На вториот час од бесплатниот воведен курс за човечки ресурси со Аријана Коскарова, ментор на Забрзаната програма на Академијата за човечки ресурси, сите присутни научија кои се потребните вештини што треба да ги знае и поседува една личност што работи како менаџер за човечки ресурси.
Која е најважната вештина која треба да ја поседува еден менаџер на човечки ресурси?
Не постои само една вештина која треба да ја поседува. За целиот процес на регрутација да биде успешен на него му претходат повеќе чекори како employer branding, компаниска култура, couching и многу други HR процеси за да на крајот има добра стратегија која ќе го привлече посакуваниот кадар на вработени.
Менаџерот за човечки ресурси е столбот на компанијата кој ги одржува сите процеси поврзани со вработените во компанијата.
Академијата ти овозможува по завршување на истата да можеш да работиш на позиција како HR Specialist!
Кои вештини ти се потребни за да работиш на оваа позиција?
- Објавување на огласи за работа на разни веб-страници и социјални медиуми (модул Регрутација)
- Водење на целиот процес на регрутација од sourcing, скрининг, тестирање и интервјуирање на кандидати како и преговарање за компензациите (модул Регрутација)
- Користење на максимумот од LinkedIn и останатите социјални мрежи како и личното опкружување за таргетирање, привлекување и пронаѓање на пасивни кандидати односно пасивни баратели на работа (модул Регрутација)
- Анкетирање на вработените (модул Employee Engagement)
- Континуирано разгледување на полисите и процедурите и имплементирање на промените во согласност со законите (модул Правни аспекти)
- Пружање поддршка на специјалистот за тренинг (модул Training & Development)
Кога се прави onboarding?
Onboarding процесот е две недели пред да се вработи некој, на денот на вработување, две недели после вработувањето и потоа еден месец по вработувањето за да видите дали личноста комплетно се чувствува како дел од компанијата. Голем дел од луѓето додека се на почетокот се под благ стрес и затоа еден HR треба да постави систем.
Која е моќта на добро обучен менаџер за човечки ресурси?
Тој може да:
- Да ги постави вистинските процеси на регрутација
- Да постави систем на мерење на перформансите
- Да развие кариерен пат за секој сектор
- Да воведе стимулации за зголемување на перформансот
- Да воведе процес на дисциплина
- Да спроведе интерни обуки за развој на лидери
Импактот е во луѓето. Ако сакате да го подобрите вашето општество бидете вие подобри и со тоа мотивирајте некој друг да биде подобар. Тоа е најблагородната работа што можете да ја направите.
Топ 5 причини зошто да започнеш кариера во HR
- Високо платена и доста барана
- Стратешка
- Лесна за совладување
- Мала конкуренција, и висока побарувачка
- Динамична
Доколку не успеа да се приклучиш на овој курс те покануваме на вториот бесплатен курс на тема мотивација на вработените со Славица Тасева, предавач на Академијата за човечки ресурси.
Курсот ќе се одвива онлајн на 10 и 11 април од 18 до 19 часот.
За курсот регистрирај се овде 👇