјуто во прилог прочитајте колку време и беше потребно на Марија за да ја издизајнира страната, за работа со фронт-енд дизајнер и дигитален маркетер, како и кои се 5те работи кои ги научи работејќи на дизајнот на страната на Академијата за software testing.
1 недела за дизајн на десктоп верзија, а 3 дена за дизајн на мобилна верзија
1. Колку време ти требаше да ја дизајнираш мобилната, а колку десктоп?
Марија: Прво нормално започнав со десктоп верзијата и за точно една недела бев готова, додека за мобилната верзија 3 дена. Мобилната верзија е секогаш побрза бидејќи готовите елементи кои ги спремаме за десктоп верзијата, само ги приспособуваш за помала верзија.
4 дена работа со фронт-енд дизајнер
2. Колку време ( во денови ) работеше со фронт-енд дизајнер?
Марија: Со фронт-енд дизајнерот работевме 4 дена, односно одкога ќе се заврши изгледот на страната започнавме со работа на елементите, ставање на сликите во една рамка (frame)…
Научив како уште на самиот почеток да им помогнам на фронт-енд дизајнерите полесно и побрзо да ги средат елементите на страната
3. Кои работи ги научи од работата со фронт-енд дизајнер?
Марија: Ова беше мој прв проект на кој работев со фронт-енд дизајнер, и можам да кажам дека успеав да научам како уште на сам почеток да им помогнам околку полесно и побрзо средување на страната во врска со елементите. Односно на кој начин се потребни елементите да се групирани, сликите да си се во рамка според димензии…
6 дена работа со дигитален маркетер
4. Колку време правеше промени со дигитален маркетер?
Марија: Одкога ја направив страната со бараните бои, елементи односно ја направив тест страната, започнавме со работа на текстот и изгледот на елементите. Сето ова траеше 6 дена, од вториот ден како што почнав со изработка на страната до самиот крај со цел да бидеме усогласени сите три страни (UX/UI дизајнерот, дигитален маркетер и фронт-енд дизајнерот)
Соработка со тим, вметнување на нови и стари елементи на страна, групирање на елементи, истражување и избор на вистински бои, фонт и слики
5. 5 работи кои ги научи
Марија: Би рекла дека се повеќе од 5, но ќе издвојам:
- На кој начин да контактирам и соработувам со целиот тим, кој е составен од луѓе од различни професии, а сето тоа да биде успешно и брзо
- Како на веќе постојачка страна да вметнам нови, но и стари елементи кои треба да се изработат на поинаков начин за да сето тоа изгледа убаво и професионално
- Како да се изработат и групираат елементите од самиот старт за да се олесни работата на сите, посебно на фрон-енд дизајнерот
- На кој дел да се посвети повеќе време во истражување, за целото искуство во користење на страната да биде пријатно и функционално
- Како да ги одбереш вистинските бои, фонт и слики за цел проект да биде успешен, но воедно и елементите да потсетуваат на темата за која е наменета страната
Прво направив истражување, па одбрав бои според добиените резултати
6. Кои бои ги користеше?
Марија: Правев истражување и според добиените резултати, јас се решив за зелено-тиркизна палета на бои, во комбинација со портокалово.
2 дена пребраување и собирање на идеи
7. Колку време ти помина во user research?
Марија: Бидејќи веќе повеќето елементи беа од предходни страни, би рекла дека 2 дена поминав во пребарување и собирање на идеи за страната. Највеќе време ми беше потребно за изгледот на модулите, кој решив да го променам за оваа страна.
Time start to the project?
Целиот процес траеше недела ипол.
За крај само би сакала да додадам дека ова искуство за мене беше ново, и морам да кажам дека тек сега веќе почнувам да учам во пракса како сето тоа се изработува и како сето ова ќе изгледа.
Ако овој блог ти се допадна, ти препорачуваме да прочиташ и за искуството на Маја и колку време и беше потребно на неа за да ја издизајнира страната на
Академијата за дата аналитика овде.
Доколку и тебе ти се допаѓа принципот на работа на UX UI Академија и Front-End Академијата на Creative Hub информирај се дали промотивната цена до 15ти август сеуште важи на 071 214 849.