Моника, нашиот студент на Академијата за човечки ресурси е регрутер со 4 години работно искуство која се одлучила да се запише на Академија со цел потемелно да ги запознае содржината и елементите на човечки ресурси, кои ќе и овозможат зголемување на знаењето а воедно и применување на тоа знаење во иднина.
Академијата и помогнала да доразвие одредени вештини кои се есенцијални за ефективна комуникација и менаџмент во човечки ресурси. За менторите ќе каже дека на доста практичен, богато информативен и разбирлив начин ги споделуваат своите знаења и искуства. Академијата би ја препорачала и на оние кои веќе имаат искуство во областа, но и на оние кои се почетници и се гледаат себе си во оваа област.
Структура на програмата: 8 месеци предавања + 1 на 1 менторство + Гарантирана работа
Какво е досегашното искуство на Моника на Академијата за човечки ресурси прочитај во прилог.
Човечки ресурси како целина, опфаќа и влијае на целокупниот напредок на една организација
Creative Hub: Моника, Вие веќе 4 години работите како регрутер во странска компанија со познавање на англиски и шпански јазик. Која беше вашата цел и што е она што Ве мотивираше да се запишете на Aкадемијата за човечки ресурси?
Моника: Сметам дека регрутирањето претставува една од најбитните гранки во човечките ресурси. Меѓутоа, човечки ресурси како целина, опфаќа и влијае на целокупниот напредок на една организација и претставува значителна област во секоја фирма. Мојата цел беше потемелно запознавање со содржината и елементите на човечки ресурси, кои ќе ми овозможат зголемување на знаењето а воедно и применување на тоа знаење во иднина.
Есенцијални вештини за ефективна комуникација
Creative Hub: Земајќи предвид дека веќе работите како регрутер дали сметате дека програмата е соодветна и за надоградба на вашите HR вештини и зошто?
Моника: Академијата ми помогна да доразвијам одредени вештини кои се есенцијални за ефективна комуникација и менаџмент во човечки ресурси, да научам нови методи на работа, да запознаам нови луѓе и да разменам искуства со истите.
Секој модул нуди низа информации и битни елементи за менаџментот на човечки ресурси
Creative Hub: Кој модул сметате дека Ви беше најкорисен?
Моника: Тешко ми е да издвојам еден модул за кој сметам дека ми бил најкорисен, затоа што секој модул нуди низа информации и битни елементи за менаџментот на човечки ресурси.
Голема благодарност до сите ментори на Академијата
Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?
Моника: Прво би сакала да изразам една голема благодарност до сите ментори на Академијата, кои на доста практичен, богато информативен и разбирлив начин ги споделија своите знаења и искуства со нас. Доколку треба да издвојам, би кажала дека Анушка Ана Ратковиќ, Славица Тасева и Ана Јанкуловска се едни од тие кои ми оставија најголем впечаток.
5 важни работи кои ги научив на Академијата
Creative Hub: Доколку треба да издвоите, кои 5 работи би ги издвоиле како најважни, а ги научивте во текот на Академијата за човечки ресурси?
Моника: Многу работи научив на Академијата, а како 5 најбитни, би можела да ги издвојам:
- Стратегија и креативност во областа на човечки ресурси
- Менаџирање на времето
- Примена на нови софтвери
- Анализа и работа со податоци
- Активно тренирање и надоградување
Академијата за човечки ресурси би ја препорачала на сите кои се гледаат во оваа област
Creative Hub: Дали би ја препорачале Академијата за човечки ресурси на некој што сака да ги надогради своите HR вештини
Моника: Дефинитивно би ја препорачала Академијата на оние кои сакаат да ги надоградуваат своите HR вештини, како и на почетници, оние кои менуваат кариера и во иднина се гледаат во оваа област.
Дали ти се допадна интервјуто со Моника, но сепак не успеа да одлучиш дали Академија за човечки ресурси е вистинскиот избор за тебе?
Закажи состанок со поранешен студент и прашај сѐ што те интересира.
За повеќе информации за програмата Забрзана програма + Работа закажи разговор со Тина.