fbpx

Самит “Macedonia2025” & Creative Hub

Самит “Macedonia2025” & Creative Hub Самит “Macedonia2025” (2019) 8ма година по ред e организиран од непрофитна/ не политичка организација „Macedonia 2025“ чиј примарен фокус е економски и лидерски развој, работејќи во партнерство во бизниси, владити и академски организации, се со цел создавање можности и креирање капацитети за економски раст, допринесувајќи градење на посилна нација. 2019: Самит “Macedonia2025” […]
Самит "Macedonia2025"
01.19.2021

Самит “Macedonia2025” & Creative Hub

Самит “Macedonia2025” (2019) 8ма година по ред e организиран од непрофитна/ не политичка организација „Macedonia 2025“ чиј примарен фокус е економски и лидерски развој, работејќи во партнерство во бизниси, владити и академски организации, се со цел создавање можности и креирање капацитети за економски раст, допринесувајќи градење на посилна нација.

2019: Самит “Macedonia2025”

На покана на организаторите на Самитот “Macedonia 2025” во петокот Аријана Коскарова, основач на Creative Hub и Forbes under 30 беше дел од панелот “Macedonians climbing the elite business ladders”. 

Панелот го водеше Алек Ицев (Член на Управниот Одбор на Македонија2025 и менаџер за инженерство во Google), а дискусијата беше во насока на развивање на продуктивноста, и ефикасното работење.

Покрај Аријана Коскарова, на Самит „Macedonia 2025“ учествуваа и:

Игор Поповски

  • Сопственик и основач на Црнобело.мк
  • Business Elite 40 under 40 South Eastern Europe

Жарко Димитриоски

  • Креативен Директор на „Еден на Еден “
  • Форбс 30 под 30

Нина Ангеловска

  • Министер на Финансии на Република Северна Македонија и ко-основач на Групер,
  • Форбс 30 под 30

Најдобрите претприемачи ја знаат и ценат важност на најдобриот бизнис совет. Со таа цел, на сесијата во рамките Самитот 2025 со наслов  “Македонците се искачуваат на елитните бизнис скалила” неколку македонски претприемачи ги споделија своите искуства, деловни совети, но и совети за успех во иднина. Покрај тоа, говорниците споделија неколку стратегии за лидерство и градење успешни тимови и компании од млади и успешни претприемачи

2020: Самит “Macedonia2025”

Самитот “Macedonia2025” е главен регионален собир што служи како платформа за споделување знаење, поврзување на организации и инспирација за промена во Југоисточна Европа.

За прв пат, деветото издание на самитот „Macedonia2025“ беше орджано во хибридна форма поради ситуацијата предизвикана од пандемијата Ковид-19. Главен фокус на Самитот 2025 беше светот за време и по глобалната здравствена и економска криза.

Самитот траеше 3 дена, каде што учесниците кои беа претставници на владата, академски институции, деловни субјекти, невладини организации и слично, дискутираа, разменуваа искуства, мислења и споделуваа знаења во врска со изминатата 2020 година.

Дел од учесниците на првиот дел на самитот:

  • Никица Мојсовска Блажески (CEO Macedonia2025),
  • Зоран Заев (премиер на Република Северна Македонија),
  • Виктор Мизо (член на одборот на директори на Macedonia2025).

Дел од учесниците на вториот дел од самитот се:

  • Борут Штрукељ (универзитетски професор, член на тимот за развој на вакцина против Ковид-19),
  • Ѓорѓи Војновиќ (Извршен директор на АД Триглав Осигурување Скопје),
  • Мајк Зафировски (ко-основач и член на одборот на директори на Macedonia2025).

Дел од учесниците на третиот ден од самитот се:

  • Стево Пендаровски (претседател на Република Северна Македонија),
  • Нена Манчев (менаџерка на програмите за лидерски и образовен развој во Македонија2025),
  • Невенка Димитрова & Кати Ицева (членови на одборот на директори на Macedonia2025).

Creative Hub како дел од повеќе национални и интернационални настани

Основачите на Creative Hub, Аријана и Бојан Коскарови имаат учествувано на голем дел национални и интернационални настани, како на пример:

Повеќе информации за активностите на Creative Hub можете да прочитате на нивниот Blog.

Поврзани постови

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Предизвикот на паралелно студирање: Успешната приказна на Филип Пецовски

Со цел да биде поблиску до остварување на неговата музичка кариера, Филип Пецовски одлучи да биде дел од Академијата за графички дизајн но и од Академијата за дигитален маркетинг и акаунт менаџмент. Тој го сподели неговото искуство со нас.

          Pin It on Pinterest

          Share This