fbpx

ЕУ-Сертифицирана Академија за градење на кариера во некоја од ЕУ земјите

Сара Илиева, студент на ЕУ-Сертифицирана Академија за дигитален маркетинг е млада и амбициозна девојка која откако се запишала на факултет да студира психологија сфатила дека тоа не е за неа. Размислувајќи за повеќе разни гранки заклучила дека дигитален маркетинг е вистинскиот избор на професија за неа. Причината поради која се одлучила за дигитален маркетинг е […]
ЕУ Сертифицирана Академија
03.23.2023

Сара Илиева, студент на ЕУ-Сертифицирана Академија за дигитален маркетинг е млада и амбициозна девојка која откако се запишала на факултет да студира психологија сфатила дека тоа не е за неа. Размислувајќи за повеќе разни гранки заклучила дека дигитален маркетинг е вистинскиот избор на професија за неа. Причината поради која се одлучила за дигитален маркетинг е тоа што е многу барана и платена професија, но сепак има и некоја поврзаност со психологијата, така што таа смета дека го направила вистинскиот избор кога ја донела оваа одлука.

Гледајќи ја својата иднина во некоја од ЕУ земјите Сара се одлучи за ЕУ-Сертифицирана Академија на која ќе се стекне со ЕУ признаен сертификат. Овој сертификат на Сара ќе ѝ помогне да започне да гради кариера како дигитален маркетер надвор од границите на Македонија.

⚠️ Потсетување: Новата група студенти на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат на 23.05.2023⚠️

    Аплицирај за 200€ попуст овде

200 eur popust

Во прилог прочитај го интервјуто со Сара и дознај какво е нејзиното искуство на Академијата.

Creative Hub: Кажете ни повеќе за Вашиот background, односно повеќе за Вас како индивидуа!

Сара: Прво започнав со психологија, но се одлучив дека психологијата не е за мене и сакав нешто поинтересно. Во текот на предавањата, еден предавач ми кажа дека психологијата и дигиталниот маркетинг се некако поврзани, така да не згрешив што после психологија дојдов овде. Како студент немам некое големо искуство во работење, но моментално сум дел од туристичка агенција.

Creative Hub: Зошто конкретно се одлучивте да се запишете на Академијата за дигитален маркетинг?

Сара: Дигиталниот маркетинг е всушност гранка која денес е многу барана и добро платена. Се размислував за повеќе опции, но сепак на крај се одлучив за маркетингот и сега после 5 месеци учење знам дека правилно одбрав.

Creative Hub: Пред да го изберете Creative Hub, дали направивте истражување за сите избори на академии и колку време Ви одзеде самиот процес?

Сара: Секако дека истражував, но за да се одлучам за Aкадемијата за дигитален маркетинг на Creative Hub не ми требаше многу бидејќи слушнав многу позитивни мислења и искуства.

Creative Hub: Веќе 5 месеци сте дел од Академијата, што успеавте да научите до сега, кој модул Ви е омилен?

Сара: Не можам да одвојам еден модул кој ми е омилен бидејќи секој модул си е добар сам за себе. Успеавме да научиме многу нови работи и да се надоградиме со знаење кое го имаат нашите професионални предавачи.

Creative Hub: Кој предавач Ви остави најголем впечаток и зошто?

Сара: Секој предавач успева да го предаде материјалот на некој свој начин кој е доста успешен за нас кои се трудиме да влеземе во светот на дигиталниот маркетинг.

Creative Hub: До сега работевте на 3 реални проекти. Првиот беше Мастерклас кој траеше 2 дена и на кој научивте како да пишувате блог пост, а вториот ден беше ориентиран кон користење на Ads copy Framework. Како ви се допадна практичниот дел од овој настан со менторот од Забрзаната програма, Аријана Коскарова?

Сара: Овие проекти се одлични за нас бидејќи сите предавања ги следиме онлајн и учиме теорија. Благодарение на овие проекти ние имаме и пракса каде што целата изучена теорија ја прикажуваме во пракса.

Creative Hub: Пред неколку недели организиравме и визитинг предавање со Кирил од македонскиот стартап Influeners.Club. Целта беше да разберете како се работи маркетинг за стартап. Кои работи ги научивте од ова предавање?

Сара: Една од најглавните работи е тоа што ни беше претставено како се формира и креира еден бизнис од 0 па се до големи успеси и огромни светски кариери.Кирил се потруди цел тој процес да ни го објасни и да не мотивира сите нас.

Creative Hub: На Академијата се работат 7 проекти, односно 19 на Забрзаната програма. На 9ти април ќе имаме посета во маркетинг агенцијата Њу Момент од каде доаѓа и нашиот предавач Филип Димитров. Дали сметате дека овој концепт со 7 реални проекти е добар за валдирање на знаењето?

Сара: Секако дека да, секој проект кој е формиран е формиран со таа цел, нашето знаење да се валидира а и да се зголеми.

Creative Hub: После секој час имате домашна задача, дали имате предизвици додека ги пишувате домашните?

Сара: Не, баш напротив домашните ни претставуваат сумирање на предавањето и тоа што предавачот го предавал ние пробуваме да го направиме самите.Секако ако ни е потребна помош, секој предавач е тука за да помогне.

Creative Hub: По секој модул имате финален проект, колку тоа сметате дека Ви помага да ги валидирате Вашите знаења?

Сара: Финалниот проект јас мислам дека најмногу помага во нашето знаење бидејќи се што сме учеле за време на предавањето сега се претвара во еден финален проект и со тоа всушност дознаваме колку знаење стекнавме.

Creative Hub: Дали се чуствувате спремни да работите како дигитален маркетер сега кога веќе сте на крајот од Академијата?

Сара: Секој почеток е тежок, но со помош на Академијава и за сите овие месеци учење се подготвуваме баш за тоа.

Creative Hub: Вашата група започнува и со програма за вработување, тоа значи дека по завршувањето на Академијата ќе бидете дел од обука која ќе Ве научи како да креирате професионално CV, како да се однесувате за време на интервју, итн. Исто така ќе се среќавате со ментор 2 пати месечно се додека не се вработите. Како мислите дека тоа ќе влијае врз вашето вработување?

Сара: Тоа е едно од најважните работи што оваа Академија ни ја нуди. Благодарение на тоа ние ќе бидеме спремни за да работиме во секторот за дигитален маркетинг.

Creative Hub: Со искуството што сте го имале во Creative Hub до сега, дали би ја препорачале Академијата за дигитален маркетинг на некој друг?

Сара: Секако дека да. Ја препорачувам на секој кој е заинтерсиран не само за дигитален маркетинг туку и за другите гранки кои ги нуди Creative Hub. Се стекнуваме со многу големо знаење кое денеска е најбарано на пазарот.

Creative Hub: Ја избравте ЕУ Академијата. Зошто? Дали поради фактот дека ја гледате својата идна работа во некоја од ЕУ земјите?

Сара: За почеток би сакала да останам овде во Македонија, но ќе излажам ако кажам дека идната работа си ја гледам овде. Би сакала да одам во некоја од европските земји бидејќи таму има повеќе просперитет за овој вид на професија.

Дали ја гледаш твојата иднина во некоја од ЕУ земјите работејќи како дигитален маркетер?

На Академијата за дигитален маркетинг можеш да се стекнеш со два типа на диплома:

  • ЕУ Сертификат – Студентите на ЕУ Сертифицирана и Fast-Track Академија се стекнуваат со ЕУ диплома со ЕКТС кредити.
  • CPD диплома – Студентите на Fast-Track Академија за стекнуваат со CPD диплома.

 

       Информирај се повеќе за програмата 📌

состанок

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This