fbpx

Се одржа интернационалниот хакатон со грчката маркетинг агенција

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг успешно го завршија својот прв интернационален хакатон со нашиот нов соработник – маркетинг агенцијата George Kapernaros.  Задачата за секој студент беше да креира email секвенца со цел да се зголеми процентот на повторни купувачи.  Неколку дена напорна работа, учење и повторување на материјалот предаван по предметите email marketing, Фотошоп, […]
интернационалниот хакатон со грчката маркетинг агенција
05.27.2021

Студентите од Академијата за дигитален маркетинг успешно го завршија својот прв интернационален хакатон со нашиот нов соработник – маркетинг агенцијата George Kapernaros

Задачата за секој студент беше да креира email секвенца со цел да се зголеми процентот на повторни купувачи. 

Неколку дена напорна работа, учење и повторување на материјалот предаван по предметите email marketing, Фотошоп, SEO и други создаде корисни решенија и истовремено незаборавно искуство.

Уште еднаш докажавме дека хакатоните и реалните проекти со нашите парнерски фирми ги мотивираат студентите и се вистински метод за тестирање на знаењата.

Победникот од овој хакатон ќе го откриеме за кратко а пред тоа важно ни е да ви приложиме неколку решенија и секако достоен фидбек од George.

Анита Даравелска понуди решение за проблемите со кои компанијата/клиент на George се соочува. Таа го искористи своето знаење стекнато по предметот Email Marketing и според неа приходот на компанијата ќе се зголеми ако:

  • Се поделат листите во две различни групи (постоечки купувачи и нови купувачи)
  • Различни email sequences за секоја група  
  • Дизајн за секој email поединечно
  • Подобрување на процесот на испорачување на нарачките

George се согласи дека целосната презентација е доста корисна и значително може да ја подобри состојбата на компанијата но и посочи дека:

  • Секогаш треба да се разликува поимот subscriber и customer кога станува збор за испраќање email sequences или пак пораки. 
  • CTA buttons во мејл пораките се многу важни и дека тоа е она што на корисниците треба да им го привлече вниманието.

Софија Петроска својата email маркетинг стратегија ја започна со:

  • Решенија кои ја намалуваат загриженоста на клиентите кога станува збор за производите и нивната испорака
  • Решенија за придобивање на клиентите во лојални клиенти

Таа ги креираше своите решенија благодарение на своите 

  • Klaviyo вештини придобиени од предметот Email marketing
  • 3 email пораки кои се испраќаат после купувањето на секој производ
  • Неколку предлози за останати email пораки кои значително ќе го зголемат приходот на компанијата

После презентацијата на Софија, George се пренасочи на Klaviyo и низ неколку примери тој:

  • Откри дека правилното користење на слики во мејловите можат подолго да го задржат вниманието на клиентите
  • Важно е контрастот да биде голем кога се креира email порака 
  • Поголем контент – поуспешна email кампања 

Филип Пецовски ја започна својата презентација и покажа своето знаење за дигиталните вештини со

  • Одделување на клиентите во неколку различни групи – лојални, клиенти што еднаш купиле и потенцијални клиенти
  • Целта на компанијата – зголемување на клиентите
  • Три различни пораки за секоја група 

Одлична презентација и решение кое би ја задоволила секоја компанија.

Следна?

Јована Антевска која го искористи знаењето стекнато на Академијата по предметот Email Marketing, SEO и Фотошоп. Таа:

  • Успешно го искористи Klaviyo за презентирање на своите решенија
  • Ја прикажа својата цел во нејзините мејл секвенци – подобро корисничко искуство после купување на производ кое таа планира да го добие после испраќање на секвенците
  • Прикажа и образложи три различни секвенци дизајнирани во Klaviyo и презентирани во мобилна но и во десктоп верзија
  • Фокус на целиот процес на доставување и мотивација на клиентите потебна за купување на повеќе парчиња

Klaviyo е платформа која George ја користи во својата маркетинг агенција така што неговиот фидбек беше задоволителен:

  • Одлична платформа за испраќање на различните секвенци
  • Одлична структура  

Секако тој посочи и што би додал:

  • Бренд амбасадори за истакнување на производите
  • Охрабрување за приклучување кон нивната заедница

Душан Натевски исто така го изработи својот проект во Klaviyo и го вметна своето знаење по предметот B2B Lead Generation во своите еmail секвенци. Тој

  • Успешно креираше и дизајнираше три различни пораки за клиентите кој купиле производ од компанијата
  • Правилно ги искористи сликите во своите решенија и испрати јасна порака со своите call-to-action копчиња распостранети насекаде околу своите пораки
  • Сподели copy-heavy содржина во секоја од пораките

После презентацијата на Душан од George научивме дека:

  • Copy-heavy содржина не е препорачлива за компании кои нудат модни решенија/ модни производи

Со станување дел на една од Академиите во Creative Hub освен шанса за надоградување на своето знаење ти добиваш и шанса за тестирање на истото и вработување. Работиме на реални проекти со реални клиенти кои се подготвени да ти понудат кариера како дигитален маркетер во една од областите кои ги изучуваш. Направи го вистинскиот избор и пријави се денес!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This