fbpx

Студентите од HR Академијата изработија второ tech решение: Оцени се сам!

И второт хакатон го создадовме со една цел – подобро tech решение за сите HR специјалисти во нашата земја кога станува збор за само-евалуацијата. Александра Поповска, Елена Ефремова, Сара Нојкова, Александра Ташковска, Сања Тодосовска, Катерина Тодоровска, Вероника Маринковиќ и Ана Паунова уште еднаш ја докажаа својата професионалност и добија иновативна идеја која ќе им помогне […]
Студентите од HR Академијата изработија второ tech решение: Оцени се сам!
04.07.2021

И второт хакатон го создадовме со една цел – подобро tech решение за сите HR специјалисти во нашата земја кога станува збор за само-евалуацијата.

Александра Поповска, Елена Ефремова, Сара Нојкова, Александра Ташковска, Сања Тодосовска, Катерина Тодоровска, Вероника Маринковиќ и Ана Паунова уште еднаш ја докажаа својата професионалност и добија иновативна идеја која ќе им помогне на различни компании и нивните HR оддели.

Завршувањето на вториот HR хакатон го донесе нашето второ HR tech решение – алатката “Оцени се сам!”. Со хакатонот студентите од Академијата за човечки ресурси уште еднаш ни посочија дека тимската работа е доволна и без разлика на предизвиците секогаш вродува со плод.

Вториот практичен проект, овој пат по предметот Performance management беше фокусиран на само-евалуацијата. 

Самокритичноста е важен дел од секоја кариера и без нејзе напредокот е скоро невозможен. Нашето tech решение е креирано токму поради таа причина

“Оцени се сам!” е алатка создадена од нашите студенти со цел да му помогне на вработениот во оценката на сопствениот учинок. Таа исто така служи и за да го поттикне истата да ја направи на објективен начин. 

Решението и овој пат може да биде искористено од секој оној кој ќе посака да го мери својот перформанс и може да му помогне да ги препознае своите слаби страни и сегментите во кои треба да се подобри.

Со цел решението да биде визуализирано кон тимот се приклучи и Фросина Колевска, дипломец на UX/ UI Академијата.

Патот до уште едно успешно дигитално tech решение

Хакатонот траеше два часа. Во првиот дел студентите изложија неколку идеи и причини зошто истите би функционирале. Заедничкото решение? Алатка која е составена од неколку прашања на кои одговорите би дале конкретна бројка за знаењето на вработениот и вештините кој истиот ги поседува.

Овој хакатон беше одржан под менторство на Аријана Коскарова, која, беше достапна за консултации и им помогна на студентите успешно да ја реализираат зададената задача. 

Како и во претходниот хакатон, секое мислење беше претставено а потоа и објаснето. Формуларот кој тие го креираа се состои од два дела – прашања со задолжителен одговор и табела со обврски со задолжителни оценки.

Сите студенти составија неколку различни прашања за првиот дел од формуларот. Искористени беа неколку – клучни за мерење на перформансот на вработениот.

Искрен одговор на секое наведено прашање е чекор напред и одговор што понатаму со позицијата.

  1. Кое од вашите задолженија сметате дека ги исполнивте најдобро или дека најмногу се подобривте во извршување на истите? Што допринесе за тва?
  2. Кои задолженија сметате дека можевте подобро да ги исполните? Што влијаеше на вашиот учинок?
  3. Дали се сретнавте со одредени проблеми или препреки кои требаше да ги надминете? Објаснете.
  4. Кои обуки, тренинзи или искуство ви беа најмногу од корист во периодот на оценување?
  5. Кои специфични вештини би сакале да ги развивате до наредниот период на оценување?
  6. Кои се вашите планови за следните 1 до 3 години? Како компанијата и вашиот менаџер можат да ви помогнат во остварување на вашите цели?
  7. Што најмногу ви се допаѓа на вашата сегашна позиција? 
  8. Кои сугестии или идеи ги имате во однос на себе или на тимот/секторот во кој работите?
  9. Коментари:

После потполнување на првиот дел, следи вториот дел кои тие го креираа – табела со различни критериуми. Долунаведените критериуми се исто така потребни за детализирање на перформансот. 

Оваа табела нуди можност за три различни оценки – Немам доволно искуство/ Постои потреба за подобрување (1), Го задоволувам потребното ниво (2) и Го надминувам потребното ниво (3).

Второ дигитално tech решение

Секако, постојат случаи во кои некое од прашањата или критериумите не се соодветни за работната позција. Во тој случај  корисниците имаат можност да имплементираат знак /.

Ова е tech решение кое сите вработени би требало да го искористат пред состанокот за евалуација со својот претпоставен и истата ќе му овозможи на вработениот самиот да превземе одговорност за својата работа во изминатиот период.

Исто така, важно е да знаете дека само-оценката се однесува на последната евалуација на учиникот на вработениот. Ако лицетое вработено во меѓувреме, само-оценката се однесува од моментот на вработувањето.

При пополнување на формуларот вработенот се охрабрува да ги пополни сите полиња. Тие ни посочија и дека одговорите дадени од страна на вработениот се заштитени и увид во нив има само вработениот и неговиот менаџер.

Втор хакатон, остануваат уште 2

Ова беше втор хакатон со кој го заменуваме класичното тестирање со дигитално решение кое може да се види и да служи како пример за стекнатото знаење на студентите. 

За останатите два хакатони ќе имате можност да прочитате во текот на следните две недели.

Учење преку создавање дигитални HR решенија, наместо класичен тест

Нашиот тим може да потврди дека студентите од Академијата за човечки ресурси иако немаат технички предзнаења создадоа стратешко дигитално решение кое нуди можност за упешна самоевалуација во било која македонска компанија.

Сите алатки наскоро ќе бидат достапни на hr.mk 

Оваа алатка како и сите останати кои беа креирани за време на хакатоните набргу ќе бидат достапни на сите специјалисти за човечки ресурси во нашата земја преку порталот кој Creative Hub во моментов го подготвува – hr.mk.

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This