fbpx

Сеопфатната програма ми влеа доверба дека ќе добијам солидно образование за програмирање

Денес разговараме со Ангела Краљевска студент на Академијата за фронт-енд програмирање. Таа е девојка желна за предизвици и креативец од што произлегла и нејзината страст за технологија и иновации. За програмирањето смета дека е креативна, но и предизикувачка гранка која те поттикнува да постојано истражуваш и пронаоѓаш нови решенија. Она што пресудило да таа ја […]
Сеопфатна програма, искусни предавачи и практичен пристап ја прават Академијата одличен избор за секој што сака да започне нова кариера во светот на програмирањето - Ангела Краљевска
11.06.2023

Денес разговараме со Ангела Краљевска студент на Академијата за фронт-енд програмирање. Таа е девојка желна за предизвици и креативец од што произлегла и нејзината страст за технологија и иновации. За програмирањето смета дека е креативна, но и предизикувачка гранка која те поттикнува да постојано истражуваш и пронаоѓаш нови решенија. Она што пресудило да таа ја одбере Академијата за фронт-енд програмирање на Creative Hub било времето посветено на секој модул, а сеопфатна програма и практичниот пристап ја прават Академијата одличен избор за секој што сака да започне нова кариера во светот на програмирањето.

 

Super Early Bird цената важи до 30 ноември!

 

Какво е досегашното искуство на Ангела на Академијата за фронт-енд програмирање прочитај во прилог.

Страст за технологија и иновации

Creative Hub: Ангела, во моментов работите како Billing Specialist. Од каде желбата за изучување на фронт-енд програмирање?

Ангела: Неисцрпната желба за нови предизвици во мене, како и мојата креативност допринесоа до тоа да произлезе мојата длабока страст за технологија и иновации. Можам да кажам дека сум премногу возбудена бидејќи го истражувам ова динамично поле и ја применувам мојата посветеност во нов домен.

 

Креативна, но и предизвикувачка гранка

Creative Hub: Што е она што Ве привлече кај оваа професија?

Ангела: Бев привлечена кон програмирање бидејќи го сметам за креативна гранка, која е не ретко предизвикувачка и склона кон истражување и пронаоѓање на нови решенија. Од првичната замисла и последователно навлегувајќи во сложеноста на кодирањето, знаев дека ова е правиот избор за мене.

 

Солидно образование за програмирање и практична обука

Creative Hub: Пред да се одлучите за Академијата за фронт-енд програмирање на Creative Hub дали направивте истражување? Што беше пресудно да го одберете Creative Hub?

Ангела: Апсолутно, темелното истражување беше голем дел од целиот процес на донесување одлука. Еден од клучните фактори кој сакам да го издвојам беше времето посветено на секој модул. Creative Hub ми понуди сеопфатна програма со значителен број на часови за секој модул, што ми влеа доверба дека ќе добијам солидно образование за програмирање и практична обука.

 

Способноста на Саше да пренесе сложени концепти го прават вреден ментор

Creative Hub: Како сте задоволни од вашиот прв ментор Саше? Дали сметате дека неговиот начин на предавање е целосно насочен кон стекнување на практични вештини?

Ангела: Саше е личност која што зрачи со импресивно знаење кое несебично сака да го сподели. Неговата страст за програмирање е очигледна и тој силно го нагласува стекнувањето на практични вештини покрај теоретското знаење. Неговата посветеност на своите студенти како и способноста да пренесе сложени концепти го прават вреден ментор за секој кој сака да ги прошити своите вештини во областа на Front-end.

 

Креирање на статичка веб страна

Creative Hub: По завршување на модулите HTML, CSS и Bootstrap имавте задача да креирате стратичка веб страна каде ќе го примените стекнатото знаење по овие модули. Дали се соочивте со некаков предизвик при кодирањето на страната и како истиот го надминавте?

Ангела: Креирањето на статичка веб страна по завршувањето на модулите беше навистина пријатно искуство за мене. Најголемиот предизвик со кој се соочив беше моето внимание на детали што верувам дека е клучен аспект на програмирањето. Посветив доволно време за да се осигурам дека секој елемент е прецизно изработен. Ми беше забавно да се примени се она што го научив и со нетрпение го чекам следниот проект.

 

Сеопфатна програма, искусни предавачи и практичен пристап

Creative Hub: Дали би ја препорачале Академијата за фронт-енд програмирање на некој кој сака да направи кариерна преквалификација во фронт-енд?

Ангела: Секако дека да, би ја препорачала Академијата за фронт-енд програмирање на секој што размислува да се надогради себе си и своето знаење. Сеопфатна програма, искусни предавачи и практичен пристап ја прават Академијата одличен избор за секој што сака да започне нова кариера во светот на програмирањето.

Уписите за групата која започнува во февруари се во тек!

Аплицирај овде!

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This