fbpx

Што е златен пресек во дизајн?

Професионалците во светот на графички дизајн често дебатираат на темата што е добар дизајн. Постојат безброј форуми, објави на социјалните медиуми, па дури и in-person конверзации во кои ова па и останати прашања на темата се предмет на разговор.
Златен пресек
04.22.2021

Професионалците во светот на графички дизајн често дебатираат на темата што е добар дизајн. Постојат безброј форуми, објави на социјалните медиуми, па дури и in-person конверзации во кои ова па и останати прашања на темата се предмет на разговор.

Интересно, конкретни одговори или пак правило за овие прашања не постојат. Тоа е така бидејќи на секој човек му се допаѓаат различни работи и ги гледа истите од различна перспектива. На крајот од денот, тоа е и убавината на дизајнот – секој го интерпретира различно.

Но, постои само едно нешто кое е присутно во буквално секој добар дизајн. Тоа е конкретен, математички пристап кој им помага на дизајнерите да го постигнат графичкото визуелно совршенство по кое целат – златен пресек (the golden ratio).

Златен пресек

Златниот пресек е математички пресметана равенка која може да се најде во природата. Кога равенката е искористена при дизајнирање, креативите добиваат природен фокус и се естетски пријатни за гледање. 

На пример, равенката е искористена најпознатото уметничко дело  на Да Винчи, Мона Лиза но и во логото на Twitter и Pepsi.

Равенката изнесува посебен број кој е приближно еднаков на 1,618. Доаѓа од низата на Фибоначи, низа од броеви што природно може да се најдат насекаде, од бројот на лисјата на дрвото до обликот на полжавот.

Фибоначиевата низа на броеви е всушност збирот на двата претходни броеви кои ја даваат вредноста на наредниот број (член на низата). Низата почнува со 0 и 1.

Како се употребува златниот пресек во дизајнот

Да ја тргнеме математиката на страна и да објасниме како овој принцип помага кога станува збор за графичко дизајнирање. Ти преставуваме неколку примери кои имаат потреба од принципот и воедно истиот ги поедноставува и разубавува. 

Типографија

Доколку трагате по совршен сооднос помеѓу големината на фонтот кој го користите за наслов и оној кој го користите за останатиот текст, тоа може да го добиете со равенката на Фибеначи. На пример, големината на текстот ти е 12 пиксели, помножи ја со 19,416 и ќе добиеш големина на фонт соодветен за наслов.

Распоред на елементите во дизајнот

Ако распоредот на елементите во дизајнот се имплементирани според златниот пресек, тогаш визуелно вашето дело ќе биде попривлечно. Исто така  ќе го насочи корисникот кон работите на кои се најважни на самата креатива. 

Креирање на лого

Како што нагласивме погоре, златниот пресек може да се забелеши во неколку лого форми. На пример освен логоата на Pepsi и Twitter, пресекот е присутен и на логото на компанијата Apple. 

Дизајнерите често кога дизајнираат ново лого го искористуваат златниот пресек бидејќи благодарение на него логото кое тие ќе го креираат ќе биде идеално, без грешка. 

“Резултатот е секогаш ист кога користите golden ratio – решение кое е привлечно, едноставно и балансирано”, изјави Кази Мухамед, светски графички дизајнер.

Кратење и промена на големината на сликите

При менување формат на твоите фотографии искористи го златниот пресек за да бидеш сигурен дека фокусната точка се наоѓа во средината на спиралата.

Golden ratio и неговата примена се дел од една важна лекција која се изучува на нашата Академија за графички дизајн. Уписите се во тек, а новата група започнува на 10.05. Пријави се тука.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This