fbpx

Студентите од HR изработија tech решение: Браво Колега!

Исходот на секој проект е успешен кога тимот што работи на него се состои од различни индивидуи, ентузијасти кои подеднакво придонесуваат. Тимската работа понекогаш се соочува со предизвици, но заедничкиот труд и истрајност не може да не вроди со плод..
Студентите од HR изработија tech решение: Браво Колега!
03.26.2021

Исходот на секој проект е успешен кога тимот што работи на него се состои од различни индивидуи, ентузијасти кои подеднакво придонесуваат. Тимската работа понекогаш се соочува со предизвици, но заедничкиот труд и истрајност не може да не вроди со плод..

Минатата недела, нашите студенти од Академијата за човечки ресурси работеа на својот прв практичен проект по предметот Employee Engagement. Исходот на проектот беше успешен и тие за многу кратко време создадоа tech решение кое без сомнение ќе им служи на многу македонски компании и нивните HR сектори.

Александра Поповска, Елена Ефремова, Сара Нојкова, Александра Ташковска, Сања Тодосовска, Катерина Тодоровска, Вероника Маринковиќ и Ана Паунова имаа шанса да го употребат знаењето стекнато по предметот Employee engagement и да го создадат првото дигитално HR tech решение насловено “Браво Колега!” Решението ќе може да го користи секој еден кој сака да му даде признание за добра работа на својот колега.

Со цел решението да биде визуализирано кон тимот се приклучи и Фросина Колевска, дипломец на UX/ UI Академијата. Финалниот мок-ап можете да го погледнете во прилог.

 

Пријави се

Патот до едно успешно дигитално tech решение

Ментори и учесници од други Академии

HR Хакатонот траеше два часа. Креативната индивидуална мисла на секој студент донесе неколку идеи. Сите презентирани идеи создадоа едно заедничко решение – HR алатка која ќе содржи опција за испраќање на различни пофалби и пораки за колегите.

Овој хакатон беше одржан под менторство на Аријана Коскарова, која, беше достапна за консултации и им помогна на студентите успешно да ја реализираат зададената задача. 

На почетокот на хакатонот, секој студент од Академијата си го искажа своето мислење и што според него е добро кога се оформува решение за пофалба или пак убав збор. Секој учесник беше еднакво посветен и вложи огромен труд. 

Како се одвиваше Хакатонот?

Низ текот на 120те минути поминати заедно тие образложија зошто искажувањето на благодарност кон своите колеги е добро и мотивирачки и како истото може да се искаже на најдобар начин. 

HR алатката која тие ја создадоа промовира колегијалност, лојалност и почитување. Сите се согласија дека “Покажи му на твојот колега дека го цениш. Разубави го неговиот ден!” треба да биде поднаслов на алатката. Имено, таа порака одразува што е најважно и која е намената на алатката. Како опции се понудени пораки како “Браво за лојалноста!”, “Благодарам колега!”, “Честитка”

Првата опција насловена со “Браво за лојалноста!” нуди шанса за испраќање на честитка за годишнина од вработување. “Браво Колега” ќе биде бесплатна алатка која ќе можете да ја користите на страната hr.mk. Тука ќе можете да уредите template на диплома за добро завршена работа.. 

Можеби имате исполнителен, трудољубив, креативен и навистина забавен колега? Зошто тоа да не му го кажете со втората опција “Благодарам колега!”? Овој дел од веб апликацијата ќе содржи неколку различни пораки како “Тешките времиња поминуваат но, упорните тимови остануваат”, “Среќа е да се има соработник кој станува пријател”, и “Заврши навистина страшно добра работа!” кои се навистина потребни за искажување на благодарност. Ќе постои и опција за слика, meme, gif или пак нешто слично кое лицето ќе биде во можност само да ја прикачи.

Последната опција на кои студентите работеа е насловена како “Честитка”. Поминуваме голем број на минути со луѓето со кои работиме. Колегијалноста често оформува незаборавни пријателства и моменти па така тие се инспирираа да вметнат опција со која ќе може да се испрати честитка до своите колеги – роденденска, новогодишна и слично. Секако, постои готова но и DIY опција.

Прв Хакатон, остануваат уште 3

Ова беше прв Хакатон со кој го заменуваме класичното тестирање со дигитално решение кое може да се види и да служи како пример за стекнатото знаење на студентите. 

За останатите три Хакатони ќе имате можност да прочитате во текот на следните две недели.

Учење преку создавање дигитални HR решенија, наместо класичен тест

Нашиот тим може да потврди дека студентите од Академијата за човечки ресурси иако немаат технички предзнаења создадоа стратешко дигитално решение кое го решава проблемот на македонска алатка за споделување позитивни зборови помеѓу вработените. 

Сите алатки наскоро ќе бидат достапни на hr.mk 

Оваа алатка како и сите останати кои беа креирани за време на хакатоните набргу ќе бидат достапни на сите специјалисти за човечки ресурси на нашата земја преку порталот кој Creative Hub во моментов го подготвува – hr.mk.

Пријави се

Поврзани постови

          Pin It on Pinterest

          Share This