Се со цел да им даадеме на нашите студенти можност не само за реални проекти туку и реална работа, овојпат одлучивме да го направиме тоа преку креирање на тимови со студенти од фронт-енд Академија. Маја и Елена се нашиот “dream team” кој работеше од идеја до реализација на веб страната на Академијата за дата аналитика.
Но нас не интересираше да пренесеме неколку техничкки работи за да пресметаме колку време им било потребно од идеја до реализација. Денес го пренесуваме интервјуто кое го направивме со Маја.
1 недела за дизајн на десктоп верзијата, а неколку дена за мобилната
1. Колку време ти требаше да ја дизајнираш мобилната, а колку десктоп?
Маја: За изработката на десктоп верзијата ми требаше повеќе време заради тоа што првичниот дизајн го изработував на неа, па потоа го прилагодував за мобилната верзија. За десктоп верзијата ми беше потребна една недела, додека за мобилната верзија само неколку дена.
Со фронт-енд дизајнерот работевме 1 недела, а од заедничката работа научив како изгледа правилно изработен прототип
2. Колку време ( во денови ) работеше со фронт-енд дизајнер? Кои работи ги научи ?
Маја: Со front-end дизјанерот работевме заедно една недела и за тоа време успеав да увидам кои работи му се потребни со цел побрзо и полесно сработување на страната, како што се на пример групирање на елементите и сликите во еден frame или правилно изработен prototyping.
Најпрво изработив иницијален дизајн па имав состанок за промени со маркетерот кој го спремаше копито
4. Колку време правеше промени со дигитален маркетер ?
Маја: Откако го изработив иницијалниот дизајн на страната, потоа во времетраење од неколку дена работев на промените со дигитален маркетер. Промените со маркетерот се изведуваа малку пред да започне со работа front-end дизјанерот, со цел да имаме усогласеност на целата страна од сите три аспекти.
5 работи кои ги научив
Маја: Од целосното искуство можам да забележам дека научив неколку работи и тоа:
Боите ги избрав при user research-от
6. Кои бои ги користеше?
Маја: При user research-от увидив дека најголем дел од боите кои асоцираат на data analytics се во палетата на сина, бела и зелена боја. Притоа се одлучив за палета од повеќе сини бои во комбинација со бело и црно.
Провери дали Early Bird цената е сеуште активна!
Време поминато во user research
Маја:За овој проект user research-от се состоеше претежно во согледување на каков тип на палети на бои и какви елементи можам да искористам кои асоцираат на data analytics. Бидејќи дел од елементите беа превземени од веќе постоечките страни за академиите на Creative Hub, овој дел ми одзема време од само неколку денови.
Time to start the project
Маја: Целиот процес од почеток до крај траеше околу 3 недели.