fbpx

Направивме истражување во кое вклучивме 200 поранешни студенти на HR Академија

По повод 5 години од постоењето на Creative Hub, односно од почетокот на првата група на Академијата за човечки ресурси, одлучивме да направиме анализа која се надеваме дека ќе Ви помогне на сите Вас кои размислувате дали оваа професија е Вашиот иден избор. Во ова истражување беа вклучени 200 поранешни студенти на Академијата за човечки […]
Каде работат нашите студенти по завршувањето на HR Академија?
09.13.2022

По повод 5 години од постоењето на Creative Hub, односно од почетокот на првата група на Академијата за човечки ресурси, одлучивме да направиме анализа која се надеваме дека ќе Ви помогне на сите Вас кои размислувате дали оваа професија е Вашиот иден избор.

Во ова истражување беа вклучени 200 поранешни студенти на Академијата за човечки ресурси.

Во продолжение прочитајте кои сегменти ги истражувавме и какви се резултатите од спроведеното истражување.

Сегменти кои ги анализиравме:

  • Образование
  • Дали учесниците имале претходно работно искуство во областа на човечки ресурси?
  • Доколку имале, колку години работат и во која област на човечки ресурси?
  • Која им била мотивацијата за да запишат Академија за човечки ресурси?
  • Зошто го избрале Creative Hub?
  • Колку од нив се вработиле по завршувањето на Академијата и на кои работни позиции?
  • Колку од нив не ја промениле кариерата?
  • Колку од нив започнале како HR практиканти и колку време се задржале на оваа позиција?
  • На која позиција се денес во кариерата?
  • Колку од студентите стигнале до позиција на менаџер на човечки ресурси?
  • Како Академијата им помогнала да направат транзиција во кариерата?
  • Во кои компании работат денес нашите поранешни студенти?
  • Колку од компаниите се мали и средни компании, а колку се акционерски друштва?
  • Колку од компаниите се странски претставништва, а колку се домашни компании?
  • Колку од студентите се вработиле во компанија од ИТ сферата?

Резултати од истражувањето

Првото прашање ни беше: Каков е соодносот на мажи и жени кои избрале да бидат дел од Академијата за човечки ресурси?

Што покажа дека дури 89% од поранешните студенти се жени, наспроти 11% мажи.

Сооднос на поранешни студенти на HR Академија

Графички приказ од истражување

Следното прашање: Дали имавте претходно искуство во областа на човечки ресурси пред да се запишете на Академија?

На ова прашање 84 проценти од поранешните студенти одговорија дека немале претходно искуство во областа на човечки ресурси пред да се запишат на Академија, додека 16% од нив имале претходно искуство.

Дали студентите имале претходно искуство од човечки ресурси пред да се запишат на HR Академија

Графички приказ: Дали студентите имаа претходно работно искуство во областа на човечки ресурси?

Зошто се одлучивте за Академија за Човечки ресурси?

Истражувањето покажа дека најголемиот број од поранешните студенти на HR Академијата се одлучиле за оваа Академија бидејќи сакале да ја променат својата професија. Погледнете го приказот.

Зошто ја избра HR Академија?

Приказ: Зошто студентите се одлучија за HR Академија?

Зошто се одлучивте за Creative Hub?

50% од студентите кои ја избрале нашата Академија се по препорака на студент кој веќе ја посетувал Академијата. Втор фактор е Европската диплома и американскиот SHRM сертификат. Академијата е акредитирана од Society of Human Resources Management, најголемата американска асоцијација со над 280,000 членови.

Зошто го избравте Creative Hub? HR Академија

Приказ: Зошто студетите се одлучија за Creative Hub?

Каде се вработија нашите поранешни студенти по завршувањето на HR Академија?

Каде се вработија нашите студенти по завршувањето на HR Академија?

Каде се вработија нашите студенти по завршувањето на HR Академија?

Ова е дел од истражувањето, а целосното истражување може да го прочитате на следниов линк.

Дополнително за сите оние кои што се заинтересирани за кариера во областа на човечки ресурси и сакаат да се запишат на Академија, Last Minute понудата за запишување на Академија трае уште само 2 дена односно до 15ти септември. Побрзајте и искористете го попустот од 100 евра.

За пријавување може да не контактирате на 071 214 849 или испратете ни е-маил на contact@creativehub.mk.

 

 

 

 

 

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This